Се работи за „Меморандум за разбирање за воспоставување старатегиска соработка и партнерство помеѓу Општина Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа“ и Договор за соработка меѓу Општина Тетово и Институтот за животна средина и здравје на УЈИЕ со цел реализација на проектот „ Климатски Акционен План за градот Тетово“.
„Ние ќе ги координираме нашите активности со цел да ги поддржиме иницијативите и проектите за доброто на сите граѓани, општината и нашиот Универзитет. Со овој чин ние ја истакнуваме нашата подготвеност да ја обезбедиме експертизата која ја имаме на Универзитетот на Југоисточна Европа, рече ректорот Дика. Исто така, според него во овој случај и двете страни потпишаа конкретен договор.
„Преку овие договори ние ја формализираме нашата соработка и наидовме на поддршка од ректорот за сите наши проекти во интерес на нашите граѓани и на општината“,рече градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи.
Реализацијата на договорот се планира во неколку фази , во кои Универзитетот на ЈИЕ ќе има клучна улога во обезбедувањето експертиза особено во развојот на Климатскиот Акционен План за Тетово со кое се предвидува намалување на стакленичките гасови и трансформирање на Тетово во еколошки град.