Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Бизнис администрација - MBA (2022/2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: N-MBA120C
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по бизнис администрација (MBA)
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Програмата на УЈИЕ, МБА, е замислена како елитна програма за МБА која е предвидена за луѓето со искуство во регионов, кои бараат подобра квалификација и подобра кариера. Еден типичен студент на МБА програмата би требало да има доволно работно искуство и солидна додипломска квалификација во полето на бизнис-администрација или економија. Бидејќи програмата е главно насочена и кон студентите од странство и од земјава, програмата ќе се предава целосно на англиски јазик. Во текот на студиите, студентите ќе ги стекнат потребните вештини за решавање на предизвикувачки деловни проблеми на аналитички начин користејќи мултидисциплинарен пристап. Студентите кои ќе ги завршат студиите на оваа програма ќе демонстрираат добро разбирање на интерните процеси и операции на бизнисите, од малите бизниси, па сѐ до мултинационалните компании. Тие ќе можат да ги разбираат односите помеѓу организацијата и нејзините екстерни пазари и економската околина. Исто така, студентите ќе разбираат како менаџерските одлуки влијаат врз стејкхолдерите во компанијата и надвор од неа.  

По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:

  • Да работат како менаџери или во консалтинг-компании;
  • Индивидуално и групно да работат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението;
  • Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата;
  • Активно да бидат вклучени во изградбата на макро и микро економската  политика;
  • Да бидат информирани и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.
Знаење и разбирање

Студентите кои ќе ги завршат студиите на оваа програма ќе демонстрираат добро разбирање на интерните процеси и операции на бизнисите, од малите бизниси, па сѐ до мултинационалните компании. Тие ќе можат да ги разбираат односите помеѓу организацијата и нејзините екстерни пазари и економската околина. Исто така, студентите ќе разбираат како менаџерските одлуки влијаат врз стејкхолдерите во компанијата и надвор од неа.  

Примена на знаењето и разбирањето

Студентите кои ќе дипломираат на програмата МБА ќе бидат во можност да ги интегрираат бизнис-алатките и техниките, што произлегува од широкото знаење на главните функции (сметководство, економија, финансии, информацискисистеми, маркетинг, менаџмент на операции и стратегии) за да решаваат комплексни бизнис-проблеми и да донесат добри бизнис-одлуки.

Способност за проценка

Студентите кои ќе дипломираат од оваа програма ќе бидат во состојба да прават процени врз основа на длабокото познавање на аналитичките алатки кои се користат во модерниот бизнис и критичкото мислење, гледајќи на проблемите од различни перспективи.

Комуникациски вештини

Студентите кои ќе дипломираат на програмата МБА ќе  демонстрираат микро-социјални вештини и лидерство, круцијални за долговечен успех во кариерата. Овие вештини рефлектираат ефективно самооценување, комуникација и колаборација внатре организацијата. 

Вештини на учење

Студентите кои ќе дипломираат на програмата МБА ќе бидат во состојба да мислат и да ги артикулираат на критичен начин етичките и правните рефлексии, важни за уметноста на менаџирањето и водењето на една корпорација.

Семестар 1

  • [CM187] [6 ЕКТС] Економетрија
    Целта на предметот е да им овозможи на студентите да развијат разбирање за економетријата до ниво што ќе ги опреми со разбирање и процена на најприменетата меѓусекторска анализа на податоци и да можат да преземат таква анализа. Поконкретно, целите на овој предмет се студентите: - Да развијат разбирање за употребата на регресивна анализа и сродни техники за процена на економските односи и тестирање на економските теории; - Да се оспособат да читаат и оценуваат емпириска работа во стручни списанија; - Да стекнат практично искуство при користење големи регресивни програми (СТАТА 16) за генерирање економски модели.
  • [C2138] [6 ЕКТС] Финансиски извештаи и одлучување
    Преку информациите од главните финансиски извештаи има за цел органите на управување во компанијата да бидат навремено опремени со квалитетни информации за да ги одобрат вистинските деловни одлуки. Квалитативни информации преку годишни и квартални финансиски извештаи презентирани во Билансот на состојба, Биланс на успех, Биланс на парични текови, клучни индикатори за економските перформанси како што се профитабилност, ликвидност, солвентност, ризик и потенцијален банкрот ќе ги убедат потенцијалните инвеститори и иднината да инвестираат во компании и да ги потврдат нивните инвестиции преку пазарната вредност на нивните акции.
  • [E2583] [6 ЕКТС] Менаџмент на иновации
    Менаџментот на иновации претставува збир пристапи преку кои се поттикнува креативноста и иновативноста преку различни техники и пристапи. Во овој предмет ќе се анализираат најновите теми во светската литература поврзани со иновациите, креативноста и процесот на нивното менаџирање во различни области. Во рамките на предметот освен теоретска анализа ќе се овозможи и практично приближување на студентите преку реално создавање на иновација и поминување на сите фази на изучување на методите на откривање на нови идеи и се до аплицирање за финансирање и рекламирање.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CM198] Истражување на пазарот
    • [EFB-02] Теорија на игри и бизнис стратегија
    • [E2579] Финасии на недвижен имот и анализа на инвестиции
    • [E2580] Одржливо претпријатије
    • [E2581] Лидерство, тимска работа и разновидност
    • [E2582] Сметководствени информациони системи
    • [E2585] Преговори за решавање конфликти и водечки промени
    • [EBA072] Менаџмент на мал бизнис
    • [E2594] Финансиска стратегија и корпоративно реструктуирање
    • [ECBM-603] Меѓународни сметководствени стандарди
    • [E2589] Управување бизнис - процеси
    • [E2595] Квантитативни финансии
    • [E2591] Дигитален бизнис
    • [E2596] Менаџмент на ризици во банкарството и регулатива
    • [E2597] Цени на средства и вреднување на хартии од вредност
    • [C2137] Веб и аналитика на социјални медиуми
    • [E2611] Менаџмент на вкупен квалитет и перформанси
    • [EM570] E-трговија
    • [EMBA02] Маркетинг истражување
    • [EM559] Бизнис консалтинг
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CM198] Истражување на пазарот
    • [EFB-02] Теорија на игри и бизнис стратегија
    • [E2579] Финасии на недвижен имот и анализа на инвестиции
    • [E2580] Одржливо претпријатије
    • [E2581] Лидерство, тимска работа и разновидност
    • [E2582] Сметководствени информациони системи
    • [E2585] Преговори за решавање конфликти и водечки промени
    • [EBA072] Менаџмент на мал бизнис
    • [E2594] Финансиска стратегија и корпоративно реструктуирање
    • [ECBM-603] Меѓународни сметководствени стандарди
    • [E2589] Управување бизнис - процеси
    • [E2595] Квантитативни финансии
    • [E2591] Дигитален бизнис
    • [E2596] Менаџмент на ризици во банкарството и регулатива
    • [E2597] Цени на средства и вреднување на хартии од вредност
    • [C2137] Веб и аналитика на социјални медиуми
    • [E2611] Менаџмент на вкупен квалитет и перформанси
    • [C2132] E-трговија
    • [EMBA02] Маркетинг истражување
    • [EM559] Бизнис консалтинг

Семестар 2

  • [C2134] [6 ЕКТС] Бизнис аналитика и моделирање
    Во фокусот на предметот е процесот на трансформација на податоците во информации за решавање деловни проблеми во реалниот свет. Предметот има фазен пристап кон генерирање на знаење: прво, се учи описна аналитика каде што се користи визуелна анализа за карактеризирање на податоците; второ се учи предавачка аналитика која се фокусира на оптималните стратегии што „треба“ да се преземат во иднина; трето, предвидувачката анализа се изучува фокусирајќи се на употреба на алгоритми за предвидување на иднината врз основа на историски податоци. Темите вклучуваат: истражување на податоци, подготовка на податоци, нелинеарно оптимизирање, итн.
  • [CM185] [6 ЕКТС] Менаџмент на операции и синџирот на набавки
    Предметот третира теоретско и практично објаснување на синџирот на снабдување неопходен и задолжителен за ефикасно управување со функцијата за планирање, набавка, контрола на залихите, транспорт и складирање. Студентите ќе научат за теми како што се дизајнирање на мрежи за снабдување и дистрибуција во согласност со деловната стратегија на фирмата и стратегијата на снабдување, како и подобрување на перформансите на синџирот на снабдување преку техниките SCOR, Lean и Six Sigma. Студентите истражуваат како различни аспекти на управување со синџирите за набавки се интегрирани во фирмата, како и координирани со добавувачи, трговски партнери и логистички / добавувачи на транспорт за да обезбедат супериорно задоволство на клиентите. Донесување здрави стратешки и тактички одлуки научени со управување со глобален синџир на снабдување со електроника за широка потрошувачка преку онлајн симулација.
  • [EM554] [6 ЕКТС] Применета економија
    Овој предмет има за цел студентите да стекнат знаења преку примена на најважните концепти и аналитички алатки во напредната економија. Предметот ќе им овозможи на студентите да стекнат знаења од напредна економска теорија и методологија и примена на нивните знаења како критички да опсервираат, размислуваат и да ги анализираат економските појави. Предметот ќе се изучува во два дела: напредна микроекономија и макроекономија. Во микроекономијата ќе се изучува теоретскиот аспект на пазарниот механизам и совршената и несовршената конкуренција како и нејзината практична примена. Додека во напредната макроекономија ќе се изучува теоретскиот аспект на економијата како целина, краткорочно и долгорочно и нивната практична примена.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CM198] Истражување на пазарот
    • [EFB-02] Теорија на игри и бизнис стратегија
    • [E2579] Финасии на недвижен имот и анализа на инвестиции
    • [E2580] Одржливо претпријатије
    • [E2581] Лидерство, тимска работа и разновидност
    • [E2582] Сметководствени информациони системи
    • [E2585] Преговори за решавање конфликти и водечки промени
    • [EBA072] Менаџмент на мал бизнис
    • [E2594] Финансиска стратегија и корпоративно реструктуирање
    • [ECBM-603] Меѓународни сметководствени стандарди
    • [E2589] Управување бизнис - процеси
    • [E2595] Квантитативни финансии
    • [E2591] Дигитален бизнис
    • [E2596] Менаџмент на ризици во банкарството и регулатива
    • [E2597] Цени на средства и вреднување на хартии од вредност
    • [C2137] Веб и аналитика на социјални медиуми
    • [E2611] Менаџмент на вкупен квалитет и перформанси
    • [C2132] E-трговија
    • [EMBA02] Маркетинг истражување
    • [EM559] Бизнис консалтинг
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CM198] Истражување на пазарот
    • [EFB-02] Теорија на игри и бизнис стратегија
    • [E2579] Финасии на недвижен имот и анализа на инвестиции
    • [E2580] Одржливо претпријатије
    • [E2581] Лидерство, тимска работа и разновидност
    • [E2582] Сметководствени информациони системи
    • [E2585] Преговори за решавање конфликти и водечки промени
    • [EBA072] Менаџмент на мал бизнис
    • [E2594] Финансиска стратегија и корпоративно реструктуирање
    • [ECBM-603] Меѓународни сметководствени стандарди
    • [E2589] Управување бизнис - процеси
    • [E2595] Квантитативни финансии
    • [E2591] Дигитален бизнис
    • [E2596] Менаџмент на ризици во банкарството и регулатива
    • [E2597] Цени на средства и вреднување на хартии од вредност
    • [C2137] Веб и аналитика на социјални медиуми
    • [E2611] Менаџмент на вкупен квалитет и перформанси
    • [C2132] E-трговија
    • [EMBA02] Маркетинг истражување
    • [EM559] Бизнис консалтинг

Семестар 3

  • [CMBA01] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат различните научни теории и методологии. Во почетокот на студентите ќе им бидат објаснети основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, BIAS заклучоците, како и научни квалитативни и квантитативни методологии на истражување, но и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе изврши и практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно да ги опишат; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и за анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање квантитативни и квалитативни податоци; да ја совладаат основната теоретска рамка врз која ќе се надградат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
  • [CMBA19] [6 ЕКТС] Менаџмент на проект
    Целта на предметот е воведување на студентите во светот на современите проекти и нивно соочување со можностите и предизвиците на реалниот економски живот во креирање соодветни потребни реални проекти. Специфични цели на предметот се: како да се утврди одреден проект (користејќи неколку фази) и да се истакне значајната улога на менаџерот на проектот (разбирање на потребата, областа на делувањето, активностите за реализација, комплексноста на модерниот проект и др.). Студентите треба да се обучат како да ги применуваат современите алатки и техники на современиот проектен менаџмент при трансформирање потреба или креативна идеја во соодветен реален и документиран проект кој ќе направи да бидат поинвентивни за себе и покомпетитивни на пазарот на трудот.
  • [CM196] [6 ЕКТС] Меѓународни финансии
    Овој предмет ја опфаќа меѓународната димензија инвестициите и на корпоративните финансии. Развива стратегии за меѓународно инвестирање, вклучително и хеџинг на ризик од девизен курс, приспособување кон преференциите на клиентот и домашните валути, процена на перформансите, процена на изложеноста на корпорацијата на реален курс на ризик, стратегии за заштита од ризик или динамично приспособување на шоковите и причините за заштита на корпорацијата. Опфаќа и меѓународно буџетирање на капитал, мултинационални цени на трансфери и меѓународно управување со готовина.
  • [CM217] [6 ЕКТС] Маркетинг менаџмент
    Целта на предметот е студентите да се подготват да ги употребуваат и да управуваат со 4-П на една организација или компанија, така што ќе бидат во можност да дизајнираат оптимални маркетинг-елементи, производи, цени, промотивни и дистрибутивни методи со кои се соочуваат компаниите. Поспецифично целта е да се разбере комплексноста на одлуките во маркетинг-менаџментот, рамките за анализа на пазарите, клиентите, конкурентите, како и интегрирањето на концептите со оригиналниот маркетиншки-план.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CM198] Истражување на пазарот
    • [EFB-02] Теорија на игри и бизнис стратегија
    • [E2579] Финасии на недвижен имот и анализа на инвестиции
    • [E2580] Одржливо претпријатије
    • [E2581] Лидерство, тимска работа и разновидност
    • [E2582] Сметководствени информациони системи
    • [E2585] Преговори за решавање конфликти и водечки промени
    • [EBA072] Менаџмент на мал бизнис
    • [E2594] Финансиска стратегија и корпоративно реструктуирање
    • [ECBM-603] Меѓународни сметководствени стандарди
    • [E2589] Управување бизнис - процеси
    • [E2595] Квантитативни финансии
    • [E2591] Дигитален бизнис
    • [E2596] Менаџмент на ризици во банкарството и регулатива
    • [E2597] Цени на средства и вреднување на хартии од вредност
    • [C2137] Веб и аналитика на социјални медиуми
    • [E2611] Менаџмент на вкупен квалитет и перформанси
    • [C2132] E-трговија
    • [EMBA02] Маркетинг истражување
    • [EM559] Бизнис консалтинг

Семестар 4

  • [BE-THESIS-120] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+