Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Избран нов претседател на Студентското собрание и студентската асоцијација на УЈИЕ

Челновите на Студентското собрание и студентската асоцијација на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), на својот прв состанок со новиот состав, одржан во среда, 17. декември 2025 година, на Кампусот на УЈИЕ во Тетово, го избраа новиот претседател и потпретседател.

Со мнозинство гласови, Бесјан Реџепи беше избран за нов претседател на Студентското собрание и студентската асоцијација на УЈИЕ, додека Калтрина Битиќи беше избрана за потпретседател.

Студентското собрание на УЈИЕ има вкупно 21 член, додека претседателот се избира од редот на членовите, а во согласност со важечките правила и прописи.

Изборот на новото раководство го означува почетокот на новиот мандат на Студентското собрание и студентскта асоцијација, со фокус на застапување на интересите на студентите и зајакнување на нивната улога во академскиот и во институционалниот живот на Универзитетот.

Google+