Целта на студиската програма Граѓанско право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на граѓанско-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на граѓанското право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на граѓанското право на Република Северна Македонија, како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.
Дипломата на студиската програма ќе им овозможи на студентите на докторските студии да бидат оспособени за научно-истражувачката работа во областа на граѓанско-правните науки како и за изведување настава во универзитетите во државава и во странство, при што активно ќе бидат вклучени и во процесот на зацврстување на ресурсите на дејностите на државната власт во контекст на процесот на евроатлантските интеграции на земјава.
Знаење и разбирање
- Има детални сознанија за граѓанското право, како материјалното така и процедуралното право, како и за основните норми во клучните области на граѓанското право.
- Има детални знаења за принципите и институти на граѓанското право, вклучувајќи ги и нивното потекло и нивната содржина.
- Процена на области на граѓанското право на критичен, научен и на практичен аспект.
Примена на знаењето и разбирањето
- Развива и унапредува аналитички и истражувачки способности на изборот на проблеми во теорија и во практика преку употребата на законските акти и судската практика.
- Идентификува и анализира најкомплексни проблеми, земајќи активно учество во сите фази на граѓанската постапка и може да толкува комплексно прашање од граѓанското законодавство.
Способност за проценка
- Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
- Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.
Комуникациски вештини
- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на граѓанско-правните науки.
- Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во сите фази на граѓанско-судската постапка.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
- Развива правилник за истражувачка работа кој се употребува во неговата професија.
- Развива практика на продолжено учење, ангажирајќи се при обучување лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.
Семестар 1
-
[DLAW0101]
[10 ЕКТС]
Методологија на истражување
Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на докторска теза. Главните цели на предметот се на студентите да им се понудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци и за кавалитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники, како што се статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирањето. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање квалитатаивни податоци, финално вклучување на сите тероетски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
-
[C2370]
[10 ЕКТС]
Граѓанско право (примената програма)
Цели на предметот:
•Стекнување напредни знаење од граѓанското право, овозможувајќи им на студентите
да докажуваат зошто во одредени животни ситуации се применуваат нормите на
граѓанското право;
•Да ги оспособи студентите соодветно да ги толкуваат нормите кои го регулираат
предметот граѓанско право;
•Да ги идентификуваат правните норми кои се релевантни за решавање на конкретен
граѓанско-правен случај;
•Да развиваат критички вештини за анализа и толкување на различни норми на
граѓанското право од најважните правни системи преку компаративниот метод;
•Да се поттикне аналитичко и критичко размислување во врска со проблемите со кои се
соочува граѓанското право денес во РСМ.
-
[10 ЕКТС]
Изборен предмет
-
[E2783] Споредбено граѓанско право
Цели на предметот:
•Студентите да стекнат основно знаења за најважните аспекти на компаративното право;
•Запознавање на студентите со компаративната методологија во изучувањето на граѓанското право;
•Овозможување подобро разбирање за националното право преку изучување на странските права;
•Развивање на критички вештини за анализа и толкување на различни норми на граѓанското право од најважните правни системи преку примена на компаративна методологија.
-
[E2784] Европско семејно право
Во овој предмет студентите на докторските студии ќе се фокусираат само во најважните и најновите институции на семејното право: современото семејство; брачни прашања - престанок на бракот, родителска одговорност, старателство над детето по развод на бракот (заедничка родителска одговорност по развод), поделба на заедничкиот имот на брачните партнери; брачен договор; прашања за заштита на децата - злоупотреба и занемарување на децата и системот на благосостојба на децата; нивниот фокус исто така може да се ориентира како и на една од субспецијалистичките области - Меѓународно семејно право; реформи во семејното законодавство на РСМ; Меѓународните права на децата - pro future; Застапеност на истополовите семејства; Создавање семејство преку нова технологија за вештачка репродукција и сите методи за биомедицинско потпомогнато оплодување. Студентите исто така ќе научат околу унификацијата и хармонизацијата на семејното право во Европа како и за улогата и придонесот на Комисија за европско семејно право во овој поглед. Преку овој предмет студентите ќе научат за надлежноста на Европската унија во семејните прашања, тие, исто така ќе ги анализираат и толкуваат пресудите во однос на членот 8 од Европската конвенција за човекови права.
-
[E2785] Право на интелектуална сопственост
Целта на предметот Право на интелектуална сопственост е оспособи студентите да се оспособат за:
-Да го разберат комплексниот систем на правото на интелектуална сопственост, како и неговото правно уредување;
-Да ги разберат различните видови права на интелектуална сопственост и начинот на нивното креирање, остварување и заштита;
-Да можат на соодветен начин да ги стават во промет правата на интелектуална сопственост;
-Да се подготват за полагање на стручни испити за застапници во областа;
-Да стекнат способност за ефикасна примена на регулативата од оваа област, како ново и перспективно правно подрачје.
-
[E2786] Споредбено наследно право
Цели на предметот:
Во овој предмет студентите на докторските студии ќе се фокусираат на најзначајните карактеристики на наследно-правните системи во Европа и другите држави во светот како во континенталното така и во англо-санксонското право. Преку овој предмет студентите, исто така, ќе ги анализираат и пресудите на Европскиот суд за човекови права од сфера на наследувањето. Посебно внимание ќе се посвети на наследно правните договори како и на хармонизацијата на наследното право.
Семестар 2
-
[DCV01033]
[10 ЕКТС]
Граѓанско процесно право (примената програма)
Цели на предметот:
-Да ги оспособи студентите самостојно да ги идентификуваат и критички да ги анализираат основните институти на граѓанско- процесното право;
-Да развива вештини за примена на стекнатите знаења во практиката во врска со водењето на граѓанско судските постапки.
-
[E2782]
[10 ЕКТС]
Деловно право (применета програма)
Цели на предметот: Да им овозможи на студентите да се запознаат со правните правила за извршување на некоја дејност. Начинот на организирање на деловните субјекти, условите за основање и упис на деловните субјекти и трговец – поединец како и начините на престанување на деловните субјекти; начините за основање на некој деловно-правен однос, условите за воспоставување на тие односи, ефектите и последиците; работата со хартиите од вредност: начините за заштита на правата на индустриска сопственост и начините на заштитување на деловните субјекти од нелојална конкуренција: начини за заштита на потрошувачите и др.
-
[10 ЕКТС]
Изборен предмет
-
[E2783] Споредбено граѓанско право
Цели на предметот:
•Студентите да стекнат основно знаења за најважните аспекти на компаративното право;
•Запознавање на студентите со компаративната методологија во изучувањето на граѓанското право;
•Овозможување подобро разбирање за националното право преку изучување на странските права;
•Развивање на критички вештини за анализа и толкување на различни норми на граѓанското право од најважните правни системи преку примена на компаративна методологија.
-
[E2784] Европско семејно право
Во овој предмет студентите на докторските студии ќе се фокусираат само во најважните и најновите институции на семејното право: современото семејство; брачни прашања - престанок на бракот, родителска одговорност, старателство над детето по развод на бракот (заедничка родителска одговорност по развод), поделба на заедничкиот имот на брачните партнери; брачен договор; прашања за заштита на децата - злоупотреба и занемарување на децата и системот на благосостојба на децата; нивниот фокус исто така може да се ориентира како и на една од субспецијалистичките области - Меѓународно семејно право; реформи во семејното законодавство на РСМ; Меѓународните права на децата - pro future; Застапеност на истополовите семејства; Создавање семејство преку нова технологија за вештачка репродукција и сите методи за биомедицинско потпомогнато оплодување. Студентите исто така ќе научат околу унификацијата и хармонизацијата на семејното право во Европа како и за улогата и придонесот на Комисија за европско семејно право во овој поглед. Преку овој предмет студентите ќе научат за надлежноста на Европската унија во семејните прашања, тие, исто така ќе ги анализираат и толкуваат пресудите во однос на членот 8 од Европската конвенција за човекови права.
-
[E2785] Право на интелектуална сопственост
Целта на предметот Право на интелектуална сопственост е оспособи студентите да се оспособат за:
-Да го разберат комплексниот систем на правото на интелектуална сопственост, како и неговото правно уредување;
-Да ги разберат различните видови права на интелектуална сопственост и начинот на нивното креирање, остварување и заштита;
-Да можат на соодветен начин да ги стават во промет правата на интелектуална сопственост;
-Да се подготват за полагање на стручни испити за застапници во областа;
-Да стекнат способност за ефикасна примена на регулативата од оваа област, како ново и перспективно правно подрачје.
-
[E2786] Споредбено наследно право
Цели на предметот:
Во овој предмет студентите на докторските студии ќе се фокусираат на најзначајните карактеристики на наследно-правните системи во Европа и другите држави во светот како во континенталното така и во англо-санксонското право. Преку овој предмет студентите, исто така, ќе ги анализираат и пресудите на Европскиот суд за човекови права од сфера на наследувањето. Посебно внимание ќе се посвети на наследно правните договори како и на хармонизацијата на наследното право.
Семестар 3/4
-
[DCV0104]
[10 ЕКТС]
Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
По вториот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање методологија за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација.
-
[C2378]
[30 ЕКТС]
Научно-истражувачка работа
Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет.
-
[PHD-S3-S4-02]
[15 ЕКТС]
Публикации I
Публикација (издавање) на истражувачките активности според табелата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
-
[C2020]
[5 ЕКТС]
Студентска мобилност
Целта на мобилноста на докторантите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од другите европски земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација.
Семестар 5
-
[DCV0105]
[20 ЕКТС]
Презентација на резултатите од истражувањето
На крајот на 5. семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот ќе ги презентира јавно вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето.
-
[PHD-S5-01]
[10 ЕКТС]
Публикации II

Семестар 6