Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Помошникот генерален секретар на НАТО, Колинда Грабар-Китаровиќ, одржа предавање на УЈИЕ

„Улогата на НАТО во новиот свет“ беше темата на предавањето кое го одржа помошник генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Колинда Грабар Китаровиќ, на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово во четвртокот (19.9.2013).

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф.д-р Замир Дика, рече дека сме почестени што г-ѓа Колинда Грабар-Китаровиќ го посети нашиот Универзитет.

„Ние како Универзитет придонесовме за идејата за евроатлантската интеграција и свесни сме за важноста од поддршката на членството на Македонија во овие процеси“, рече меѓу другото ректорот Дика.

„Ми претставува задоволство што денес сум на Универзитетот на Југоисточна Европа и се сретнувам со млади бистри граѓани кои ќе помогнат на вашата држава да ги надмине предизвиците со кои се соочувате на патот кон економскиот просперитет и општествениот напредок“, рече пред студентите г-ѓа Колинда Грабар-Китаровиќ. Таа исто така истакна дека „за Западниот Балкан евроатлантските интеграции се клучот за стабилните и демократските општества.“

Министерот за одбрана на Република Македонија, г. Талат Џафери, зборуваше за состанокот со г-ѓа Колинда Грабар Китаровиќ, истакнувајќи ја подготвеноста Македонија да биде полноправна членка на НАТО.

Советникот на ректорот Демуш Бајрами го цитираше претседателот на САД: „НАТО е вистински центар за партнерствата за безбедност и нема ниту една ваква институција во светот.“

По предавањето студентите и кадарот на Универзитетот имаа можност да постават прашања во однос на темата и севкупните евроатлантски перспективи на регионов.

Google+