Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа проф.д-р Замир Дика оствари средба со градоначалникот на Прешево Рагми Мустафа

Во петок (13 септември 2013), ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа проф. д-р Замир Дика и неговиот советник Демуш Бајрами беа во посета на Општина Прешево. Делегацијата оствари средба со градоначалникот на Прешево г. Рагми Мустафа и неговите соработници.

„ Би сакал да изразам особено задоволство за денешната средба со градоначалникот г. Рагми Мустафа, ние сме благодарни на г.Мустафа кој од самото основање на Универзитетот го поддржуваше овој нов модел на универзитет не само во Македонија туку и во регионов“ рече ректорот Дика. Според него, состанокот беше знак на благодарност за неговиот придонес за зајакнување на овие односи.

Градоначалникот на Прешево, г. Рагми Мустафа изрази задоволство на состанокот со ректорот Дика, истакнувајќи го фактот дека студентите од Прешево се интегрирани на Универзитетот од самиот почеток.

„ Во текот на денешниот состанок ние имавме можност да ги презентираме новите иницијативи за соработка на албанската полиција во долината на Прешево и Универзитетот на Југоисточна Европа“,рече градоначалникот на Прешево г. Рагми Мустафа.

Градоначалникот Рагми Мустафа како знак на почит и благодарност му врачи на ректорот проф.д-р Дика симболот на Општина Прешево.

Google+