Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Втор циклус на обука за подготвување на правосудниот испит организирана од Правниот факултет- УЈИЕ

Почнувајќи од 18. oктомври 2018 година, Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово ќе продолжи со реализација на вториот циклус од програмата „Обука за подготвување на правосудниот испит“. Обуката е акредитирана од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование на Република Северна Македонија и претставува иновација на Правниот факултет – УЈИЕ разликувајќи го истиот од другите правни факултети во земјава.

Правосудниот испит им ги проширува можностите за афирмација на дипломираните правници во однос на остварување на нивните обврски и интереси, за кои положувањето на овој испит претставува задолжителен услов. Оттука, следејќи го искуството на современите правни факултети, кои приоритет  им даваат на кадрите, сметаме дека е разумно на студентите како и на другите заинтересирани кандидати, да им понудиме обука за подготвување на правосудниот испит.

Наставната програма на Обуката се основа на Програмата за полагање на правосудниот испит, врз основа на член 7 на Законот за правосуден испит, Сл. Весник на РСМ бр. 137-2013 (http://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakon-za-pravosudniot-ispit-07-10-2013.pdf).

Обуката ќе се изведе во две сесии: теоретски и практичен дел.

За теоретскиот дел на обуката ќе се ангажираат искусни и докажани професори во соодветните правни области, додека пак за практичниот дел ќе се ангажираат експерти од праксата (судии, јавни обвинители, адвокати, извршители, нотари, итн.).

Теоретскиот дел ќе ги покрие овие области:

  1. Граѓанско право (материјално и процесно),
  2. Кривично право (материјално и процесно),
  3. Трудово право,
  4. Трговско право,
  5. Меѓународно право, Уставно право и Управно право.

Практичниот дел на обуката ќе покрие:

  1. Студија на случај– Граѓанско право и
  2. Студија на случај – Кривично право

Целокупниот фонд на часови на обуката ќе опфати 57 часови (1 час трае 50 минути)

Студентите и кандидатите кои ќе ја следат обуката ќе имаат пристап до сите потребни материјали на програмата за полагање на правосудниот испит назначени од Министерството за правда. Кандидатите во секое време може да им се обратат за консултации на професорите, експертите како и на координаторот на обуката за време додека трае обуката како и за време додека трае испитната сесија за полагање на Правосудниот испит во Министерството за правда.

Оваaобука ќе се понуди за студентите од вториот циклус на Правниот факултет – УЈИЕ, како и за другите заинтересирани кандидати.

Краен рок за пријавување: 12 ноември 2018 година.

Обуката почнува на 15 ноември 2018.

Формуларот за пријавување  e на следниов линк: https://goo.gl/ogsPCH

Цена на обуката

Цената на Обуката за подготвување на Правосудниот испит е 10.000,00 денари.
(*За студентите на полседипломските студии на Правниот Факултет-УЈИЕ ќе има одреден попуст на цената.)

Кандидатите може да го извршат плаќањето на две рати.

Уплата да се изврши според овој пример:

  • Primac: BIZNIS END INOVEJSHN SENTR-BDC
  • BANKA: STOPANSKA BANKA
  • Smetka : 200003314393477
  • Cel na doznaka: Uplata za PI
  • Sifra: 930

За дополнителни информации во врска со Обука обратете се кај Координаторот Доц. д-р Арта Селмани-Бакиу (arta.selmani@seeu.edu.mk)

Google+