Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Промоција на книгата „Во втората деценија ...“ на академик Абдулменаф Беџети

„Во втората деценија - трендови и варијации на научна економска мисла", е насловот на новата книга на академик Абдулменаф Беџети, која беше промовирана во петокот (27 септември 2013), на Универзитетот на Југоисточна Европа.

„Чест ми е и задоволство што на нашиов универзитет се промовира уште една книга и уште еден потфат на мојот колега и пријател академик Абдулменаф Беџети“, рече во својот говор ректорот на Универзитетот на ЈИЕ, проф. д-р Замир Дика. За книгата говореа академик Алајдин Абази, проф. д-р Арбен Малај, проф. д-р Стефан Ќирици, деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Неџби Весели, и претседателот на Албанскиот совет за надворешни односи, Агим Нешо.

Академик Абдулменаф Беџети истакна дека основната идеја е оваа книга да им служи не само на економските експерти, туку и на идните студенти на магистерски и докторски студии, затоа што тука се отвораат многу прашања кои треба да се потврдат.

Google+