Врз основа на анализите, Извршниот тим на ректорот процени дека првиот уписен рок на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во академската 2013/2014 година заврши успешно со што очекувањата се исполнети, додека во некои насоки има и поголем број на апликации од предвиденото. Во вториот и во третиот циклус на студии е евидентирано зголемување од 50% на апликациите и претставува охрабрувачки индикатор.
„ Апликациите за студии на УЈИЕ во првиот уписен рок се во рамките на очекуваното и очекуваме значителен интерес во вториот рок , кој веќе е во тек. Исто така важно е што новите генерации го идентификуваат УЈИЕ како Универзитет на иднината а пазарот на трудот јасно ја одредеува разликата помеѓу дипломите, знаењата и мерливите компетенции. Нашиот универзитет е докажан по стандардите кои се еднакви со најнапредните меѓународни стандарди. “ рече ректорот проф. д-р Замир Дика.
Повеќето од студиските групи се составени според студиските програми на кои идните студенти се пријавиле да студираат на Универзитетот на Југоисточна Европа и може да функционира со доволен број на студенти во Тетово и во Скопje.
