Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Благодарност до Џорџ Пападополус

Џорџ Пападополус кој почина на возраст од 87 години, беше заменик-претседател на меѓународната фондација на УЈИЕ од основањето во 2000 година.

Тој беше еден од основачите на Универзитетот и даде огромен придонес за напорите кои ги вложи Макс ван дер Штул да ги убеди владите и меѓународните организации да го поддржат проектот УЈИЕ. Донаторите можат да бидат уверени дека како поранешен виш службеник на ОБСЕ за образование, заедно со други водечки експерти во високото образование, како Јан де Груф, Роберт Канеиро и Ролф Дубс, осигурија академска изводливост на предлозите и контролирање на ентузијазамот со реалноста.

Џорџ беше виш член на различни мисии на Советот на Европа во рамките на програмата за реформи во легислативата предводени од Питер Фишер-Апелт кои започнаа во Бугарија во 1992, а на кои и јас се придружив во втората мисија во Албанија во 1994 година. Питер, Џорџ и јас заедно со членот на секретаријатот на Советот се сретнавме со членовите од малата посветена група од Министерството кои работеа на реформите на високото образование во Албанија. Работењето со луѓе со таква експертиза и заложба не беше само искуство за мене, туку Џорџ ме инспирираше и активно да учествувам во програмата која раководеше со поважните работи.

Џорџ беше искрен човек кој никогаш не се плашеше да го изрази своето мислење, додека внимателно ги слушаше мислењата на другите со кои не се согласуваше. Откако и двајцата се вклучивме во проектот „Штулчестопати патувавме прво во Скопје, а потоа и во Тетово за меѓусебни дискусии и за дискусии со Владата и со политичките лидери, меѓу кои и со нашиот сегашен ректор. Во една прилика целата Меѓународната фондација и нејзиниот секретаријат полета од Цирих преку Загреб до Охрид со стариот турбопропелер. Постојат неколку интересни анегдоти за тоа патување, но она на што се сеќавам прво беше како Џорџ седна на првото седиште напред со пилотите и тие ни даваа коментари за близината на планините кои речиси ги допираме во текот на патувањето. Подарок за нервозните летачи! Во една друга прилика, која е дел од фолклорот на УЈИЕ, Џорџ, кој имаше личен интерес за развојот на предлозите за Педагошкиот факултет, подоцна ЈКК, беше во преден план на неговите ставови на типичен наметлив начин што секогаш поттикнуваше дискусии. Во критичниот момент, една од постарите флуоросцентни ламби експлодира во собата во старото седиште во Тетово. И, се разбира, со поддршка од ваков вид, Џорџ го доби тоа што го сакаше.

УЈИЕ денес му должи многу на Џорџ Пападополус. Тој беше многу интелигентен, образуван човек кој зборуваше за своето детство во неподелениот Кипар со очигледна наклонетост. Тој многу години служеше на ОСЦЕ. Неговата работа при усогласувањето на поранешните високообразовните системи на комунистичките и социјалистичките земји во најновите трендови е неспоредлива. Без неговиот придонес сигурен сум дека УЈИЕ немаше да биде толку успешен како што е денес. Ние жалиме за неговото заминување, но ги славиме неговиот живот и неговата заложба.

Денис Фарингтон

Претседател на Одборот

Јуни 2013

Google+