Целта на студиската програма Уставно и управно право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на уставно - управните сознанија за приближување кон правничките професии кои се поврзани со оваа област и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на уставното и управното право на Р. Северна Македонија, како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.
Дипломата на студиската програма ќе им овозможи на студентите на докторските студии да бидат оспособени за научноистражувачката работа во областа на уставно-управните правни науки како и за изведување настава во универзитетите во државава и во странство, при што активно ќе бидат вклучени и во процесот на зацврстување на ресурсите на дејностите на државната власт во контекст на процесот на евроатлантските интеграции на земјава.
Знаење и разбирање
- Покажува систематско разбирање на полето на истражување и совршено познавање на методи и вештини за истражување во рамките на уставното и управното право според највисоките меѓународни стандарди.
Примена на знаењето и разбирањето
- Покажува способност уставно и управно да толкува, дизајнира, применува и адаптира суштински предмет на истражување со научен интегритет;
- Дава придонес преку оригинални истражувања кои ги надминуваат постојните граници на знаење, развивајќи нови знаења, вреднувани на ниво на национални и меѓународни рецензирани публикации од областа на уставното и управното право.
Способност за проценка
- Способност за критичка анализа, оценување и синтеза на нови и сложени идеи, имајќи компетенции за проценка;
- Способност за независно иницирање и учество во национални и меѓународни истражувачки мрежи и настани со научен интегритет;
- Способност за независно иницирање на истражувачки и развојни проекти, преку кои ќе генерира нови знаење и вештини за развој на уставното и управното право.
Комуникациски вештини
- Може да комуницира со своите колеги, пошироката академска заедница и со општеството во целина во рамките на областа на уставното и управното право.
Вештини на учење
- Се очекува да биде способен да сe промовира во академски и професионални рамки и во технолошкиот, општествениот или културниот развој во општество засновано на знаење.
Семестар 1
-
[DLAW0101]
[10 ЕКТС]
Методологија на истражување
Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на докторска теза. Главните цели на предметот се на студентите да им се понудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци и за кавалитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники, како што се статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирањето. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање квалитатаивни податоци, финално вклучување на сите тероетски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
-
[C2010]
[10 ЕКТС]
Уставно право - продлабочена програма
Цел на предметната програма е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени и напредни знаења од областа на уставното право како гранка на правото и како научна дисциплина и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на уставното право, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.
Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:
-да го разберат поимот и содржината на уставното право
-да ги разберат изворите на уставното право
-да разликуваат уставно право како гранка на правото и уставно право како научна дисциплина
-да ги разберат моделите на организација на власта и да можат да го определат типот на организација на власт во Република Северна Македонија
-да ги осознаат предизвиците во регулирањето и спроведувањето на уставните одредби за човековите права
-да се оспособат за анализа на уставните норми во Република Северна Македонија
-да добијат продлабочени и напредни сознанија за уставниот систем на Република Северна Македонија
-аналитички и критички да ги согледаат уставно-правните проблеми кои се јавуваат во праксата.
-
[C2011]
[10 ЕКТС]
Управно право - продлабочена програма
Цели на предметната програма:
-Напредно дефинирање и критичко размислување за администрација и административна функција;
-Напредно и продлабочено познавање и анализа и критика на правната регулатива со која се уредува организацијата и функционирањето на јавната администрација во РСМ;
-Критичко разграничување помеѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат напредните техники и вештини на создавање такви акти;
-Критичко осознавање на механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги.
Семестар 2
-
[DCAL0104]
[10 ЕКТС]
Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање методологија за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација
-
[10 ЕКТС]
Изборен предмет
-
[EDCAL01] Споредбени управни системи
Целта на овој предмет е студентите да се стекнат и да ги покажат своите теоретски исцрпни знаење за значењето и можностите на споредбените анализи на споредбените административни системи. Студентите ќе бидат запознаени со значењето на споредбените административни системи согласно тоа и политичкиот систем во различни држави, преку запознавање со различните организациони административни системи на државите правејќи компарации од компаративен и легислативен аспект. Споредбата на државната администрација се однесува посебно помеѓу европските земји како и помеѓу земјите во развој. Предметот е насочен кон проблемите при примената на компаративните методи и проучувањето на споредбените административни системи; толкувањата на главните модели, принципи и насоки на реформите во јавната администрација; докажување на примената на стекнатите знаења со примери; објаснување на случаи на успешни и неуспешни реформски мерки и влијателни фактори; Анализа на различните реформски мерки и да се споредат трендови во рамките на Европскиот административен простор.
-
[EDCAL02] Конституционализмот и човековите права
Целта на овој предмет е да им понуди на студентите продлабочени знаења за содржината на човековите права, особено согласно европските стандарди и да им помогне да ги развијат своите аналитички способности да оценат состојба во која постои кршење на одредено човеково право.
Овој предмет ќе им овозможи на студентите:
- да го разберат концептот на универзализам и културен релативизам во рамките на теоријата на човековите права;
- да ги осознаат филозофските основи на човековите права;
- да ги сфатат елементите на конкретни човекови права и модалитетите на нивна заштита во различни правни системи;
- да ги осознаат предизвиците во регулирањето и спроведувањето на одредбите за човековите права;
- да ги согледаат начините на толкување на Европската конвенција за човековите права;
- да се оспособат за правна анализа на одредбите за човековите права;
- да го согледаат контекстите на уставните и другите правни решенија за човековите права;
- да го согледаат влијанието на различни филозофски концепции врз правните одредби кои се однесуваат на човековите права;
- да оценат постоење на случај на кршење на човеково право;
- аналитички и критички да размислуваат за прашања поврзани со човековите права.
-
[E2489] Уставно процесно право
Целта на предметната програма е да им понуди на студентите продлабочени и напредни знаења и вештини за разните видови постапки пред уставните органи во Република Северна Македонија, како: постапката за донесување и менување на уставот, постапката за донесување и измена на законите; анализа на критичкото толкување на уставот и на законите; постапката за уставната одговорност на највисоките уставни институции на РСМ; и критички и напредно да го согледат владеењето на правото и заштитата на човековите слободи и права наспроти државната власт во РСМ како и пред Европскиот Суд за Човекови Права во Стразбург.
-
[E2490] Современи трендови на политичките системи
Основна цел на предметот е да ги снабди студентите со напредни знаења околу функционирањето на политичките системи кои се среќаваат денес ширум светот, опфаќајќи ги тука не само тие политички системи кои се сметаат како демократски. Предметот е така структуриран да ги снабди студентите со соодветни напредни теоретски знаења околу основните теории и концепции за политичките системи, но истовремено тие да се запознаат и со практичното функционирање на повеќе политички системи во светски рамки.
Од овој аспект гледано како основни посебни цели на овој предмет може да се наведат следните:
Студентите да се запознаат со политичките системи од аспект на нивниот поим, специфичности и историски развој.
Студентите да се стекнат со напредни знаења околу главните теории и концепции за политичките системи.
Студентите да се запознаат со напредните пристапи кон класификација на политичките системи.
Студентите да се оспособат да ги распознаат спецификите на одделни политички системи.
-
[E2491] Споредбени уставни системи
Целта на предметната програма е стекнување на продлабочени и напредни знаења за уставните системи од споредбен аспект, со цел стекнување на аналитички вештини за основните вредности заштитени со уставот од споредбен аспект.
Предметната програма ќе им овозможи на студентите:
-да го разберат влијанието на уставните системи врз другите уставни системи
-критички да ги евалуираат елементите на организација на државната власт
-да го согледаат правниот, филозофскиот, политичкиот и социолошкиот контекст н разните уставни решенија
-да ја согледаат неприменливоста на одредени уставни решенија во други уставни системи
-да се унапреди критичкото и аналитичкото размислување на студентите за разните уставни решенија од споредбен аспект во регионален, европски и светски контекст.
-
[E2492] Современи трендови на локалната самоуправа
Основна цел на предметната програма е сестрано и критички да се да се анализира феноменот на локалната самопуправа во услови на глобализација как темелна придобивка на современата еворпска демократија и како нуѓна и ефикасна противтежа на централната власт како и најдобра школа за демократија и добро владеење. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат напредни знаења за локалната самопуправа, продлабочувајќи ги знаењата стекнати во другите предмети од оваа правна област.
-
[E2493] Уставно право на ЕУ
Целта на предметната програма е да им понуди на студентите продлабочени и напредни знаења за уставната рамка и содржина на ЕУ; уставните принципи и практики на ЕУ; уставните слободи и права во ЕУ; да критички да се запознаат со прецедентното право во рамките на ЕУ.
-
[E2494] Управно право на ЕУ
Целта на предметната програма е консолидирање на мноштво заклучоци од доменот на управното право, човековите права, законодавство на Европската унија од разни доктринарни аспекти, судска практика, носители на одлуки. Новите генерации на правници на РСМ ќе се занимаваат со управното право од европска перспектива, и затоа, тие треба да ги добијат напредните сознанија за присутните тенденции во развојот на управното право на ЕУ и на земјите-членки на Европската унија во чие заедништво се стреми и Република Северна Македонија.
-
[E2495] Управни договори и јавна администрација
Целите на наставниот предмет се состојат во стекнување на сознанијата за појавата, развојот и облиците на управните договори како специфични јавни договори во теоретско, практично и компаративно правно рамниште.

Семестар 3/4
-
[PHD-S3-S4-01]
[40 ЕКТС]
Научно-истражувачка работа
Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет.
-
[PHD-S3-S4-02]
[15 ЕКТС]
Публикации I
Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
-
[C2020]
[5 ЕКТС]
Студентска мобилност
Во текот на четвртиот семестар студентот треба да реализира мобилност во научна или во друга релевантна институција во траење од најмалку една недела вон државава. Целта на мобилноста на докторантите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од други земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација. За реализираната мобилност студентот до менторот доставува потврда од институцијата.
Семестар 5
-
[DCAL0105]
[20 ЕКТС]
Презентација на резултатите од истражувањето
На крајот на 5-от семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето ќе ги презентира јавно.
-
[PHD-S5-01]
[10 ЕКТС]
Публикации II

Семестар 6