Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Проф. д-р Замир Дика успешно ја заврши програмата за извршен раководител на Харвард Универзитетот

- За извршни претставници на различни институции од 23 земји кои биле дел од оваа програма, се понудило одлична можност одблиску да ги анализираат современите модели на финансискиот менаџмент, со користење на најнапредни техники на финансиски анализи врз основа на студии на случаи, изјави по враќањето од Харвард (САД), ректорот на УЈИЕ, Проф. д-р Замир Дика.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), Проф. д-р Замир Дика, пред неколку дена успешно ја заврши Извршната програма на Харвард Универзитетот (САД во Харвард бизнис школата (Harvard Business School, која што во сите рангирања е прва во светот), во областа на „Финансии за извршен раководител“. Во оваа програма, која што е дизајнирана за лидери на релевантни институции со цел на истражување на стратегии за инситуционален развој основани на најсовремените финансиски податоци и модели, предавале најеминентните професори на оваа школа од Харвард. За изршните претставници на различни институции од 23 земји кои биле дел од оваа програма, понудено е една одлична можност за анализирање на најсовремените модели на финансиски менаџмент, користејќи ги најнапредните техники на финансиски анализи основани на студии на случаи.

„Ова беше уникатно искуство на спојување на пракса и теорија од најактуелните случаи, секогаш врз основа на резултатите од научните истражувања за пренос на знаења и компетенции кои отвараат нови патишта за менаџирање на институции“, рече по враќањето од Харвард, ректорот на УЈИЕ, Проф. д-р Замир Дика. За универзитетот на Југоситочна Европа, според него, ова е уште една можност за да го унапреди својот уникатен модел во регионот и за истражување на нови начини за зајакнување на неговото меѓународно присуство.

Треба да се истакне фактот дека оваа програма беше проследна со официјалната посета на ректорот Дика и проректорот Ендрју Гудспид во Универзитетот на Индиана – како стратешки партнер на Универзитетот на Југоисточна Европа, за да ги дискутираат новите можности на соработка, размена и партнерство на регионални и меѓународни проекти. Во Блумингтон, ректорот Дика и проректорот Гудспид одржаа средби со потпретседателот на универзитетот на Индиана, Давид Зарет, кој исто така е и член на Одборот на УЈИЕ и проф Венкатараманан од канцеларијата на провостот, кои едногласно утврдиле дека меѓу овие две институции на високото образование имало една успешна соработка, потенцирајќи ја потребата од продлабочување на таа соработка. Исто така, во Блумингтон е реализирана една важна средба и со деканот на Кели бизнис школата (Kelley Business School, рангирана во топ 25 институции на универзитетско образование во глобално рангирање), проф Идалене К. и директорот на извршната глобална програма за МБА, проф. Ричард М., со која УЈИЕ спроведува заедничка програма во областа на магистратура за бизнис администрација (МБА), каде што еден семестар се остварува од оваа престижна бизнис школа.

Серијата на состаноци во Блумингтон продолжија и со директорот на меѓународните програми (International Programs) и институтите со кои се очекува да се интензивираат односите и размената на студентите и кадарот.

Истовремено, во Индианаполис се оствари уште една средба со ректорот (chancellor) на Универзитетот на Индиана, Пурдуе(ИУПУИ), проф Чарлес Р. Б. и неговиот заменик (associate vice chancelor), проф Гил Л., кои што со многу комплименти се изразија за прогресот на УЈИЕ во овој период, при што ректорот Дика им се заблагодари за нивната континуирана подршка. Особено, треба да се истакне средбата со пријателот на УЈИЕ, деканот на Факултетот за информатика (School of Informatics & Computing), проф Метју Палакал и другите претставници на оваа школа глобално позната. „За проф. Палакал може слободно да се каже дека е креатор на програмата на компјутерските науки во УЈИЕ и континуирано го следи развојот на оваа програма“, вели ректорот Дика, додавајќи дека во средбата зборувале и за подигање на нивото на соработката во областа на научното истражување, имајќи предвид дека некои членови на кадарот на УЈИЕ ги имаат завршено магистерските и докторските студии во овој факултет и дека сега се нуди можноста да се аплицира со заеднички истражувачки проекти. Една добра околност е и разгледувањето на можностите за размена на студенти.

Легенда (слика): извршни претставници на разни институции од 23 земји, кои беа дел од програмата " Финансии за извршен раководител " во Харвард бизнис школата (Harvard Business School).

Google+