Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Центарот за културна интерактивност и дијалог (ЦКИД)

Центарот за културна интерактивност и дијалог (ЦКИД) е иницијатива на Факултетот за јазици, култури и комуникација (ЈКК) на Универзитетот на Југоисточна Европа и е предводен од професори од сферата на јазиците и комуникациите. Целта на Центарот е да им пристапи на културната интеракција и на дијалогот на две нивоа: преку академска анализа и дебата и преку едукативни проекти и меѓукултурни активности.

Од академска страна, Центарот има за цел да ги олесни врските меѓу припадниците на различните културни, на религиозните и на јазичните заедници во Македонија, поттикнувајќи академска дебата и дискусија за важни прашања кои се однесуваат на меѓукултурниот соживот. Центарот има за цел да поттикне истражувачки проекти за соработка во областа на меѓукултурното разбирање и на меѓукултурната соработка, како и промовирање такви истражувања преку разни публикации.

Во делот на проектите и активностите, Центарот има за цел да развие програми за унапредување на заедницата со цел да им помогне на образовните институции во Македонија и на други важни организации во иницирањето отворен дијалог за клучни меѓукултурни прашања во земјава. Таквите програми ќе имаат за цел да ги намалат културните тензии и разлики и да поттикнат индивидуален развој. Истовемено, тие ќе придонесат и за дијалог меѓу различните културни групи во рамките на институциите, во земјава и во регионов. 

Google+