Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Уставно право (2026/2027)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: CL60
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по правни науки Насока: Уставно право
ЕКТС: 60 (1 годинa)
Решение:

Целта на студиската програмае да понуди предметни содржини кои ја опфаќаат основата на уставно-правните сознанија значајни за правничката професија, поврзани со оваа правна област. Преку нив се обезбедуваат напредни, применети, конкретни и систематизирани знаења за уставно-правните институти, како и за темелите на уставниот систем на Република Северна Македонија, вклучувајќи и споредбени сознанија од оваа правна област во регионов и во Европската унија.

        Целите на студиската програма од областа на уставното право, во рамките на вториот циклус студии на Правниот факултет при УЈИЕ, се следниве:

  • Да ги подготви студентите за напредно разбирање на уставно-правните науки и продлабочено познавање на методите и истражувачките вештини во оваа област, согласно највисоките европски и меѓународни стандарди;
  • Да ги оспособи студентите да стекнат способност за интерпретација, примена и адаптација на правните норми, како и за решавање правни проблеми, при што ќе спроведуваат истражувања со висок степен на научен интегритет;
  • Да им овозможи на студентите развој на способности за критичка анализа, евалуација и синтеза на нови и напредни идеи, како и стекнување компетенции за самостојно иницирање и активно учество во национални и меѓународни истражувачки мрежи и научни настани;
  • Да ги подготви студентите за ефективна комуникација со колеги, пошироката академска заедница и општеството во целина во рамките на нивната област на експертиза, како и за презентирање и споделување на резултатите од сопствените истражувања;
  • Да ги оспособи студентите за афирмација во академски и професионални рамки и за придонес кон технолошкиот, социјалниот и културниот развој во општество базирано на знаење;
  • Да им овозможи на студентите да развијат вештини за критичко мислење и аналитичко решавање проблеми на напредно ниво;
  • создаде услови студентите да ги развијат своите способности за академско истражување, аргументирано презентирање и писмено изразување на напредно академско ниво;
  • Да ги подготви студентите за понатамошно академско усовршување на докторски студии во земјата и во странство.

Дипломата од студиската програма ќе им овозможи на студентите на магистерските студии да ги применуваат стекнатите општи и посебни теоретски и практични професионални знаења и вештини од областа на уставно-административното право во практиката; да понудат аналитички одговори како во поглед на примената на правните прописи, така и во поглед на нивната измена во областа на правната регулатива; да ги согледуваат и истражуваат уставно-административните појави и проблеми и да даваат креативни предлози за нивно решавање; критички и аргументирано да ги анализираат и евалуираат правните решенија и функционирањето на уставно-административните правни институции во практиката; да го продолжат понатамошното усовршување на докторски студии во областа на уставно-административните правни науки; да го следат развојот на законодавството и на правната наука и да се залагаат за примена на научните резултати од истражувањата во законодавната и правната практика.

Знаење и разбирање
  • Покажува знаење и разбирање од областа на уставното и управното право, применувајќи соодветни методологии за решавање сложени уставни и управни проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на уставните истражувања.
  • Покажува способност за примена на проширено и продлабочено знаење од областа на уставното право.
  • Демонстрира високо ниво на професионална компетентност во областа на уставното право.
  • Поседува знаења од една или повеќе предметни области кои, во рамките на соодветните научни полиња, се засноваат на најреномирани меѓународни истражувања во областа на уставното право.
Примена на знаењето и разбирањето

Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми со одредено ниво на оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со современите трендови во уставното право.

Способност за проценка
  • Способност за синтетизирање и интегрирање на знаењето.
  • Способност за справување со сложени прашања, систематски и креативно, со солидна проценка дури и при нецелосни или ограничени информации, при што се вклучени личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатите уставни знаења.
  • Способност за оценување и селекција на научни теории, методологии, алатки и општи вештини од предметните области и за поставување на нови анализи и решенија врз научна основа.
Комуникациски вештини
  • Способност за размена на заклучоци и предлози со нивно аргументирање и рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
  • Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.
Вештини на учење
  • Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење и способност за независно и самостојно делување при стекнувањето нови знаења и вештини во национален, регионален и европски како и во светски контекст.
  • Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.

Семестар 1

  • [MCAL-0101] [6 ЕКТС] Применето уставно право
    Преку овој модул, студентите ќе се оспособат за основните теоретски и практични сознанија за организацијата на државната власт во Република Северна Македонија, како и за слободите и правата на човекот и граѓанинот. Модулот поттикнува критичко мислење кај студентите за основните проблеми на уставното уредување во РСМ и во рамките на Европската Унија, при што се води сметка за профилот на европскиот правник кој во иднина, како стручњак, ќе треба да го толкува и применува европското уставно право како на национално, така и на европско рамниште. План-програмата ќе ја третира уставната материја од споредбен и национален аспект, со цел да се овозможи разбирање на уставното право во услови на глобализација, бидејќи тој не може да се разгледува исклучиво во национални рамки. Во рамките на програмата ќе бидат опфатени: • Новиот Деловник на Собранието на РСМ, кој има клучна улога за развојот на парламентарната демократија во земјата; • Новите закони што уредуваат уставна материја, вклучувајќи закони од областа на судството, локалната самоуправа, изборниот систем, цивилното општество, одбраната и надворешната политика; • Практиката на централните органи на државната власт во РСМ, вклучувајќи го Собранието, Владата, Уставниот суд и Врховниот суд, со нагласок на нивната улога во развојот на уставното право како наука; • Уставните амандмани од 2001 година, кои имаат големо влијание врз мнозинската демократија и темелните вредности на уставниот поредок во РСМ; • Уставните амандмани од 2005 година, во врска со судските реформи во РСМ. На крајот на предметот, студентите ќе бидат способни: • Да ги идентификуваат основните и супстанцијалните разлики меѓу уставните институции, нивната меѓусебна поврзаност и нивното практично функционирање; • Да ги направат потребните теориски и практични разлики на поимите, појавите и институтите на уставното право; • Да ги објаснат и анализираат различните процеси во рамките на уставниот систем и поредок на РСМ, опфаќајќи ги човекот, граѓанинот, државата и етничките заедници.
  • [EMCAL-01] [6 ЕКТС] Право на локална самоуправа
    Целта на предметот е студентите да стекнат теоретски и практични знаења во областа на локалната самоуправа. На теоретско ниво, особено се нагласува разбирањето на значењето на локалната власт, уставните гаранции и познавањето на компаративното законодавство. На практично ниво, студентите стекнуваат знаења за структурата и функционирањето на локалната самоуправа и нејзините органи. Студентите стекнуваат знаење и разбирање за локалната власт, нејзиниот уставен статус, организација и функционирање. Стекнатите знаења можат директно да се применат во различни аспекти на правната работа во локалните заедници, а индиректно и во повеќето други правни дејствија. Преку предметот студентите ќе стекнат способност за разбирање на локалната самоуправа и нејзината улога во уставно-политичкиот и правниот систем, како и правна вештина за работа во локалните заедници. Студентите го поврзуваат стекнатото знаење со предметите од областа на уставното и управното право.
  • [EMCA0030] [6 ЕКТС] Теорија и практика на федерализмот
    Во рамките на овој предмет студентите ќе стекнат сознанија за организацијата на сојузните држави, нивните органи, надлежностите, видовите сложени држави, некои најкарактеристични федерации во светот, како и за централните теоретски и практични прашања поврзани со сојузните држави, како што се: уставот на сојузната држава, составот-структурата на федерацијата, поделбата на надлежностите меѓу федерацијата и нејзините субјекти, учеството на субјектите на федерацијата во вршењето на сојузната власт, правото на самоорганизирање на субјектите на федерацијата, прашањето на суверенитетот (државноста) во сојузната држава, перспективите на федерализмот во светот, како и прашањето за положбата на федералните единки во меѓународните односи. Студентите, исто така, ќе стекнат сознанија за основните поими и законитости на федерализмот, со што ќе се оспособат за историско, споредбено и за критичко разбирање на актуелните федерации и процеси.
  • [MCAL-0302] [6 ЕКТС] Уставно судство
    Целта на предметот е студентите да стекнат научни знаења и академски вештини во процесот на истражување во областа на уставното судство, да се поттикне развојот на креативните способности и толкувањето на правилата за надлежност, постапка и правното дејство на одлуките на уставните судови, како и да ги совладаат специфичните вештини за примена на уставно-судската заштита, општо и во Република Северна Македонија посебно. Преку совладување на предметот и преку планираните активности и облици на настава, се очекува студентите да: • Ја разберат структурата и процесот на појава на уставното судство и системот на уставно-судска контрола во современата демократска држава заснована на владеење на правото; • Бидат во состојба да поднесат иницијатива до Уставниот суд за уставно-судска контрола на уставноста и законитоста на општите нормативни правни акти, како и да поднесат барање за уставно-судска заштита на одредени слободи и права утврдени со Уставот; • Развијат способност за систематски пристап кон уставно-судските проблематики, како и да дадат критички и аналитички одговор во делот што се однесува на позитивно-правните решенија и да го применат стекнатото знаење во практика.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMCA0020] Споредбено уставно право
    • [MCAL-0203] Парламентарно право
    • Политички партии и изборни системи

Семестар 2

  • [MCCR1120] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Студентите ќе бидат оспособени да: • Ги применуваат главните правни и други истражувачки методи. • Критички и креативно прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира селективно од авторите во нивните одговори. • Ја разберат ширината на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување, и да бидат во можност да ги критички оценуваат. • Го проучуваат односот меѓу правната теорија и истражувачката практика преку напреден пристап. • Ги применуваат вештините и знаењето стекнато преку подготовката на своите тези.
  • [CM256] [24 ЕКТС] Магистерски труд
    Целите на магистерскиот труд се: • Развивање на истражувачки вештини: Покажува дека студентот може да формулира истражувачки проблем, да дизајнира методологија, да собира и анализира податоци, како и да ги интерпретира резултатите. • Придонес кон знаењето: Треба да обезбеди нови сознанија, наоди или подлабоко разбирање на одредена тема во соодветната област. • Примена на теоретско знаење: Ги поврзува академските теории и концепти изучени во текот на студиите со реални или теоретски истражувачки проблеми. • Покажување критичко размислување: Студентот треба критички да ја оценува литературата, методите и наодите, а не само да ги опишува. • Подготовка за професионална или академска кариера: Развива компетенции корисни за понатамошни истражувања (докторски студии) или напредна професионална пракса. Накратко, магистерскиот труд е истовремено процес на учење и научен продукт што ја докажува подготвеноста на студентот за самостојна работа на напредно академско ниво. Понатаму, активноста има за цел да ги подобри истражувачките техники и стилот на пишување на магистерскиот труд, при што строго се почитуваат принципите на академски интегритет и се избегнува користење на неовластени средства, како што се плагијат и повреда на авторски права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+