„Денес ние сме собрани тука да му оддадеме почит на колегата и многу почитуваниот пријател. Тој беше модел на работник сакан и почитуван меѓу сите колеги,“ рече во неговиот говор ректорот, проф. д-р Замир Дика.
Невзат Бејтули-Кица (братот на Нуриман), рече дека голема е болката за смртта на Нуро, но тој е горд што неговиот брат бил почитуван од многу луѓе. Тој се заблагодари на УЈИЕ за дадената поддршка во текот на целиот период а особено во борбата со болеста.
На комеморативната седница многу колеги и блиски роднини на Нуриман евоцираа спомени.
