Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Правни студии - Криминалистика и безбедност (2024/2025)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-CRIM-240
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Дипломиран правник - Kриминалистика и безбедност
ЕКТС: 240 (4 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Оваа програма подразбира проширување и продлабочување, т.е. диференцирање на образованието во рамките на правните студии.

Студиската програма Криминалистика и безбедност на студентите ќе им овозможи:

  • Да стекнат основни познавања на концептите и на прашањата од областа на криминалистиката и безбедноста.
  • Да развијат вештини за примена на соодветната терминологија и на соодветните концепти од областа на криминалистиката и безбедноста.
  • Да идентификуваат и да анализираат проблеми поврзани со криминалистиката и со безбедноста.
  • Да бидат во состојба критички да ги анализираат концептите и поимите.
  • Да стекнат посебни вештини и познавања од практична важност за нивната понатамошна кариера во областа на криминалистиката и безбедноста.
  • Да изберат и да применат соодветна рамка од соодветната областа за да ги решат проблемите применувајќи соодветни техники.
  • Да го интегрираат знаењето акумулирано во организацијата во функција на донесување одлуки.
  • Ефективно да ги пренесуваат решенијата и сознанијата.
  • Да ги развиваат личните способности за комуникација, истражување, анализа, а кои се потребни за вработувања на дипломираните студенти по оваа програма.
  • Да се развива повеќејазична настава преку промовирање на меѓуетничкиот и меѓукултурниот дијалог.

По завршување на студиите, студентите треба:

  • Да имаат основно познавање за криминалистичката техника и тактика.
  • Да имаат подетални знаења за предметот на изучување, како и за одделни концепти специфични за криминалистичката техника и за криминалистичката тактика.
  • Да имаат свое критичко мислење.
  • Да бидат во состојба да вршат анализи и истражувања за настани релевантни за криминалистичката техника и тактика.
  • Да стекнат одредени вештини од криминалистичката техника и тактика неопходни за нивната понатамошна кариера.
  • Да имаат способност за презентирање резултати од истражување, за работа во тим и за дебата.
  • Да бидат во состојба теоријата да ја применат во практични случаи во реалниот живот.

За изведување на програмата е вклучен академски кадар од УЈИЕ, УКИМ-Скопје како и од универзитетите во регионов: Загреб, Приштина, Сараево и Тирана. За реализација на студиската програма е планирано и ангажирање на визитинг-предавачи од универзитетите со кои соработува УЈИЕ, во контекст на мобилноста во Заедничкиот европски простор на високото образование (ZEPVO), а базирано врз принципите на Болоњската декларација.

Студиите на студиската програма од првиот циклус по Криминалистика и безбедност траат четири години. По успешното завршување на студиите, студентот ќе добие назив: Дипломиран по криминалистика и безбедност со отворени можности за продолжување на магистерските студии во областа на безбедноста, како и за вработување во органите и институциите на безбедносниот систем на Република Северна Македонија.

Знаење и разбирање
  • Има основни знаења за поимите и прашањата поврзани со изворите и институциите на правото во поширока смисла, особено за вовед во право, уставно право, управно право, историскиот контекст на правото (римско право и историја на правото), граѓанско и стварно право.
  • Има основни знаења за поимите и прашањата поврзани со изворите и институциите на специфични казнено-правни науки, како на пример: казнено право и казнено процесно право, криминологија, пенологија, виктимологија, како и меѓународниот контекст на казненото право (меѓународно казнено право, човекови права, меѓународни односи, меѓународен тероризам).
  • Има основни знаења за поимите и прашањата поврзани со безбедноста, како на пример: криминалистика (техника, тактика и методика), полициско право како и знаења од форензичните науки.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Идентификува и анализира проблеми поврзани со криминалистиката и безбедноста и е подготвен да партиципира во подготвувањето правни акти и документи во одредена казнена постапка, да пишува барања и други документи кои се употребуваат во една казнена постапка.
  • Избира и спроведува соодветна рамка од своето поле на истражување за решавање проблеми преку спроведување соодветна техника во полето на криминалистиката и безбедноста.
Способност за проценка
  • Критички ги анализира концептите и термините во разни фази на казнената постапка (преткривична и судска постапка).
  • Го интегрира акумулираното знаење во донесување одлуки за толкување на правото во врска со безбедносни прашања.
  • Анализира и дава отчет за сознанија од својата професија засновани на познавањето и толкувањето на правото.
  • Работи како службеник во државните институции кои делуваат во областа на спречување на криминалитетот.
Комуникациски вештини
  • Има широк спектар на вештини на презентација, усно и писмено изразување, кои се неопходни за професијата правник, особено во областа на криминалистиката и безбедноста.
  • Ефективно се вклучува во аргументација и дебата во една казнена постапка со субјектите на казнената постапка како: судии, јавни обвинители и адвокати, употребувајќи притоа професионална терминологија.
Вештини на учење
  • Развива систем на учење кој вклучува идентификување, класификација и употреба на извори на правото.
  • Успешно ги применува вештините поврзани со употреба на соодветната литература и на информатичките технологии за да стекне правни знаења.
  • Успешно пренесува начини на решавање проблеми во однос на специјализирана и неспецијализирана публика.

Семестар 1

  • [CLE-101] [6 ЕКТС] Вовед во правото
    - Стекнување основни сознанија за државата и правото. - Оспособување на студентите за теоретското вообличување на разните облици на државата. - Критички осврт за правото како општествена појава. - Поттикнување на аналитичкиот осврт кај студентите за проблемите со кои денес се соочува државата и правото во услови на глобализација и во рамките на евроатлантските интеграции. - На крајот од предметот студентите ќе бидат во можност да ги разликуваат основните облици на државата и правото. - Да ги објаснуваат основните поими за државата и правото и нивно поврзување со практичниот живот. - Да ги стекнат основните, воведните и општите спознанија за државата и правото кои ќе им бидат неопходни за натамошните студии во рамките на правните науки.
  • [CBE-101] [6 ЕКТС] Вовед во економија
    Примарната цел на овој предмет е да се развие основно разбирање на главните економски концепти и теории кои се користат во анализа на економските прашања. Овој предмет е дизајниран на начин да им овозможи на студентите да се здобијат со знаење за основните принципи, концепти и техники во економијата како наука и во економските анализи. На крајот на предметот студентите треба да бидат во можност да „размислуваат како економисти“. Овој предмет обезбедува истражување на принципите на микро и на макроекономијата, со фокус на примена на знаењето во донесување одлуки во глобална средина. По завршување на предметот, студентите треба за се оспособат за да: го користат моделот на понудата и побарувачката и да го утврдат влијанието на промените во побарувачката или понудата врз цената и количината; го дефинираат БДП и да го опишат мерењето, употребата и ограничувањата на БДП како мерка на економска благосостојба; ја дефинираат инфлацијата и калкулираат, да се запознаваат со последиците и како да се прилагодат за тоа; како и да ги опишат улогите и алатките на централната банка.
  • [CLE-104] [6 ЕКТС] Историја на правото
    Овој предмет има за цел студентите: - Да се запознаат со историскиот развој на правото и на државата, како и со главните правно-општествени институции. - Да стекнат знаења во врска со историскиот развиток на правното мислење на начинот на кој студентите можат да го разберат правното мислење во минатото и сега. - Да бидат во состојба да ги разликуваат општествено-правните формации во минатото и да ја разберат нивната еволуција. - Да се запознаат со историскиот развој на посебните делови на позитивното право (граѓанско, кривично, управно, семејно и наследно право итн.) - Да бидат во состојба да ги разберат логиката на функционирањето на државата и правото кај античките цивилизации и во средниот век, но и да креираат идеи поврзувајќи ги со современото време.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Aнглиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер IT
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint

Семестар 2

  • [CLE-201] [6 ЕКТС] Уставно право
    Цели на предметот: - Стекнување сознанија за поимите, појавите и за институтите на уставното право како и за државните институции во Република Северна Македонија (РСМ), вклучувајќи ги тука и разните теоретски ставови за нив. - Стекнување конкретни сознанија за уставното право како наука и правна гранка, вклучувајќи ги тука и споредбената анализа на состојбата и перспективите во регионални и европски рамки. - Преку овој модул студентите ќе се оспособат за основните теоретски и практични сознанија за организацијата на државната власт во РСМ како и за слободите и правата на човекот и граѓанинот. - Поттикнување критичко мислење кај студентите за основните проблеми на уставното уредување во РСМ и во рамките на ЕУ, при што ќе се води сметка за профилот на европскиот правник кој во иднина како стручњак ќе треба да го толкува и да го применува европското уставно право како на национално така и на европско рамниште. - Во рамките на план-програмата ќе се обработува уставната материја од споредбен и од национален аспект, поради тоа што во услови на глобализација, уставното право не може да се разбере ако се разгледува исклучиво во национални рамки. - План-програмата ги опфаќа и: новиот Деловник на Собранието на РСМ кој има клучна улога за развојот на парламентарната демократија во РСМ, новите закони со кои се уредува уставна материја, како што се: законите од областа на: судството, локалната самоуправа, изборниот систем, цивилното општество, одбраната, надворешната политика итн. - Покрај оваа нормативна компонента, план-програмата се обработува и практиката на централните органи на државната власт во РСМ, и тоа; Собранието, Владата, Уставниот суд, Врховниот суд, која има голема улога за уставното право како наука. - Ќе бидат опфатени уставните амандмани од 2001 година кои имаат големо влијание врз мнозинската демократија во РСМ како и врз темелните вредности на уставниот поредок на РСМ како и уставните амандмани од 2005 година во врска со судските реформи во РМ. - На крајот на предметот, студентите ќе бидат во можност да ги направат основните и супстанцијалните разлики меѓу уставните институции, нивната меѓусебна поврзаност и нивното практично функционирање. - Да ги направат потребните теориски и практични разлики на поимите, појавите и на институтите на уставното право.
  • [CLE-204] [6 ЕКТС] Граѓанско право – општ дел
    Целта на наставниот предмет Граѓанско право - општ дел е студентите да стекнат основни знаења од оваа област. По завршувањето на семестарот од студентите се очекува да имаат стекнато теоретски познавања за главните поими и институти на граѓанското право, како што се: принципите на граѓанското право, изворите на граѓанското право, граѓанско-правните субјекти и нивната правна, деловна способност, граѓанско-правните односи, правните дела итн. Студентите ќе бидат обучени да ги направат неопходните теоретски и практични разлики во поимите и појавите со граѓанско-правен карактер во правниот систем на РСМ, да ги разликуваат нивните основни и суштински карактеристики и да ја забележат нивната важност и функција во практика.
  • [CLE1020] [6 ЕКТС] Римско право
    Цели на предметот: - Да им бидат претставени на студентите податоци за процесот на создавањето, развојот и промените на институциите и нормите на римското право под влијанието на разни историски околности. - Да се запознаат студентите со улогата на римското право како обединувачка сила во европската правна традиција. - Да им се даде можност на студентите да ги совладаат основите од римската правна терминологија. - Да се прикаже историјата на римската правна мисла од нејзините почетоци во републиканскиот период во Рим. - Да се објасни историската важност на перципирањето на римското право во континентална Европа.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер IT
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2

Семестар 3

  • [CLE2030] [6 ЕКТС] Управно право
    Во рамките на предметот се изучуваат административно материјалното и процесното право. Предмет на изучување се принципите на организација, работа и делокруг на административните органи, основните дејности што ја сочинуваат управната функција, актите на административните органи и односот меѓу граѓаните и администрацијата. Целите на предметот се студентите: -Да ги дефинираат и да ги разберат поимите администрација и административна функција. -Да ја препознаат и да ја анализираат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РСМ. -Да ги согледаат основните дејности на административната функција. -Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти. -Да ги изучат видовите административен надзор. -Да ги спознаат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги. -Да стекнат способности и вештини за идно вработување во органите на администрацијата на РСМ, невладините организации, установите и сите институции во кои се решаваат предмети од административно-правна природа.
  • [CLE025] [6 ЕКТС] Стварно право
    Целта на наставниот предмет Стварно право е студентите да стекнат основни знаења од оваа област. По завршувањето на семестарот од студентите се очекува да имаат стекнато познавања во однос на поимот и предметот на стварното право, за субјектите, за начелата на стварното право, за владението, за правото на сопственост, правото на службеност, правото на залог, за реалните товари, за јавните книги итн. Се очекува кај студентите да се развива совеста во врска со овие институти и вештините за критички пристап кон законот и законската аргументација во областа на стварното право.
  • [CLE-404] [6 ЕКТС] Меѓународно јавно право
    Цел на предметот e студентите да се запознаат со основните поими на меѓународното јавно право, со формирањето на оваа научна дисциплина, нејзиниот развој и клучните аспекти.
  • [CLE024] [6 ЕКТС] Семејно право
    Со изучување на предметот Семејно право се очекува студентите да стекнат знаење за правното уредување на односите кои настануваат меѓу членовите на семејството врз основа на бракот и сродството. Посебен акцент се посветува на основните институции на семејното право: бракот, родителството, посвојувањето, старателството, семејните односи, како тие со личен карактер така и оние со имотен карактер, семејните односи со лично-имотен карактер, вонбрачната заедница.
  • [C2069] [6 ЕКТС] Усна комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да развиваат вештини за вербална комуникација. - Да се во можност да се вклучат активно во дискусија за одредена тема. - Да ги совладаат техниките за успешна комуникација. - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2

Семестар 4

  • [C2070] [3 ЕКТС] Писмена комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да стекнат сознанија за процесот на пишувањето (фази при креирање текст). - Да ги усвојат стандардните јазични норми. - Да постигнат академско ниво за писмено изразување на албански, на македонски или на англиски јазик со што ќе се применуваат претходно стекнатите знаења за стандардниот јазик. - Да се мотивираат за писмено изразување независно од видовите и формите на текстот. - Да ги усвојат критериумите на текстуалноста, кои се клучни за еден текст. - Да стекнат вештини за пребарување материјали (библиотечни и онлајн-ресурси).
  • [CLE5010] [6 ЕКТС] Наследно право
    Основната цел на предметот Наследно право е студентите да се запознаат со основните принципи на наследувањето во Република Северна Македонија, како и да стекнат знаења за основните наследно-правни институти со кои се уредува наследувањето во Република Северна Македонија. Преку овој предмет, во делот на компаративното право, студентите ќе се информираат за наследно-правните институти во современите наследно-правни системи, особено основните разлики меѓу континенталниот систем и системот Common Law (англосаксонски систем).
  • [CLE-403] [6 ЕКТС] Право на ЕУ
    По завршувањето на овој предмет се очекува студентите да ги познаваат суштината и опсегот на правото на ЕУ, да имаат целосен увид во организациско-правната структура на ЕУ согласно со промените наведени во Лисабонскиот договор; да умеат да вршат правилно толкување и примена на одредбите од актите на ЕУ што самото по себе би му овозможило понатамошно продлабочено изучување на поспецијализираните правни дисциплини кои го третираат правото на Унијата.
  • [CLE-405] [6 ЕКТС] Кривично право - општ дел
    Предметот Кривично право (општ дел) е задолжителен. Преку овој предмет студентите ќе стекнат основни знаења за казнено-правниот систем на РСМ. Посебно внимание ќе му се посветува на проучувањето на главните начела на казненото право, изворите на казненото право, казненото дело и неговите елементи, спојувањето на казнените дела, учеството на повеќемина лица во извршувањето на казненото дело, системот на казнено-правните санкции и др.
  • [CLE-402] [6 ЕКТС] Облигационо право
    Цели на предметот: Преку овој предмет студентите ќе стекнат сознанија за основите на облигационото право и за посебните видови облигациони односи и знаења што им се потребни во однос на субјективните граѓански права. Во областа на општото учење за облигационите односи студентите треба да стекнат вештини на примена на општите институти на облигационото право кај посебните видови облигациони односи. Студентите би требало да стекнат вештини за преговарање, склучување и за реализирање на посебните видови облигациони договори и знаења за механизмите на решавање на споровите околу исполнувањето на обврските на должникот. Студентите треба да стекнат знаења во поглед на установување штета и нејзино спроведување. Студентите ќе стекнат сознанија и за другите видови облигациони односи (стекнување без основ и еднострани изјави на волја).
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2

Семестар 5

  • [CCR-302] [6 ЕКТС] Вовед во криминалистика
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат основни знаења од областа на трговското право. Во таа насока студентите се запознаваат со правните правила за: извршување некоја деловна дејност, начинот на организирање на деловните субјекти, условите за основање и упис на деловните субјекти и на трговецот поединец како и за начините на престанување на деловните субјекти; начините за основање некој деловно-правен однос, условите за настанување на тие односи, ефектите и последиците; работата со хартиите од вредност: начините за заштитување на правата на индустриска сопственост, начините на заштитување на деловните субјекти од нелојална конкуренција: начините на заштитување на потрошувачите и др.
  • [C2458] [6 ЕКТС] Кривично право - посебен дел
    Посебниот дел на кривичното право е систем на законски одредби за кривичните дела и санкциите за тие дела. Предмет на посебниот дел е одредување на тоа кои поведенија на човекот ќе бидат констатирани како кривични дела и какви ќе бидат обликот и обемот на казнено-правната реакција за нивното вршење спротивно на поставените забрани.
  • [CCR-303] [6 ЕКТС] Криминологија
    Цел на овој предмет е да се проучува феноменологијата и етиологијата на криминалитетот. Во рамките на овој предмет ќе се проучуваат формите на појавување на криминалитетот, динамиката, структурата како и причините кои влијаат во појавувањето на истиот. Ќе се проучуваат надворешните, микрогрупните и внатрешните фактори на криминалитетот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од други единици
    • [CPA-101 ] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [6 E2843] Трудово и право на социјално осигурување
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108 ] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [E2841] Медиумска и информациска писменост
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [E2505] Прекршочно право
    • [E2507] Еколошки криминалитет
    • [ECR-601] Eкономски криминалитет
    • [ELE-502] Криминална политика
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [CLE-704] Граѓанско процесно право (Парнично право)
    • [CLE-802] Финансиско право
    • [CLE-805] Граѓанско процесно право (Вонпарнично и извршно право)
    • [C2454] Правна практика
    • [CLE-302] Трговско право
    • [CLE6010] Меѓународно приватно право
    • [CLE4030] Трудово и право на социјално осигурување
    • [CLE5020] Управно процесно право
    • [E2851] Административни прекршоци
    • [E2852] Родова еднаквост и недискриминација

Семестар 6

  • [CCR-603] [6 ЕКТС] Малолетничка деликвенција
    Областа на изучување на оваа научна дисциплина ја опфаќа појавата на детското престапништво, формите, причините и последиците од кривичните дела извршени од деца, односно лицата кои во времето на извршувањето на кривичното дело не наполниле осумнаесет годишна возраст. Студентите ќе се запознаат со криминолошките аспекти на некои од типичните облици на кривични дела извршени од деца, како што се: Кривични дела против имотот, против животот и телото, против безбедноста во јавниот сообраќај, против здравјето на луѓето итн. Студентите ќе стекнат знаења и за етиологијата на детската деликвенција, поточно причините/ризик-факторите кои влијаат на оваа појава, како што се: Микрогрупни фактори: Семејството, образованието, кругот на лицата со кои се дружат младите; Социопатолошки фактори: Наркоманијата, коцкањето, алкохолизмот, проституцијата како и субјективните/индивидуалните фактори. Посебно внимание се посветува на кривичните санкции кон децата, Превенцијата на детското престапништво и кривичната постапка против децата во согласност со позитивното законодавство на земјата. Се обработуваат и теми поврзани со извршувањето на кривичните санкции спрема децата.
  • [CLE-503] [6 ЕКТС] Кaзнено процесно право
    Казненото процесно право е научна дисциплина која ги проучува правните норми со кои се уредува положбата и овластувањата на процесните странки и другите субјекти кои учествуваат во кривичната постапка, видот, формата и условите за преземање на процесните дејствија. Предмет на изучување на оваа научна дисциплина е и системот на правните лекови – редовни и вонредни, како и посебните постапки.
  • [CCR-4022] [6 ЕКТС] Kриминалистичка техника
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со основниот дел од криминалистиката, а тоа е криминалистичката техника. Всушност, студентите ќе се запознаат со техничко-научните методи кои се практикуваат при регистрација и идентификација на лица и предмети, за пронаоѓање и обезбедување материјални траги на кривични дела од различен карактер, со цел нивно расветлување и докажување.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [E2505] Прекршочно право
    • [E2507] Еколошки криминалитет
    • [ECR-601] Eкономски криминалитет
    • [ELE-502] Криминална политика
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [CLE-704] Граѓанско процесно право (Парнично право)
    • [CLE-802] Финансиско право
    • [CLE-805] Граѓанско процесно право (Вонпарнично и извршно право)
    • [C2454] Правна практика
    • [CLE-302] Трговско право
    • [CLE6010] Меѓународно приватно право
    • [CLE4030] Трудово и право на социјално осигурување
    • [CLE5020] Управно процесно право
    • [E2851] Административни прекршоци
    • [E2852] Родова еднаквост и недискриминација
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од други единици
    • [CPA-101 ] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [6 E2843] Трудово и право на социјално осигурување
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108 ] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [E2841] Медиумска и информациска писменост
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции

Семестар 7

  • [CCR-4023] [6 ЕКТС] Kриминалистичка тактика
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со посебниот дел од криминалистиката или поточно делот познат како криминалистичка методика, како наука што се занимава со откривање, расветлување и докажување на поединечни дела од криминална природа. На крајот од предметот студентите ќе: - Стекнат основни познавања од науката криминалистичка методика; - Можат да ги разликуваат поимите тактика, техника и криминалистичка методика; - Можат да применуваат соодветни методи при расветлување на кривични дела од различни области како и од иста област; - Можат да ги менаџираат полициските активности во насока на расветлување и докажување на криминални ситуации од различен карактер.
  • [CCR-403] [6 ЕКТС] Виктимологија
    Целта на овој предмет е да се анализира положбата на жртвата на кривичното дело од разни аспекти. Ќе се проучува виктимолошката феноменологија и етиологија, формата, обемот, структурата и динамиката на виктимизацијата, како и разните фактори кои влијаат на виктимизацијата.
  • [ELE-604] [6 ЕКТС] Организиран криминал
    Во однос на темите што се предвидени по овој предмет, по завршување на предвидената програма студентите ќе: - Имаат основни познавања за организираниот криминал; - Можат да ги направат основните разлики помеѓу поимите организиран криминал, криминал и транснационален криминал; - Го знаат начинот на делување на криминалните организации; - Ги знаат за елементите кои го сочинуваат организираниот криминал; - Имаат познавања во однос на методите кои се применуваат во криминални појави од типот на организиран криминал; - Поседуваат основни знаења и вештини за преземање мерки и активности, поточно конкретни методи за откривање, разјаснување и документирање на криминални ситуации кои се поврзани со организираниот криминал.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [E2505] Прекршочно право
    • [E2507] Еколошки криминалитет
    • [ECR-601] Eкономски криминалитет
    • [ELE-502] Криминална политика
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [CLE-704] Граѓанско процесно право (Парнично право)
    • [CLE-802] Финансиско право
    • [CLE-805] Граѓанско процесно право (Вонпарнично и извршно право)
    • [C2454] Правна практика
    • [CLE-302] Трговско право
    • [CLE6010] Меѓународно приватно право
    • [CLE4030] Трудово и право на социјално осигурување
    • [CLE5020] Управно процесно право
    • [E2851] Административни прекршоци
    • [E2852] Родова еднаквост и недискриминација
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [CCR-801] Меѓународен тероризам
    • [ELE-402] Компјутерски криминалитет
    • [E2510] Трговија со луѓе
    • [ELE-603] Судска медицина
    • [E2512] Разузнавање и разузнавачки служби
    • [ELE-505] Компаративно казнено право

Семестар 8

  • [ECR-401] [6 ЕКТС] Полициско право
    Имајќи предвид дека студентите кои ќе дипломираат на насоката безбедност и криминалистика се потенцијални кандидати за вработување во органите кои се борат против криминалот, пред сѐ во Министерството за внатрешни работи, повеќе од потребно е тие да стекнат знаења во однос на нивните овластувања и одговорност при секојдневната работа. Овие податоци се содржани во Законот за кривична постапка и Законот за полиција. Имајќи го предвид наведеното, целта на овој предмет е токму запознавањето на студентите со законската регулатива од оваа област да бидат во состојба правилно и согласно законската регулатива да ги применуваат своите обврски во нивниот делокруг на работа како идни припадници на институциите на системот кои се борат против криминалот.
  • [CCR-602] [6 ЕКТС] Пенологија
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со патологијата како наука за извршување на кривичните санкции. Посебен проблем во справувањето со криминалитетот е нејзината политика за превенција и контрола. Во рамките на овој предмет особено ќе се третираат видовите на кривичните санкции и начинот на нивно извршување, организирањето на затворите и другите институции за рехабилитација на затворениците и методите за нивна реинтеграција во заедницата.
  • [CCR-502] [6 ЕКТС] Криминалистичка методика
    Криминалистичката методика е посебен дел од криминалистичката тактика која ги проучува и ги утврдува начините и методите за откривање на посебните видови или групи кривични дела и на нивните сторители. Оваа дисциплина ги проучува и разликите кои се манифестираат при преземање на истражните дејствија на разните кривични дела. Во рамките на овој предмет студентите посебно ќе учат за методиката на истражување и на откривање некои кривични дела, како на пример методика на истражување и откривање убиства, разни контрабанди, терористички акти, корупција, сообраќајни несреќи, воени злосторства итн.
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [CCR-801] Меѓународен тероризам
    • [ELE-402] Компјутерски криминалитет
    • [E2510] Трговија со луѓе
    • [ELE-603] Судска медицина
    • [E2512] Разузнавање и разузнавачки служби
    • [ELE-505] Компаративно казнено право
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [E2505] Прекршочно право
    • [E2507] Еколошки криминалитет
    • [ECR-601] Eкономски криминалитет
    • [ELE-502] Криминална политика
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [CLE-704] Граѓанско процесно право (Парнично право)
    • [CLE-802] Финансиско право
    • [CLE-805] Граѓанско процесно право (Вонпарнично и извршно право)
    • [C2454] Правна практика
    • [CLE-302] Трговско право
    • [CLE6010] Меѓународно приватно право
    • [CLE4030] Трудово и право на социјално осигурување
    • [CLE5020] Управно процесно право
    • [E2851] Административни прекршоци
    • [E2852] Родова еднаквост и недискриминација
Google+