Во рамките на програмата за обука и развој на кадарот од 19 до 22 август вработените престојуваа во Струга, каде што се одржаа обуки во различни области. Обучувачите беа познати експерти од земјава и од странство.
Во неговата презентација , ректорот на УЈИЕ проф.д-р Замир Дика ја истакна важноста од квалитетот и потребата за подготовка на кадарот во согласност со најновите технолошки развои. Нашиов Универзитет е единствената високообразовна институција во регионов која дава важност на обуката и на развојот на академскиот и на административниот кадар во согласност со најновите технолошки комуникациските развои.
На обуката беа присутни и меѓународни експерти. „Профил на современ универзитетски професор“ беше темата на обуката која ја одржа директорот на германската национална библиотека по економија и професор на Универзитетот во Киел.
Во рамките на програмата за обука на администрацијата се одржаа неколку работилници за протокол, најдобри практики базирани на етички принципи на интерната комуникација и ефективно менаџирање на задачите, флексибилна работа и решавање проблеми.
Во рамките на обуката на академскиот кадар темите кои беа третирани вклучуваа:постојано оценување, методологии и мониторинг од перспектива на студентите и на кадарот , оценување на активностите за учење – дискусија на методологиите и примена на резултатите од учењето, ефективност на процедурите на универзитетот во однос на академските работи на студентите итн.
Ова е трета година по ред како Универзитетот на Југоисточна Европа организира заедничка обука за целиот кадар надвор од Кампусот на Универзитетот.
