На церемонијата учествуваа и заменик-министерот за образование и наука на Македонија, г. Сафет Незири и градоначалникот на Тетово, г-ѓа Теута Арифи.
„Посебноста на оваа фотоволтаична централа е и фактот дека е реализирана токму во една вискообразовна институција, која според нашите информации е прва од ваков вид и со ваков капацитет во Македонија и пошироко во регионов. Исто така, оваа централа е единствена во Македонија од овој капацитет која е градена со мултифункционална намена, и тоа за покривање на паркинг и за чување на материјалните добра“, рече ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика.
„Примерот на УЈИЕ треба да се следи и од другите универзитети во земјава, но и од другите институции и граѓани, бидејќи на овој начин се придонесува за намалувањето на трошоците за топлинска енергија и за зачувување на животната средина“, рече заменик- министерот Сафет Незири.
„Ми претставува чест и задоволство да присуствувам на инаугурацијата на оваа соларна централа не само како градоначалник на Општина Тетово, туку и како поранешен член на академскиот кадар на овој Универзитет, која ќе се употребува за производство на електрична енергија користејќи ја сончевата енергија“, рече Теута Арифи, градоначалник на Тетово.
Оваа фотоволтаична централа се очекува годишно да произведува околу 125 Мегават часови. Ова се совпаѓа со акциониот план нашиов Кампус да достигне до нивото на 0 проценти емисија на јаглерод диоксид.