Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Press Release

Центарот закултурна интеракција и дијалог организираше еднодневна работилница за едукатори со наслов "Влијанието на културата и интеркултуралноста во образовниот процес"


Центарот за културна интеракција и дијалог (ЦКИД) организираше еднодневна работилница на тема „Влијанието на културата и интеркултуралноста во образовниот процес". Овој настан е продолжение на активностите кои  третираат прашања поврзани со меѓукултурниот дијалог и разбирање во организација на ЦКИД. Работилницата се одржа на 26 април, 2013 година, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. На работилницата учествуваа 59 професори од средните училишта од цела Македонија на кои им беа доделени сертификати за учество.  Учесниците беа претежно наставници по: англиски јазик, француски јазик, социологија, филозофија, психологија, историја и математика.


Учесниците беа поздравени од страна на Деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникации (ФЈКК), д-р Бенџамин Kитинг, кој зборуваше за своите искуства со интеркултурното образование во неговата родна земја, Ирска, како и важноста на ова прашање во Македонија. Презентации одржаа професори од Факултетот за јазици, култури и комуникации кои предаваат англиски јазик, студии на културата и комуникациски науки. Д-р Агим Пошка презентирашe тема насловена„Злоупотреба на „Културата“: Концептот „ова е дел од мојата култура“ и неговите последици во образованието". Д-р Линда Зибери презентирашe тема насловена „Културните разлики во училницата: Подобрување на критичкото мислење и комуникациските вештини кај учениците“.  Д-р Маја Мухиќ презентирашe тема насловена „Предизвиците на интеркултурното образование во мултикултурно општество: Градење на интеркултурно училиште”.Работилницатазаврши со дискусија за визиите за интеркултурното образование, во рамките на што учесниците истражуваа различни идеи и потенцијални активности преку кои би се третирал диверзитетот и интеркултурализмот во наставата.

Google+