Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, го истакна водечката улога на УЈИЕ во оваа соработка, нагласувајќи ја можноста за развој на научни и иновативни проекти, промоција на академска размена и зголемување на професионалните капацитети на двете институции. Ректорката на Универзитетот во Елбасан, проф. д-р Елвира Фетаху, ја оцени значајноста на соработката и потенцијалот за размена на академски и научни искуства.
Во состав на делегацијата на УЈИЕ беа академикот Абдулменаф Беџети, проф. д-р Веланд Рамадани - проректор за Планирање, Истражување и Претприемништво, проф. д-р Беса Арифи - советничка за односи со заедницата и меѓународни односи и проф. д-р Флорије Исмаили - советничка за академско планирање и дигитализација.
Договорот опфаќа клучни точки, како организација на заеднички академски и научни активности, размена на наставен кадар и студенти, развој на заеднички истражувачки проекти и докторски програми, како и создавање можности за меѓународна соработка. Дополнително, страните се обврзуваат на почитување на интелектуалната сопственост, зачувување на доверливоста и транспарентно управување со ресурсите и инфраструктурата.
Оваа стратешка соработка ја истакнува активната улога на УЈИЕ во развојот на научни и иновативни проекти, придонесувајќи за унапредување на високото образование и академските капацитети на двете универзитети.
