Најнови информации
-
Се одржа Отворен ден на Универзитетот на Југоисточна Европа
16 април 2013Средношколци, родители, професори и други заинтересирани во сабота (13 април 2013 год.) во рамките на манифестацијата „Отворен ден “ имаа можност да се запознаат со студиските програми кои ги нуди Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) за академската 2013/2014 година, и придружната инфраструктура која Универзитетот ја поседува со цел да понуди стандардизирани меѓународни студии.
-
-
Продеканот на Правниот факултет учествуваше во одбраната на пројектните задачи на матурантите од тетовската гимназија
10 април 2013Продеканот на Правниот факултет учествуваше во одбраната на пројектните задачи на матурантите од тетовската гимназија
-
Во УЈИЕ одбележан меѓународниот ден на Ромите
10 април 2013Во УЈИЕ одбележан меѓународниот ден на Ромите
-
-
Во УЈИЕ ќе се одржи обука за решавање на конфликтите и социјалната хармонија во Западен Балкан
25 март 2013Од 26-28 март2013 година, во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, експерти од Универзитетот Колумбија од Њуjорк, ќе ги обучуваат професорите од Западен Балкан(Македонија, Албанија и Косово), во рамките на програмата за „Решавање на конфликтите и социјалната хармонија“ да ги подготват да го предаваат овој предмет во нивните матични универзитети.
-
Претседателот на Одборот на УЈИЕ, Денис Фарингтон во посета на Молдавија за реформите во образованието
23 март 2013Претседателот на Одборот на УЈИЕ, Денис Фарингтон во својство на експерт реализираше посета во Молдавија и се сретна со претставници на Министерството за образование на Молдавија.
-
Тимот во футсал на УЈИЕ учествуваше во меѓународниот шампионат во Косово
14 март 2013Под покровителство на Владата на Р. Македонија и во организација на фудбласката федерација на Косово на 03.04 и 05 март 2013 година се одржа меѓународниот натпревар во футсал „Купот Адем Јашари“ на кој учествуваа репрезентации од Косово, вториот пласиран тим од Чешката Република „Бенаго“, тимот од Хрватска „Порто“ и тимот на УЈИЕ „Универзитет на ЈИЕ“.
-
Јазичниот центар ги пречека и ги награди победниците на Националниот натпревар во пишување есеи на англиски
12 март 2013На 8 Март, Јазичниот центар беше домаќин на победниците на Националниот натпревар во пишување есеи на англиски, кои пристигнаа заедно со нивните родители и професори по англиски јазик. Овој натпревар беше организиран во соработка со Мировниот корпус и Асоцијацијата на професори по англиски јазик во Македонија (ЕЛТАМ).
-
Центарот за кариера од УЈИЕ организира програми за обука во девет средни училишта во Тетово и во Гостивар
11 март 2013Центарот за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово организираше обука за пишување на CV и интервју техники со средношколците од Тетово и од Гостивар.
-
Денот на наставниците и Денот на првата албанска школа се одбележаа на УЈИЕ
8 март 2013Во четврток (7 март 2013), Денот на албанските наставници – 7. март се одбележа на Универзитетот на Југоисточна Европа, во организација на Факултетот за јазици, култури и комуникација – Катедрата по албански јазик
-
Семинар: САД од перспектива на Југоисточна Европа
8 март 2013На 28ми февруари, Асоцијацијата за американски студии на Југоисточна Европа организираше семинар насловен „САД од перспектива на Југоисточна Европа“.
-
Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и Институтот за јавно здарвје во РМ
7 март 2013Во среда (6 март 2013) Институтот за јавно здравје на РМ и Универзитетот на Југоисточна Европа потпишаа меморандум за соработка во Тетово, за уредување на меѓусебните односи во вршењето на високообразовната, научноистражувачката и здравствената дејност и за уредување на работниот однос на наставниците и соработниците .
-
УЈИЕ победник на шестиот универзитетски натпревар во скијање
5 март 2013Второ место на натпреварот освои Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) додека трето Универзитетот св. Кирил и Методија. Во категоријата на индивидуално скијање-мажи , победник беше Гентијан Куртиши а на второ место беше Бесар Иљази и трето Мартин Мартиновски. Во категоријата на индивидуално скијање-жени победник беше Ивана Ивчевска додека на второ место Ивана Ивановска и трето Адриана Бајрами.
-
Советот на Општина Сарај го ослободи Универзитетот од плаќање на комунални такси на општината за изградба на Кампус
28 февруари 2013Проширувањето на Кампусот на Универзитетот во Скопје се реализираше во септември 2008 година со упис на студенти според очекувањата на УЈИЕ за програмите во првиот и во вториот циклус на студии. Ова е резултат на разноликоста на студиските програми со настава на албански и на македонски јазик но исто така и на студиските програми на англиски јазик кои беа подготвени од меѓународни експерти во согласност со барањата на пазарот на трудот.
-
Студентите по меѓународни комуникации учат од искуствата на американската амбасадорка Констанца А.Морела
27 февруари 2013Познатата американска амбасадорка и поранешен член на Американскиот Конгрес Констанца А.Морела во вторник (26 февруари 2013) престојуваше во кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Притоа, таа одржа предавање пред студентите од студиската програма Меѓународни комуникации на Факултетот за јазици, култури и комуникација на УЈИЕ.
-
Турскиот член на парламент, Лутфу Туркан го посети УЈИЕ
26 февруари 2013Во вторник (26.02.2013), турскиот член на парламент го посети УЈИЕ и оствари средба со менаџментот на Универзитетот.
-
Се доделија сертификати за претприемништво и локален економски развој за 22административци од Општина Тетово и Гостивар
21 февруари 2013Преку програмата за обука во Претприемништво и локален економски развој 22 претставници од општинската администрација од Општина Тетово и Општина Гостивар се здобија со сертификати за успешно завршување на обуката.
-
Презентација на студиските програми интегрирани со пракса во Стопанската Комора на Северозападна Македонија
19 февруари 2013Во понеделник (18 февруари 2013) во просториите на Стопанската Комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) делегацијата на УЈИЕ предводена од ректорот проф.д-р Замир Дика оствари средба со членовите на СКСЗМ ( Извршниот комитет и Надзорниот комитет).
-
Ректорот на УЈИЕ проф.д-р Замир Дика во посета на ректорот на Универзитетот во Приштина, проф. д-р Ибрахим Гаши
18 февруари 2013Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово, проф.д-р Замир Дика, придружуван од проректорот, проф.д-р Блерим Река и советникот за ПР г. Демуш Бајрами во пријатна атмосфера во Приштина беа пречекани од рекророт на Универзитетот во Приштина „Хасан Приштина“, проф.д-р Ибрахим Гаши, придружуван од заменик-ректорот на Универзитетот проф.д-р Линдита Тахири.