Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Објектот „МОСТ“ во старата чаршија се пренаменува во објект на Универзитетот на Југоисточна Европа

Објектот „МОСТ“ како симбол на Старата чаршија во Скопје , кој што ги спојува двете општини Центар и Чаир, денес официјално започна да се приспособува во објект на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) .

Оваа инвестиција која ќе достигне до 600 000 евра се планира да се реализира во период од два месеци со што овој објект ќе се претвори во модерна и урбана образовна средина во Скопје. На церемонијата беа присутни градоначалниците на Општина Центар и Општина Сарај, Андреј Жерновски и Иџет Меџити и професори и студенти од УЈИЕ.

„ Оваа иницијатива и овој настан организиран токму денес содржи и својствена симболика. Првата е денешниот ден, 4ти јули, Денот на независноста на САД, државата која е една од основачите и поддржувачите на овој Универзитет. Држава која го има најквалитетното високо образование во светот и која е промотор на квалитетно високо образование во светот, интегрирано со потребите на пазарот на трудот и го претставува системот каде што науката и иновацијата достигнуваат ниво на симбиоза и хармонија. УЈИЕ е еден од ретките европски универзитети кој што нуди повеќејазична настава во мултикултурна средина. Ова е додадена вредност за нашите студенти која што им помага да бидат полесно вклучени на работното место каде што овие карактеристики се многу важни за деловната заедница и за општеството во денешното глобално село.“ рече ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика.

Google+