COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Политички науки (2020/2021)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: N-MPAPS120C
Академска година: 2020 / 2021
Титула: Магистер по политички науки
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение:

Преку програмата од вториот циклус Политички науки студентите ќе стекнат знаење за менаџмент, консалтинг, политички знаења, аналитички знаења, правни знаења, вештини и компетенции, кои ќе се применуваат во владините и во невладините организации.

- Во областа на политичките науки, јавните политики, управување со човекови ресурси, економијата и јавните институции и др.
- Обука и компетентност за управување и максимално искористување на ресурсите за стекнување нови знаења.
- Планирање нови политики од различни области кои се важни за државата и општеството.
- Подготовка за активно ангажирање во водечки научно-истражувачки проекти.
- Со стекнати научни и стручни знаења тие се подготвени да бидат вработени во специјализирани институции од различни области во јавниот и државниот сектор, приватниот сектор и граѓанското општество.

Знаење и разбирање

- Има напредни знаења за теоретските прашања кои се однесуваат на политичкиот живот.
- Има длабоко разбирање за значајните принципи и политичките процеси.
- Има одлично познавање во политичките науки, преку развој и примена на оригинални идеи од истражувачки контекст.

Примена на знаењето и разбирањето

- Може да асистира во решавање на проблемите од политичка природа преку институционален план.
- Во состојба е да го анализира, да го оценува и да го толкува постојниот политички систем на Македонија, и да изнаоѓа решение за проблемите кои се однесуваат не меѓуетничките односи.
- Може да земе активно учество во сите нивоа во институциите на политичкиот систем и да применува напредни знаења за политички прашања.
- Може да ги анализира главните аргументи во политички контекст, и да ги применува научните политички наоди во нови ситуации.
- Може да протолкува одредени податоци и истовремено да дискутира за нивната важност во политички живот.

Способност за проценка

- Да ги критикува актуелните политички прашања и да даде алтернативни решенија за нивно подобрување.
- Има способност да избере тема и да ја развие за одредена цел и за одреден аудиториум со цел почитување на различните политички перспективи.
- Да ги оценува предностите и слабостите на политички процеси во Македонија.
- Да аргументира и одбрани политички појави и да биде способен нив да ги оцени преку емпириски и теоретски методи.
- Да ја процени појавата на политичките институции, нивната работа, како тие комуницираат со нивната надворешна средина, и како тие ја влијаат на индивидуалното и колективното однесување.
- Да направи процена помеѓу анализата и мислата и да пресудува за политички феномени.

Комуникациски вештини

- Може да подготви политички говор и да употребува соодветна политичка терминологија.
- Може да ги истакне заклучоците на своите научни истражувања и знаењата пред поголем аудиториум надвор од традиционалната академска фела.
- Може да артикулира информации и идеи на политичките партии и на граѓаните.

Вештини на учење

- Може да го продолжи своето индивидуално учење, да се самообразува и да се унапредува во рамките на процесот на доживотно учење, грижејќи се за достапните ресурси во рамките на политичкиот систем.
- Може да презема иницијава за идентификување на потребите за учење на групите и институциите за комплексни специфични политички прашања.
- Во состојба е да ги обучи граѓаните за политичките права во согласност со македонскиот правен поредок.
- Демонстрира напредно познавање на приодите кон проучување на политичките науки, нормативни наспроти емпириски теоретски пристап, квалитативни спроти квантитативни стратегии на истражување и на класични и современи политички теории.

Семестар 1

  • [MCDP1020] [6 ЕКТС] Меѓународни институции
    Во рамките овој предмет се опфатени теоретски прашања во однос на меѓународните институции на универзално и регионално ниво, нивниот историски развој, улогата, функциите и надлежностите. Посебно внимание се посветува на прашањето на нивната улога во решавање на колективните прашања и проблеми во глобалната политика. Фокусот е на нивната улога во сферата на мирот и безбедноста, економскиот развој, правата на човекот, демократијата и владеењето на правото. Фокусот е ставен на главните тела воспоставени во рамките на институциите, задолжени за реализирање на поставените цели.
  • [MCPS1014] [6 ЕКТС] Разрешување на конфликти
    Во рамките на предметот се проучуваат судските и вонсудските процедури за решавање спорови помеѓу државите. Притоа се обработуваат улогата на преговорите, медијацијата и помирувањето и улогата на Обединетите нации за мирно решавање меѓународни спорови. Се проучува и системот на меѓудржавната арбитража: ад-хок и таа во рамките на веќе создадените трибунали како Иран-УСА, Трибуналот Клејмс и ИЦСИД. Ќе бидат изучувани практиките и процедурите на Меѓународниот суд за правда и негови капацитети, како и механизмот за решавање меѓународни спорови за човекови права, во трговското право и во поморското право.
  • [MCPS1015] [6 ЕКТС] Компаративни политики
    Предметот „Компаративни политики„ има за цел снабдување на студентите со знаења околу најразвиените политички системи во современиот свет, се разбира без да се остават на страна политичките системи на земјите што ја опкружуваат РСМ како и политичките системи на помалку развиените земји низ целиот свет. Овој предмет е дел од додипломските и постдипломските студии во најголемиот број на факултети од областа на јавната администрација, правните факултети и факултетите по политички науки. Во текот на целиот предмет ќе се прават паралелизми и споредбени анализи меѓу функционирањето на институциите на политичките системи во земјите кои ќе се изучуваат, како меѓусебно така и со случајот на политичкиот систем на РСМ во правец на изнаоѓање добри практики со кои би се унапредил и политичкиот систем на РСМ.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMPS1030] Анализа на јавни политики
    • [MCPS3310] Лидерство и организациски развој
    • [MCDP2030] Дипломатија и дипломатски методи
    • [EMPS1031] Светски политики
    • [MCDP2020] Европска унија: институции, политики и права
    • [EMPS1032] Етика во политиката
    • [EMPS1033] Меѓународен тероризам
    • [EMPS1034] Одржлив развој
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE15] ИТ-апликации за изработка на научен труд
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Eтички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMPS1030] Анализа на јавни политики
    • [MCPS3310] Лидерство и организациски развој
    • [MCDP2030] Дипломатија и дипломатски методи
    • [EMPS1031] Светски политики
    • [MCDP2020] Европска унија: институции, политики и права
    • [EMPS1032] Етика во политиката
    • [EMPS1033] Меѓународен тероризам
    • [EMPS1034] Одржлив развој
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE15] ИТ-апликации за изработка на научен труд
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Eтички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [MCPA3040] [6 ЕКТС] Политички менаџмент
    Основни цели на предметот: - Да стекнат основни знаења за поимите политика и менаџмент. - Да се запознаат со основните алатките и активностите во врска со разликување на политичките процеси според различни критериуми. - Да стекнат адекватни знаења за подготовка на анкета и теренско работење. - Да ги применат стекнатите знаења од другите предмети и да ја надградат посебната методологија за изработка на есеи и семинарска работа. - Да ги анализираат изборните процеси и начинот на изведување. - Да се оспособат да подготват политички говор и да се симулира појава на политички настан. - Да се способност за активна учество во дебата организирани од студентската унија. - Да подготват и да учествуваат во истражувачки проекти и да презентираат резултати на научноистражувачката дејност. - Да детерминираат различни начини и да употребуваат научните извори, да читаат селективно и компаративно и да ги анализираат политичките процеси.
  • [MCPS3010] [6 ЕКТС] Mеѓународно јавно право
    Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со базичните концепти на меѓународното јавно право, честопати идентификувано со меѓународното право воопшто, кое своите основи ги добива во седумнаесеттиот век, како право на нациите, за што сведочи и името на денес најзначајната универзална организација - Обединетите нации. Ќе се запознаат со современото меѓународно јавно право, кое ги уредува односите меѓу држави, меѓу држави и меѓународни организации, меѓусебните односи на меѓународните организации и однесувањата на физичките и на правни лица за кои државите и меѓународните организации сметаат дека се важни за меѓународната заедница.
  • [EMPS2040] [6 ЕКТС] Анализа на надворешна политика
    Преку овој предмет преку анализа на трудови објавени за надворешната политика студентите ќе се оспособат за тоа како надворешнополитичките средства може да се применат во конкретна студија на случај. Се очекува студентите да можат критички да размислуваат за надворешнополитичките методи кои ги преземаат државите и меѓународните организации, како и за нивната поврзаност со дипломатските методи.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMPS1030] Анализа на јавни политики
    • [MCPS3310] Лидерство и организациски развој
    • [MCDP2030] Дипломатија и дипломатски методи
    • [EMPS1031] Светски политики
    • [MCDP2020] Европска унија: институции, политики и права
    • [EMPS1032] Етика во политиката
    • [EMPS1033] Меѓународен тероризам
    • [EMPS1034] Одржлив развој
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE15] ИТ-апликации за изработка на научен труд
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Eтички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMPS1030] Анализа на јавни политики
    • [MCPS3310] Лидерство и организациски развој
    • [MCDP2030] Дипломатија и дипломатски методи
    • [EMPS1031] Светски политики
    • [MCDP2020] Европска унија: институции, политики и права
    • [EMPS1032] Етика во политиката
    • [EMPS1033] Меѓународен тероризам
    • [EMPS1034] Одржлив развој
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE15] ИТ-апликации за изработка на научен труд
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Eтички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 3

  • [MCPA1010] [6 ЕКТС] Mетодологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на магистерска теза. Главните цели на предметот е да им се понудат алатки на студентите за коцептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци преку и квалитативна и квантитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на квантитативните методи и техники, како што е статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирањето хипотези. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаративни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање квалитативни податоци, финално ставање на сите теоретски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
  • [MCPS3011] [6 ЕКТС] Општество и политика
    Целта на предметот „Општество и политика“ е студентите на постдипломските студии да стекмат проширени знаења од областа на општествените движења и текови. Предметот опфаќа анализа како на теориите на општеството и политиката така и нивна практичната примена и нивни ефекти. Притоа посебно внимание се посветува на главните идеи кои стојат позади теориите како и сличностите и разликите меѓу нив. Станува збор за предмет кој врши меѓу другото и обработка на некои основни општествени движења, почнувајќи од тие со кои сите ние се соочуваме како граѓани и академски личности. На студентите им се става во располагања цел спектар на литература од домашни и од странски автори со што ќе се овозможи проширување и развој на нивните знаења од областа на темите кои се предмет на анализа. Како цели на овој предмет може да се истакнат следниве: - Студентите да стекнат соодветни знаења од областа на општеството и политиката. - Студентите да ги разберат основните концепти и теории на општеството и политиката. - Студентите да создадат логичко и критичко размислување околу научната рамка на општеството и политиката. - Студентите да се оспособат да ги распознаат основните парадигми и правци во општеството и политиката. - Студентите да се оспособат да ги распознаат основните парадигми и правци во општеството и политиката;
  • [MCPS3012] [6 ЕКТС] Систем на меѓународно хуманитарно право
    Целта на овој предмет е да се изучуваат меѓународниот систем за човекови права, политиката и практиката. Во рамките на предметот ќе се испитуваат глобалните и регионалните механизми за заштита на човековите права, како и меѓународното хуманитарно право и меѓународното кривично право. Ќе се анализира и ќе се дебатира за актуелните прашања и случувања во областа на човековите права. Целта е да унапредува критичкото разбирање на улогите, еволуцијата и на иднината на меѓународните институции за човекови права. По успешното завршување на овој модул студентите ќе бидат способни да ги разбираат институционалните основи на современиот меѓународен режим за човекови права и да ја разберат улогата на бројните актери вклучени во промоцијата и заштитата на човековите права.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMPS1030] Анализа на јавни политики
    • [MCPS3310] Лидерство и организациски развој
    • [MCDP2030] Дипломатија и дипломатски методи
    • [EMPS1031] Светски политики
    • [MCDP2020] Европска унија: институции, политики и права
    • [EMPS1032] Етика во политиката
    • [EMPS1033] Меѓународен тероризам
    • [EMPS1034] Одржлив развој
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE15] ИТ-апликации за изработка на научен труд
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Eтички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMPS1030] Анализа на јавни политики
    • [MCPS3310] Лидерство и организациски развој
    • [MCDP2030] Дипломатија и дипломатски методи
    • [EMPS1031] Светски политики
    • [MCDP2020] Европска унија: институции, политики и права
    • [EMPS1032] Етика во политиката
    • [EMPS1033] Меѓународен тероризам
    • [EMPS1034] Одржлив развој
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE15] ИТ-апликации за изработка на научен труд
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Eтички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 4

  • [MCPS4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ
Google+