Знаење и разбирање
Примена на знаењето и разбирањето
Способност за проценка
Комуникациски вештини
Вештини на учење
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Напредна економија
Предметот е составен од два дела и тоа: микроекономија и макроекономија. Во рамките на микроекономијата се изучува однесувањето на потрошувачот во услови на егзистенција на буџетско ограничување и неговата целна функција - максимизација на корисноста, како и однесувањето на претпријатието во различни пазарни структури и нивната целна функција - максимизација на профитот. Во микроекономијата се изучуваат и факторите на производство и нивните цени, како и улогата на државата во регулирањето на бизнисите и на домените на пазарниот неуспех. Макроекономијата го изучува функционирањето на економијата во целина. Во тој контекст вниманието е фокусирано на најзначајните макроекономски големини: бруто домашниот производ, инфлацијата, невработеноста, штедењето, инвестициите, девизниот курс и слично. Посебно внимание се обрнува на факторите кои ја нарушуваат макроекономската рамнотежа на кус и долг рок, како и на природата и карактерот на клучните макроекономски политики низ кои се настојува движењето на фактичкиот бруто домашен производ да се доближи, толку колку што тоа е возможно, до движењето на потенцијалниот бруто домашен производ.
-
[6 ЕКТС]
Применета статистика
Преку овој предмет студентите ќе ги разберат и применат елементите на дескриптивната статистика,теорија на веројатност проследено со веројатноста и распределбата на примероците, пресметка на дистрибутивните параметри, пресметка и контрола на статистичките хипотези,тестирање на хипотезите,анализа на варијанса,линерана анализа и анализа на временски серии,едноставна линеарна регресија и корелација.
-
[6 ЕКТС]
Организациско однесување
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со организациското однесување и организациската психологија. Од овој аспект студентите треба да стекнат соодветни знаења од областа на лидерството, моќта, авторитетот, тимската работа, конфликтите, улогата и важноста на поединецот во деловната организација и сл.
-
[6 ЕКТС]
Монетарен систем и политика
-
[6 ЕКТС]
Изборни предмети
-
Деловно комуницирање
Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со концептот на деловното комуницирање. Во последниве години сѐ повеќе компании ги применуваат техниките на деловно комуницирање и како главна алатка за одговор на сѐ позаострената конкуренција на глобалниот пазар. Овој предмет претставува обид за подобрување на комуникациските способности на студентите со теоретско, но пред сѐ, и со практично укажување на правилниот начин на комуницирање во организациска средина со вработените и со менаџерите, како и при одржување состаноци, интервуирање, одговарање при интервјуирање, преговарање како и мотивирање на сите околу нив.
-
Надворешна трговија
-
Инвестиционен менаџмент
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Meѓународни сметководствени стандарди
Овој предмет ги опфаќа следниве теми: меѓународните сметководствени стандарди, капиталот, постојаните средства и резерви, финансиските средства,обврзниците, хартиитеод вредност, побарувањата од купувачи, активните временски разграничувања, обврските спрема добавувачите, краткорочните и долгорочните резерви, пасивните временски разграничувања, залихите на материјали, производите, трговската стока, материјалните и нематеријалните трошоци, трошоците за плати и амортизација, утврдувањето на обврската за ддв и данокот на добивка, утврдувањето на финансискиот резултат.
-
[6 ЕКТС]
Јавна економија
Основната интенција на наставата на предметот е да им помогне на студентите во разбирањето на разликите помеѓу јавниот и приватниот сектор. Во тие рамки, да се објасни исто така и логиката, организацијата и начинот на функционрање на јавниот сектор во светот и во Република Македонија.
-
[6 ЕКТС]
Методи на продажба и дистрибуција
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со: концептот на продажба и дистрибуција, разликите помеѓу овие две активности, начинот и современите методи кои се користат во пазарното стопанство во процесот на продажба, како и со ефикасноста на дистрибуција, каналите на дистрибуција, критериумите и стратегиите на дистрибуција.
-
[6 ЕКТС]
Деловна етика и општествена одговорност
-
[6 ЕКТС]
Изборни педмети
-
Меѓународен менаџмент
Цели на предметот се :
* Анализирање на основните проблеми на меѓународната економија.
* Дискутирање на односите помеѓу домашниот и меѓународниот бизнис.
* Оценување на различните фактори кои влијаат во меѓународниот менаџмент.
* Комплетирање на анализата SWOT на разни меѓународни фирми и дефинирање нови глобални пазари.
* Дискутирање на користењето на глобалната комуникација.
* Дефинирање и имплементирање на стратегиите за настап не меѓународниот пазар.
-
Портофолио менаџмент
Предметот “Портофолио менаџмент” ја опфаќа анализата на главните и основните поимии функции на финансискиот систем, пазарните посредници, инструменти, принципи на организација и работење, нивната улога во економијата,воопшто и во финансискиот систем на националните економии посебно. Овие пазари и финансиски инструменти се од понов датум. Функционираат во развиените економии на западот. Нивната појава и развој го поттикнува развојот на реалниот сектор, оптималното користење и алокација на скудните ресурси, влијаат врз макроекономските величини и вредности.
-
Регионален и локален економски развој