Вести и настани
„Потребна е храброст да го кажете своето мислење; но храброст е потребна и за да го слушнете туѓото“–Винстон Черчил
Центарот за културна интеракцијаи дијалог организира еднодневна работилница на тема „Влијанието на културата и интеркултурализмот врз образовниот процес“. Работилницата ќе се одржи на 26 април 2013,14:00-18:00часот, во салата за предавања,ЈИЕУ зграда на Центарот за бизнисво Тетово.
На работилницата ќе се дискутира за предизвиците и можностите за меѓукултурен дијалог во државниот јавниот образовен систем. Следниве теми ќе бидат предмет на анализа и дискусија:
- Мултикултурната реалност во Македонија;
- Принципи на праведност во наставниот процес и учењето;
- Потребата од јавни училишта за промовирање меѓукултурен дијалог;
- Ползата од предавање за културолошките разлики во училницата и нивната улога во зголемувањето на критичкото мислење и на комуникациските вештини.
ЦКИД ги поканува сите професори од средните училишта кои предаваат предмети како што се: англиски, германски и француски јазик, социологија, филозофија и психологија да присуствуваат на оваа работилница. Центарот ќе обезбеди ручек и пијалоци, како и сертификати за завршување за сите учесници.
Ве молиме потврдете го вашето присуство до 15 април 2013, на следниве електронски адреси: a.poshka@seeu.edu.mk, l.ziberi@seeu.edu.mk