Во светот постојат различни институции кои вршат рангирање на универзитетите базирани на различни критериуми.
На последното рангирање на универзитетите од Универзитетот на Шангај , УЈИЕ е рангиран на второто место меѓу 17 универзитети во Македонија. Рангирањето на универзитетите според Универзитетот во Шангај, тековно е најверодостојно меѓународно рангирање.
Во последно време зголемен е бројот на различни портали или организации кои вршат рангирање на универзитетите според посетеност ан нивните веб-страници. Има две посериозни организации кои вршат рангирање: Webmetrics и 4Меѓународни колеџи и универзитети (http://www.4icu.org/mk/). Овие организации имаат свои веб-страници на кои ги објавуваат листите за рангирање на универзитетите според посетеноста на нивните веб-страници.
„ Има неколку институти и институции кои користат одредени методологии според кои се прават рангирањата на универзитетите односно нивните веб-страници , базирајќи се пред се на посетеноста , препораките за веб-страницата од други веб-страници и научните истражувања“ кажа меѓу другото советникот на ректорот на УЈИЕ, Демуш Бајрами.
