По завршување на оваа програма студентите ја стекнуваат титулата доктор на филолошки Ннуки во областа на англиските студии. Оваа програма е фокусирана, пред сѐ на лингвистика, култура, превод, методологоја за подучување на англиски како странски јазик (EFL). Со тим од локални професори и професори на кои англискиот им е мајчин јазик кои се најдобро кваликувани да предаваат со користење на најсовремените методи, нашата катедра е мошне почитувана во регионов и го нуди најдоброто од современата јазичка настава. Докторската програма следи еден иновативен дизајн кој поддржува оригинално истражување заедно со изборните предмети поврзани со предметот кои ќе го предлабочат постојното знаење на студентите во оваа област. Сите предавачи вклучени во докторската програма се искусни истражувачи со докажани публикации од областа на англиската книжевност, лингвистика и подучување на англискиот јазик. Програмата им овозможува на студентите да следат една структурирана патека на академскиот развој со можности да ги презентираат резултатите од истражувањето и да ги објавуваат научните трудови во параметрите на програмата. Студентите ќе имаат корист од можностите за интеракција со врсниците и колегите при што идеите можат да бидат тестирани и развиени. На овој начин, вклученоста во докторските студии за англиски може да биде вреднувано и како искуствен предизвик.
Успешните студенти на докторската програма по англиски може да очекуваат да имаат широк спектар на наставни можности кои им се достапни во третиот степен на средно ниво (средно училиште). Всушност, само носителите на квалификацијата доктор на науки ќе бидат во можност да предаваат на ниво на универзитет во секторот на високото образование после 2015. Меѓутоа, опциите за кариера не се ограничени на академски професии и успешните студенти можат да изберат да влезат во голем број други области, вклучувајќи: државна администрација, дипломатска служба, работење за невладини организации во сферата на културната политика и културното посредување исто така и во работа како преведувачи и толкувачи; или во областа на медиумите и во издавачките куќи; или во меѓународните корпорации или туризам.
Знаење и разбирање
- Покажува систематско разбирање на избраното поле на истражување и перфектно знаење на методите и вештините на истражување.
- Демонстира специјалистичко знаење на применетата лингвистика, англиската книжевност, култура и цивилизација на земјите што зборуваат англиски.
- Има професионално знаење и разбирање на главните трендови на методологијата на учењето на нглискиот јазик на второто и третото ниво.
- Стекнува академски капацитет за независно академско истражување.
Примена на знаењето и разбирањето
- Покажува способност да толкува, да дизајнира, да примени и да прилагодува неопходен предмет на истражување со научен интегритет.
- Придонесува со оригинални истражувања кои ги пречекоруваат постојните граници на знаење, развива ново знаење, оценувано на национални и интернационални настани.
- Употребува академски англиски во пишувањето и во зборувањето на научен начин со намера да пренесува нови идеи и пронајдоци.
Способност за проценка
- Покажува способност за критична анализа, за евалуација и за синтеза на нови комплексни идеи.
- Покажува способност за независно да иницира и да партиципира на национални и интернационални истражувачки мрежи и случувања.
- Покажува способност независно да иницира истражување и проекти на развој со кои новото знаење ќе придонесува на истражувачкото поле.
- Може да направи комплексни методолошки процени во дизајнирање на истражување и анализа во сферата на студиите на англиски јазик и литература.
Комуникациски вештини
- Може да комуницира со своите колеги/ колешки, со пошироката академска заедница и целото општество за избраната сфера на експертиза.
- Покажува комуникациска компетенција во училницата во врска со менаџирањето на училницата во второ и трето ниво.
- Покажува способност да одржува јасност на англискиот јазик во дискутирање на комплексни идеи на пишувана и вербална форма.
Вештини на учење
- Да биде способен да се промовира во еден академски професионален систем.
- Во состојба е да го унапредува своето истражување со технолошката, социјалната или културната рамка на општеството базирано на знаење.
- Независно може да го истражува кој и да било предмет поврзан со неговото/ нејзиното поле употребувајќи учење и истражувачки способности.
Семестар 1
-
[C2469]
[10 ЕКТС]
Методологија на истражување
Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научна работа, кои на студентите им создаваат многу тешкотии. Практичните вежби ќе им помогнат во тоа како треба де се однесуваат во библиотека, како да напишат писмена работа, реферати, семинарска работа или слично. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување тема, библиографија, правила за цитирање, научни шифри, организирање на работата итн.
-
[C2471]
[10 ЕКТС]
Клучните прашања во подучувањето на јазикот и литературата
Целта на овој предмет е да се запознаат докторантите со некои најважни теми на применета лингвистика. Во негови рамки се комуникативната функција на јазикот во сите сфери на општествената практика, од аспект на употребувањето на нејзините резултати добиени во практиката. Во класичните задачи на применетата лингвистика спаѓа изучувањето на јазикот, контрастивна лингвистика – тоа значи споредба на јазиците германско-албански и германско-македонски, меѓукултурна комуникација, превод и толкување, стручниот јазик и терминологијата. Според тоа применетата лингвистика се однесува на стручната и општата комуникација во институциите и во медиумите итн. Покрај тоа ќе се третираат и некои теми од областа на германската литература.
-
[C2470]
[10 ЕКТС]
Пишување на докторската дисертација
Преку овој предмет студентите се оспособуваат да извршуваат самостојно научно истражување, односно да го пишуваат докторскиот труд. Преку предметот студентите ќе ги стекнат потребното знаење, способност и доверба за успешно истражување. Поради тоа, има повеќе соработка и дискусии отколку кај предметите кои се базирани на предавање. Од студентите се очекува да учествуваат активно во дискутиите.
Семестар 2
-
[DLCC0104]
[10 ЕКТС]
Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање методологија за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација
-
[10 ЕКТС]
Изборен предмет
-
[EDLCC0104] Изучување на странските јазици
Целта на ова предавање е докторантите да ги запознае со проблемите на теоријата на изучувањето на странските јазици, со различните аспекти на изучувањето на јазикот како и со методолошкото знаење на емпириското истражување во полето на изучувањето на странските јазици. Во рамките на овој предмет ќе се објаснуваат битните модели на изучувањето на странскиот и вториот јазик (на пр. Контролирано - неконтролирано - мешано), начини на билингвизам, односно на повеќејазичноста; психолингвистички базирани модели на предавања (на пр. мониторинг теорија, фокусирање на формите, интеракциски пристапи), истражувачки резултати за L2- стадиум на изучување на јазиците, за латерализација итн., социолингвистички пристап (симплифициран регистар, codeswitch итн.); индивидуални варијабилности како возраста или когнитивен стил; проширени концепти, како на пр. психологијата на споредба на културите. Преку овој курс се надополнуваат и се продлабочуваат основните знаења од оваа област.
-
[EDLCC0103] Социолингвистика и јазикот на образованието
Преку овој предмет студентот се запознава основните концепти и со темите на социолингвистиката: варијанти на јазикот, лингвистички варијации и промени, варијабли на говорникот, социјална мрежа и говорна заедница, анализа на дискурсот и етнографија на комуникацијата како и на јазикот и полот. Предметот е фокусиран на варијација на лингвистичките системи и на улогата на говорниците во имплементирањето и ширењето на јазичните промени. Импликациите од овие идеи за такви области како што се јазикот и образованието се обработуваат. Следниве апликации на социолингвистиката ќе се разгледуваат: јазичната политика и планирање; односите меѓу јазикот и општеството; јазичниот контакт; тековните истражувања, дебати и идеи од различни традиции во социолингвистика.
-
[E2545] Напредно академско пишување
Главните цели на овој предмет се стекнување јасен академски стил на пишување и за подобрување на структурата и доследноста на текстови и параграфи. На граматичката точност и проширувањето на вокабуларот подеднакво им се обрнува внимание. По воведувањето на општиот академски стил и вокабулар, овој предмет се фокусиран на различни делови на научни трудови (апстракти, испитување на литература, воведувања, излагања, дискусии, заклучоци). Голем дел од овој предмет е посветен на критичното разгледување на писмената работа на учесниците на предметот. Притоа ќе обрне внимание на развојот на речникот, со посебен фокус на нијанси меѓу синоними во глаголски времиња и модални глаголи и ќе се освежат студентските знаења на јазикот.
-
[EDLCC0101] Мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, каде има најмалку две форми на ваков национализам, кога едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата во третиот циклус на студии ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
[E2856] Меѓународна комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние меѓународни комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладаат процесот на анализа на различни меѓународни комуникациски ситуации, како и соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и меѓународната комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
[EDELL0102] Шекспир и неговото време
Овој мудул има за цел да истражи пет до шест клучни текстови на Шекспир од широк спектар на преспективите, вклучувајќи извори и прекурзори, контекстите на производство и рецепција, и претставите "afterlives" во печат, работа и работата на другите писатели. Модулот ќе истражува како драмите дојдоа во постоење, како тие го постигнале својот уникатен статус во англиската литература и култура, и како доминацијата на Шекспир била предизвик и продолжува да биде. Модулот целосно му обраќа поголемо внимание на одредени можности на театарот како начин на културна продукција. Затоа, внимание ќе му биде посветено на развојот на драмскиот жанр, интеракцијата помеѓу различни драматурзи, и преку испитување на други видови на текстови напишани во периодот (памфлети, поезија и еден превод на една класична драма) на врските меѓу драмите и прашањата кои ја преокупираат современата публика.
-
[EDELL0103] Книжевна теорија
Во рамките на овој прдмет се опфаќаат критички и теоретски пристапи за литературни и филмски студии, вклучувајќи ја работата на авторството, текстови и читање, идеологијата и моќта, полот, сексуалноста, расата, местото и постколониализмот. Притоа ќе се следи промената во теорискиот дискурс од либерално-хуманистичките перспективи во почетокот на дваесетиот век и ќе се анализираат разните облици на постструктурализмот и постмодернизмот. Теориите на дискусија ќе вклучат деконструкција, сорти на феминизмот, теории на „другите" и постколинијални дискурси, смртта на авторот и теориите на прием на читателот. Се охрабруваат студентите да го признават дијалогот и несогласувањето во рамките на теренот и ги воведува основните правила за унапредување во дисциплината на книжевните студирања.
-
[E2613] Трансатлантски модернизам
Цели на предметот:
-Студентите ќе треба да покажат способност да пишуваат задачи кои инволвираат истражување на соодветен академски начин, да употребат соодветна литературна терминологија и да дискутираат и презентираат материјал соодветен за ниво на докторски студии во усна дискусија или презентација.
-Студентите ќе треба да напишат два истражувачки есеи и една формална презентација за да детално ги анализираат трендовите и значајните фигури во Модернистичкото движење, со посебен акцент на разликите и интеракциите помеѓу Европскиот и Американскиот Модернизам. Секој труд ќе вклучи споредување од полето на историјата и уметноста.
-Студентите ќе треба да извршат споредби меѓу значајните фигури , жанрови и наративни техники со релевантни историски и социјални коментари.
-Студентите ќе треба да спроведат формално истражување кое ќе резултира со есеј за два посебни модернистички автори или поети и академска презентација за разликите помеѓу нив. Овие задачи бараат од студентите да го извршат истражувањето во социјален, историски и културен контекст сврзан со избраните автори.
-Од студентите ќе се бара да демонстрираат и да развијат вештини на истражување, пишување, аналитички вештини, вештини на усно аргументирање и дебатирање и создавање на соодветни истражувачки проекти.
-
[E2538] Анализа на англиски јазик
Предметот има за цел истражување на прашањата за јазично образование во врска со јазичните способности и образовните потреби на учениците кои бараат двојазична или мултијазична настава. Темите за кои се дискутира вклучуваат стекнување јазик, јазична педагогија, модели на програми, културни влијанија, обука на наставници и насоки на истражување. Исто така овој предмет цели да ги идентификува и анализира ставовите, претпоставките и верувањате за учениците по англиски јазик со цел да се артикулира како овие влијаат врз учењето на студентите.

Семестар 3/4
-
[PHD-S3-S4-02]
[15 ЕКТС]
Публикации I
Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
-
[C2019]
[5 ЕКТС]
Студентска мобилност
Во текот на четвртиот семестар студентот треба да реализира мобилност во научна или во друга релевантна институција во траење од најмалку една недела вон државава. Целта на мобилноста на докторантите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од други земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација. За реализираната мобилност студентот до менторот доставува потврда од институцијата.
Семестар 5
-
[DLCC0105]
[20 ЕКТС]
Презентација на резултатите од истражувањето
На крајот на 5-от семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето ќе ги презентира јавно.
-
[PHD-S5-01]
[10 ЕКТС]
Публикации II

Семестар 6