COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Изјава за визија од претседателот на одборот

Во февруари 2020 година ја одбележуваме 20.годишнината од првите официјални состаноци што резултираа со основање на УЈИЕ во 2001 година. Оние од нас кои учествуваа на овие состаноци беа возбудени поради можноста да се изгради нешто ново и карактеристично во Македонија, при што нашата главна цел е да се понуди висококвалитетно високо образование за сите млади луѓе од регионов и да се осврне на долготрајниот проблем на пристапот до албанскитеговорници  Меѓународната заедница со текот на времето нѐ поддржа со околу 40 милиони евра од парите на своите граѓани, а УЈИЕ останува единствениот универзитет во Европа кој беше основан од комбинација на американски и европски фондови. Почитувајќи ги овие донации, ни помагаа пријатели и колеги од низа универзитети на регионално и на меѓународно ниво, од Европа и од САД. Возбудата и новитетите на тие рани години доведоа до прогресивен развој на институција која сега се истакнува  од другиот  високообразовен систем на Република Северна Македонија во своите заложби за мултиетничкото, повеќејазичното образование и за високиот квалитет. Бидејќи ние сме Универзитет со меѓународна перспектива, потпомогнати со меѓународно членство во управниот одбор, значи дека целосно сме имуни на политички влијанија, што е клучно прашање за нас, ги одржуваме највисоките етички стандарди и работиме на целосно транспарентен начин.

По речиси 20 години работа, нашата визија сега е да ги надградуваме и да ги подобруваме нашите услуги со обновена посветеност на квалитетот, вклучително и да се осигуриме дека студентите се подготвени на најдобар можен начин, преку стекнување знаења и вештини, за светот на работа на локално и на меѓународно ниво. Особено сакаме нашите дипломци да бидат компетентни на оние јазици потребни за ефикасно комуницирање на сите нивоа од бизнисот, трговијата и владата и на меѓународните јазици, особено на англискиот јазик. Тие треба да бидат сигурни и компетентни во ефикасното користење на новите технологии и да се едуцираат во институција која сериозно ги сфаќа своите одговорности кон животната средина. Ние сакаме нашите дипломци да бидат самоуверени граѓани кои ќе имаат големо влијание, како што веќе тоа  ни  го покажаа нашите поранешни студенти, за добро  управување и за солиден економски развој во регионов. Без сомнение, сите родители го сакаат ова за своите деца.

На практично ниво, ние признаваме дека запишувањето во институција која не е целосно поддржана од државата носи дополнителен трошок. Ние не остваруваме приватен профит, така што сите наши приходи се посветени на одржување и подобрување на квалитетот на нашите дипломи. Нема инвеститори или акционери, а сè што правиме целосно е ревидирано според меѓународните стандарди и транспарентно. Се обидуваме да помогнеме со шема за стипендии, со помош на донации од Владата и со систем на плаќања што го намалува товарот на родителите и семејствата. Веруваме дека вреди да се инвестира во вашата иднина. Секој е добредојден да аплицира за да биде дел од нашава заедница.

Претседател на Одборот на Универзитетот

15. март 2019 год. 

Google+