Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Дика на меѓународна конференција за економија на образованието во Косово

Ректорот Дика на меѓународна конференција за економија на образованието во Косово

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика на покана на организаторите учествуваше на меѓународна конференција за економија на образованието во Косово: „Придвижи се Образование за економски развој “, која се одржа на 17-18 септември 2013 год. во Приштина. На конференцијата учествуваа претставници на Владата на Република Косово, Македонија и земјите од регионов, лидери на јавни и приватни образовни институции, граѓанско општество, образовни експерти од различни држави од светот и др.

На оваа дводневна конференција организирана од Министерството за образование и наука на Република Косово во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка се презентираа различни погледи за иднината на образованието и одржливиот економски развој. Министерот за образование наука и технологија на Република Косово, Рам Буја рече дека оваа конференција е уникатен настан и е многу важен за образовниот систем на Косово и се организира за прв пат во регионов.

Германскиот амбасадор во Приштина, Питер Блумејер истакна дека квалитетот на образованието е клучот за економскиот развој и раст, а образованието на идните генерации значи инвестирање.

Google+