Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Финансии (2022/2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: N-MBAFIN60C
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по економски науки / Насока: Финансии
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целите на програмата се:

  • Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развојна современиот менаџмент;
  • Оспособување и развој  на современ профил на менаџери: претприемачи, подготвени да преземаат делувања, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
  • Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
  • Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21.век. 

По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:

  • Индивидуално и групно да работат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението;
  • Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата;
  • Активно да бидат вклучени во изградбата на макро и микро-економската  политика;
  • Да бидат информирани и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.
Знаење и разбирање

Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.

Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националната економија.

Примена на знаењето и разбирањето

Способност за  дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.

Способност за проценка

Способни да бидат вклучени во позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.

Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.

Комуникациски вештини

Овозможувањеразвој на лични способности, комуникациски,истражувачки и други значајни вештиникои се потребни за вработување.

Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на бизнис и економија.

Вештини на учење

Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.

Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и во непрофитабилните организации.

Семестар 1

  • [CMBA01] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаења и да ги разберат различните научни теории и методологии. На почетокот на студентите ќе им бидат објаснети основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, BIAS заклучоците, како и научни квалитативни и квантитативни методологии на истражување, но и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе изврши и практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно да ги опишат; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и за анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање квантитативни и квалитативни податоци; да ја совладаат основната теоретска рамка врз која ќе се надградат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
  • [CM186] [6 ЕКТС] Финансиско моделирње
    Предметот е замислен да им понуди на студентите основни сознанија за концептуалните, теоретските и практичните аспекти на финансиско моделирање. Креирањето на програмата е инспирирано да им се овозможи: - развивање кариера во инвестициски фондови за истражување, инвестирање во банкарство и други различни компании; финансии на проектот; бизнис-анализа; - запознавање со Ексел-моделирање за анализирање, оценување различни компании и предвидувања; - подготовка на финансиски истражувања, прегледи и оцена на различни сектори; - примена на вештини од финансиско моделирање во менаџерска пракса.
  • [CM196] [6 ЕКТС] Меѓународни финансии
    Овој предмет ја опфаќа меѓународната димензија инвестициите и на корпоративните финансии. Развива стратегии за меѓународно инвестирање, вклучително и хеџинг на ризик од девизен курс, приспособување кон преференциите на клиентот и домашните валути, процена на перформансите, процена на изложеноста на корпорацијата на реален курс на ризик, стратегии за заштита од ризик или динамично приспособување на шоковите и причините за заштита на корпорацијата. Опфаќа и меѓународно буџетирање на капитал, мултинационални цени на трансфери и меѓународно управување со готовина.
  • [CM154] [6 ЕКТС] Финансиска економија
    Главните цели на предметот Финансиска економија се темите поврзани со Математички финансии. Преку предметот студентите ќе се запознаат со основните идеи и алатки развиени во оваа област. Централна цел е да се демонстрира употребата на овие алатки во контексти каде што тие се незаменливи и широко експлоатирани. Извонредна карактеристика на Математичките финансии е тоа што нејзините теоретски врвни точки (како што е формулата Блек-Сколс) се покажаа како исклучително важни во пракса. Тие создадоа нови пазари во суштина засновани на концепти развиени од академици. Преку предметот студентите ќе стекнат знаења квантитативни техники и теорија кои ќе бидат корисни за секој актер во финансиската индустрија - менаџер на портфолио, консултант за управување со ризик или финансиски аналитичар.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [CM198] Истражување на пазарот
    • [EFB-02] Теорија на игри и бизнис стратегија
    • [C2132] E-трговија
    • [E2579] Финасии на недвижен имот и анализа на инвестиции
    • [E2580] Одржливо претпријатије
    • [E2581] Лидерство, тимска работа и разновидност
    • [E2582] Сметководствени информациони системи
    • [E2585] Преговори за решавање конфликти и водечки промени
    • [E2593] Принципи на меѓународни финансии
    • [E2594] Финансиска стратегија и корпоративно реструктуирање
    • [ECBM-603] Меѓународни сметководствени стандарди
    • [E2589] Управување бизнис - процеси
    • [E2595] Квантитативни финансии
    • [E2591] Дигитален бизнис
    • [CBEF-701] Државно сметководство и сметковдство на непрофитни организации
    • [E2596] Менаџмент на ризици во банкарството и регулатива
    • [E2597] Цени на средства и вреднување на хартии од вредност
    • [C2137] Веб и аналитика на социјални медиуми
    • [E2611] Менаџмент на вкупен квалитет и перформанси
    • [CMBA19] Менаџмент на проект
    • [EM554] Применета економија
    • [CBA089] Монетарна економија

Семестар 2

  • [BE-MA-THESIS] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+