Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Јавна администрација (2022/2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: N-MPA60C
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по јавна администрација
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Студиската програма Јавна администрација е дизајнирана така што студентите се здобиваат со менаџерски, советодавни, политички, аналитички, правни знаења, вештини и компетенции, а кои би биле применливи во владини и во невладини организации.

Студиите по јавна администрација овозможуваат исполнување на образовните потреби за поддршка на студентите да ја започнат својата професионална кариера во: државните и локалните владини агенции, општините, јавните институции, училишните администрации, непрофитабилни организации, универзитети и претпријатија.  

Знаење и разбирање
  • Има напредни знаења за теориите во јавната администрација, истражувањето и практиката.
  • Има познавање и разбирање на компаративната јавна администрација на западните земји.
  • Има длабоки разбирања за организацијата и функционирањето на јавната администрација во земјите членки на ЕУ.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Протолкува и дава критичко мислење во управната постапка.
  • Планира и дејствува ефикасно во управувањето на организациите за јавни служби.
  • Покажува способност за проценка во областа на компаративната јавна администрација, земајќи ги во предвид релевантните научни, социјални и етички аспекти, и демонстрира свест за етичките аспекти во работата.
  • Ја распознава поврзаноста помеѓу административните процеси и аналитичката дејност за потребите на креирање политики.
Способност за проценка
  • Протолкува и дава критичко мислење во управната постапка.
  • Планира и дејствува ефикасно во управувањето на организациите за јавни служби.
  • Покажува способност за проценка во областа на компаративната јавна администрација, земајќи ги во предвид релевантните научни, социјални и етички аспекти, и демонстрира свест за етичките аспекти во работата.
  • Ја распознава поврзаноста помеѓу административните процеси и аналитичката дејност за потребите на креирање политики.
Комуникациски вештини
  • Учествува во јавни дебати и медиуми, користејќи речник соодветен на професионално ниво.
  • Пишува, предлага и раководи со истражувачки проекти во областа на јавната администрација.
  • Ги користи модерните алатки за комуникација и нови теџнологии кога се работи со различни институции.  
Вештини на учење
  • Е способен да ги идентификува личните потреби за автономна студија и истата да ја реализира на втономен наќин во област ана компаративната јавна админитрација.
  • Да помогне во обука и развој на поединци за политички и административни позиции во јавниот сектор.
  • Дакажува способност да ги разгледа моделите и класифицирање на информациите, концептите и теориите во јавната политика и администрацијата.
  • Може да диајнира нов начин на работа во македонската јавна администрација користејќи ги компаративните предности.
  • Има способност за планирање и организирање на функционирањето на јавна администрација и институциите во согласност со современите демократски системи.

Семестар 1

  • [MCPA1010] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на магистерска теза. Главните цели на предметот е на студентите да им се нудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изноаѓање на истражувачко прашање и создавање на методи за прибирање на податоци преку и кавалитативна и квантитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники,како што е статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирање на хипотези.Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање на податоци работејќи со текст. Целта е анализирање на квалитатаивни податоци, финално ставање на сите тероетски и практични дејствија во функција на дисајнирање и пишување на тезата.
  • [MCPA3010] [6 ЕКТС] Контрола на администрацијата
    Основна цел на предметната програма на Контрола на администрацијата, ќе биде студентите да се здобијат со информации за контролата и надзорот, субјектите на надзорот, видовите на надзор, постапката за вршење на надзор, внатрешната и надворешната контрола над органите на државната администрација, политичката контрола со сите правни инструменти за нејзино реализирање ( пратенички прашање, итерпелација, доверба на влада, анкетни комисии, уцојување на буџетот како значаен инструмент на политичката и правната контрола, контрола од страна на Јавниот Обвинител, Омбудсманот, општествената контрола, судката контрола преку постапките пред Административните судови. Сите овие институции ќе се проучуваат компаративно.
  • [MCPA2020] [6 ЕКТС] Јавен финансиски менаџмент
    Овој предмет има за цел да им ги претстави на студентите стандардите и практиките во финансиското работење на ГОи, методи на користење на фондови и други соодветни техники за управување со одговорноста во финансиското работење на ГОи и опфаќа преглед и анализа на техничките аспекти на сметководството и подготовката, како и толкување на финансиските извештаи. Концептот на ефикасноста во користењето на ресурсите ги претставува основите на принципите и процедурите и овозможува поставување на рационална рамка за алокација на ресурсите. Предметот овозможува соодветна избалансираност помеѓу теоријата и практиките, прелгед на различни студии на случај и дизајниран е така да го побуди интересот на студентите.
  • [EMPA-02] [6 ЕКТС] Креирање на политики во ЕУ
    Предметот има за цел да им овозможи на студентите да ја дефинираат и илустрираат анализата на политиките и нејзината улога во креирањето на политики во ЕУ. Не постои согласност за тоа како прецизно да се дефинира јавната политика. Студентите ќе имаат можност да се запознаат со оваа поле и критички да го анализираат развојот и појавите во областа на јавна политика. Креирање и анализа на јавните политики е дисциплина за решавање на проблеми кои извлекува знаења од методологиите и основните теории на општествените науки, на општествените професии и на филозофијата на политиките.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE14] Заштита на човековите права
    • [MFE01] Реторика

Семестар 2

  • [MCPA4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавната одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана.
Google+