Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Активности

„Недостатокот на мир укажува на тоа дека сме заборавиле дека припаѓаме едни на други“– Мајка Тереза

Центарот за културна интеракција и дијалог (ЦКИД) во соработка со Универзитетот на ЈИЕ и со Канцеларијата на УНЕСКО во Венеција ги поддржа следниве активности во академската 2011-2012 година:

а. На 11-12 ноември2011, ЦКИД организира дводневен семинар за универзитетски професори по педагогија и методикаод сите универзитети во земјава според моделот на Меѓународниот семинар на обучување наставници „Успешност во обучувањето на наставници за мултикултурните средини“, кој се одржа од 6до 9 октомври 2011 воCEPES (Европски центар за високо образование) во Букурешт, Романија. На семинарот присуствуваше и претставник од наставниот кадар на ЈИЕУ, д-р Агим Пошка. Овој семинар беше фокусиран на високото образование и на обучувањето на идни наставници  со цел да ги подготви во иднина да ги вклучат овие теми во училница.

На работилницата на ЦКИД - ЈИЕУ присуствуваа голем број универзитетски професори по методологија од сите поголеми јавни и приватни универзитети во Македонија. Учесниците беа избрани како претставници на сите поголеми етнички и религиозни групи во земјава, како и од различни региони, како што се источна и западна Македонија. Следува краток список со имињата на универзитетите и со бројот на учесници:

1.     Универзитет „Климент Охридски“, Битола (9 учесници)

2.     Универзитет „Гоце Делчев“, Штип (12 учесници)

3.     Универзитет на Југоисточна Европа(8 учесници)

4.     Универзитет на Тетово(15 учесници)

5.     ФОН(3 учесници)

6.     Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ (4 учесници)

б. На 4 мај 2012, ЦКИД организираше тркалезна маса на тема: „Улогата на религијата и нејзината мудрост во промовирањето на мултикултурната толеранција“.

Панелот на учесници вклучуваше: претставник на Македонската православна црква, свештеник Игор Калпаковски, поглаварот на бекташиската заедница на Македонија, Деде Едмонд Брахимај, заменик-претседателот на Државната комисија за односи со верските заедници и групи, Антон Серечи, раководителот на проектот на УНЕСКО во канцеларијата во Скопје, г-ѓа Зојка Наскова, проректорот на ЈИЕУ и заменик претседателот за академски прашања, д-р Пол Фостер.

Следниве теми беа предмет на дискусија:

1.     Улогата на хуманистичките вредности на религиите за општеството: интеркултурни и интракултурни аспекти.

2.     Врската меѓу религиските вредности и меѓународните човекови права и промоцијата на интеркултурен дијалог во Македонија. 

3.     Позитивни практики и примери на религиско и меѓуетничко разбирање на Балканот во 20. век.

в. На 13 март 2012, ЦКИД организираше работилница на тема: „Улогата на директорите на училиштата во промовирање на мултикултурна толеранција“. На работилницата учествуваа 15 директори од најголемите јавни училишта во Македонија. Директорите на средните училишта дискутираа за прашањата поврзани со предизвиците и со можностите за интеркултурен дијалог во јавниот образовен систем во Македонија.

    Предмет на дискусија беа следниве четири главни теми:

o   Мултикултурната реалност на јавните училишта во Македонија;

o   Принципи на праведност во процесот на предавање и учење;

o   Потребите на јавните училишта од промоција на меѓукултурниот дијалог;

o   Можни идни проекти и соработка.

г. ЦКИД промовираше проекти преку неколку механизми и методи со цел да ја зголеми свеста на јавноста за важноста на овие прашања.

i.                 Оствари врски со медиумите и им понуди информации за проектот и за очекуваните резултати.

ii.               Ги промовира настаните и нивните резултати на Facebook, Twitter, веб-страницата на ЈИЕУ како договарач и веб-страницата на националната комисија за УНЕСКО веб страницата.

Медиумска покриеност

Сите три настана организирани од Центарот за културна интеракција и дијалог во 2011-2012 беа покриени од повеќето поголеми локални и национални
ТВ-станици во Македонија. Подолу следат линкови за медиумското покривање на настаните организирани од ЦКИД:

ЈИЕУ веб-страница- SEEU Hosts Panel for Inter-Religious Dialogue supported by UNESCO

http://www.seeu.edu.mk/en/information/news-events?id=654

АЛСАТ-M - Liderët fetarë kërkojnë dialog

http://alsat-m.tv/lajme/vendi/120844.html

MИA - Дебата „Улогата на верските лидери во промовирањето на меѓукултурниот дијалог во Македонија“ на Универзитетот на Југоисточна Европа

http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=7&vId=92119225&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%A0%D0%95%D0%9B%D0%98%D0%93%D0%98%D0%98

УНЕСКО- Le rôle des directeurs d'école dans la promotion du dialogue intercultural

http://www.unesco.org/new/fr/unesco/events/all-events/?tx_browser_pi1[showUid]=6550&cHash=975733d53c

УНЕСКО - The Role of School Principals in Promoting Intercultural Dialogue http://www.unesco.org/new/en/venice/about-this-office/calendar-of-events/?tx_browser_pi1[showUid]=6550&cHash=975733d53c

КИСС ТВ-  4.5.2012 - Директоритена основнитеи средни училишта од Македонија денес,на Штуловиот универзитет во Тетово,дискутирааза начините на промиварање на интеркултурниот дијалог меѓу учениците и вработените

http://kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=15197

Google+