Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Зајакнување на соработката во Југоисточна Европа

Во контекст на нашето постојано ангажирање за зајакнување на меѓународната позиција и соработка со другите универзитети, тим од Факултетот за современи науки и технологии учествуваше на 13та работилница на тема „Образование за софтверско и за реверсно образование“.

Оваа работилница се организираше како дел од проектот „Софтверско инженерство – образование за компјутерски науки и соработка во истражувањето“, поддржано од ДААД (служба за германска академска размена), водена од проф. Клаус Боте од Универзитетот Хумболдт во Германија. Проектот има за цел преку соработка да ги развива заедничките предмети базирани на веб по софтверско инженерство и да развива соработка за истражувачките проекти.

На работилницата беа групирани околу 60 учесници од универзитетите во Југоисточна Европа. Факултетот за современи науки и технологии за прв пат учествува на ваков проект. Нашите претставници на работилницата го презентираа Универзитетот на Југоисточна Европа со некои од најдобрите практики и најновите развои.

Проф. д-р Бетим Чичо, декан на Факултетот за современи науки и технологии ја презентираше студиската програма „ Применета информатика за ИТ компании“ во контекст на интегрираните студии како нов модел на студии со кој на студентите им се дозволува на студентите да работаат во компанија и да се здобијат со вистинско светско искуство во текот на нивните студии.

Д-р Адриан Бесими го презентираше проектот „Едноставно визуализирање на политиката:voxPolitico”, со посебен фокус на искуството во вклучување студенти на додипломски студии да работаат во вистински проекти.

Доц. д-р Бесник Селими ги презентираше резултатите и искуствата од Tехнолошкиот парк како институција која ги поврзува академијата,деловниот сектор и владата и го олеснуваат трансферот на технологијата и бизнис-вештините.

Оваа соработка го поддржува нашето постојано вклучување за да се зајакне меѓународната позиција и да се создадат можности за нова соработка со другите универзитети.

Google+