Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Правни студии (2024/2025)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-LS-240
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Дипломирaн правник
ЕКТС: 240 (4 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Студиската програма по правни студии има за цел:

  • Да ги оствари потребите на сите оние кои мислат да ја продолжат својата кариера во полето на правните науки.
  • Да понуди редица модули кои ќе ја опфаќаат основата на правните сознанија за приближување кон професиите кои се поврзани со сферата на правото.
  • Да обезбеди цврсти сознанија и систематски знаења за институциите и основите на позитивното право на Република Северна Македонија.
  • Да обезбеди основни сознанија за концепциите и основните принципи на позитивното право на РСМ и за начинот на неговото функционирање во меѓународен контекст.
  • Да понуди можност за предавања од меѓународниот академски визитинг-кадар.
  • Да развие свесна критика на правото во споредбени, историски,  општествено-економски и политички контексти и да им долови на студентите редица различни теоретски концепти поврзани со правните студии.
  • Да им овозможи на студентите да престојуваат и да студираат надвор од земјава во рамките на програмите за размена на студенти.
  • Да им понуди редица опции кои ќе им овозможат на студентите да студираат специфични полиња на правото.
  • Да им овозможи на студентите да бидат дел од истражувачка дејност во рамките на своитестудии.
  • Да понуди можност за развој на лични способности, комуникација, истражувања и други значајни способности потребни за вработување на дипломирани правници во институциите со кои веќе претходно имаат воспоставено контакти преку Центарот за кариера при УЈИЕ.
  • Да се потенцира повеќејазичната настава и да се промовира меѓуетничкиот и меѓукултурниот дијалог.

Според стекнатите знаења и вештини од оваа додипломска програма на Правниот факултет, дипломираните студенти ќе бидат во можност да  ги идентификуваат правните прашања кои треба да се истражуваат, да ги употребуваат на ефикасен начин примарните и секундарните извори на правото, да ја истражуваат правната наука, да ги вреднуваат на критички начин правните прашања како од аспект на доктрината така и од општествено-економски аспект.

Дипломата  на Правниот факултет е призната во РСМ и надвор од неа.

Дипломата на Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи, како: судови, јавни обвинителства, адвокатура, нотаријат, извршителство итн. Правниот факултет има склучено спогодби за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители како и со Адвокатската комора на РСМ.

На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет на УЈИЕ им овозможува продолжување на нивните магистерски и докторски студии.

Знаење и разбирање
  • Има основни знаења од правната наука и начинот на кој се создава правото, се развива и се менува вклучувајќи ги и изворите и институциите на правото во нивниот поширок контекст.
  • Има солидни знаења од најважните гранки на правото како: уставно и управно право, граѓанско право, трудово право, кривично право, граѓанска и кривична процесна постапка, како и меѓународно јавно и приватно право.
  • Има знаења за структурата, содржината и за функционирањето на правниот систем на Република  Северна Македонија и неговиот однос со меѓународното и европското право.
  • Го познава општествено-економскиот и историскиот контекст во кој дејствуваат правнитенорми.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Ги идентификува игиприменува основните начела и правила во областите како: уставно и управно право, граѓанско право, трудово право, кривично право, граѓанска и кривична процесна постапка, и меѓународно јавно и приватно право.
  • Ги идентификува правните проблеми кои може да се појавуваат во различни фактички ситуации и предлага решение за нив.
  • Употребува научни методи за да создаде истражувачки труд во повеќе областина правото.
Способност за проценка
  • Идентификува, толкува, анализира и решава правни проблеми на начин кој се очекува од еден млад правник.
  • Го толкува и го синтетизира значењето на правните норми како дел од правниот систем и го применува во бројни ситуации кои може да се појавуваат во секојдневниот живот.
  • Ги вреднува критички постојните правни и етички норми со кои се регулира правничката професија.
Комуникациски вештини
  • Идентификува, толкува, анализира и решава правни проблеми на начин кој се очекува од еден млад правник.
  • Го толкува и го синтетизира значењето на правните норми како дел од правниот систем и го применува во бројни ситуации кои може да се појавуваат во секојдневниот живот.
  • Ги вреднува критички постојните правни и етички норми со кои се регулира правничката професија.
Вештини на учење
  • Презема иницијатива и одговорност за да ги идентификува и да ги спроведува потребите на учење во најважните гранки на правото.
  • Развива систем на учење кој вклучува идентификување, класифицирање, синтетизирање и користи различни извори.
  • Има вештини да гикористи библиотечните ресурсиза да стекнеправни знаења.
  • Ги користи компјутерските вештини за стекнеправни знаења.

Семестар 1

  • [CLE-101] [6 ЕКТС] Вовед во правото
    - Студентите стекнуваат основни сознанија за државата и за правото. - Студентите ќе се оспособат за теоретското вообличување на разните облици на државата. - Критички осврт за правото како општествена појава. - Поттикнување на аналитичкиот осврт кај студентите за проблемите со кои денес се соочува државата и правото во услови на глобализација и во рамките на евроатлантските интеграции. - На крајот од предметот студентите ќе бидат во можност да ги разликуваат основните облици на државата и на правото. - Студентите ќе можат ги објаснуваат основните поими за државата и правото и ќе ги поврзуваат со практичниот живот. - Студентите ќе стекнат основни, воведни и општи спознанија за државата и правото кои ќе им бидат неопходни за понатамошните студии во рамките на правните науки.
  • [CBE-101] [6 ЕКТС] Вовед во економија
    Примарната цел на овој предмет е да се развие основно разбирање на главните економски концепти и теории кои се користат во анализа на економските прашања. Овој предмет е дизајниран на начин да им овозможи на студентите да се здобијат со знаење за основните принципи, концепти и техники во економијата како наука и во економските анализи. На крајот на предметот студентите треба да бидат во можност да „размислуваат како економисти“. Овој предмет обезбедува истражување на принципите на микро и на макроекономијата, со фокус на примена на знаењето во донесување одлуки во глобална средина. По завршување на предметот, студентите треба за се оспособат за да: го користат моделот на понудата и побарувачката и да го утврдат влијанието на промените во побарувачката или понудата врз цената и количината; го дефинираат БДП и да го опишат мерењето, употребата и ограничувањата на БДП како мерка на економска благосостојба; ја дефинираат инфлацијата и калкулираат, да се запознаваат со последиците и како да се прилагодат за тоа; како и да ги опишат улогите и алатките на централната банка.
  • [CLE-104] [6 ЕКТС] Историја на правото
    Овој предмет има за цел студентите: - Да се запознаат со историскиот развој на правото и на државата, како и со главните правно-општествени институции. - Да стекнат знаења во врска со историскиот развиток на правното мислење на начинот на кој студентите можат да го разберат правното мислење во минатото и сега. - Да бидат во состојба да ги разликуваат општествено-правните формации во минатото и да ја разберат нивната еволуција. - Да се запознаат со историскиот развој на посебните делови на позитивното право (граѓанско, кривично, управно, семејно и наследно право итн.) - Да бидат во состојба да ги разберат логиката на функционирањето на државата и правото кај античките цивилизации и во средниот век, но и да креираат идеи поврзувајќи ги со современото време.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Mакедонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност

Семестар 2

  • [CLE-201] [6 ЕКТС] Уставно право
    Цели на предметот: - Стекнување сознанија за поимите, појавите и за институтите на уставното право како и за државните институции во Република Северна Македонија (РСМ), вклучувајќи ги тука и разните теоретски ставови за нив. - Стекнување конкретни сознанија за уставното право како наука и правна гранка, вклучувајќи ги тука и споредбената анализа на состојбата и перспективите во регионални и европски рамки. - Преку овој модул студентите ќе се оспособат за основните теоретски и практични сознанија за организацијата на државната власт во РСМ како и за слободите и правата на човекот и граѓанинот. - Поттикнување критичко мислење кај студентите за основните проблеми на уставното уредување во РСМ и во рамките на ЕУ, при што ќе се води сметка за профилот на европскиот правник кој во иднина како стручњак ќе треба да го толкува и да го применува европското уставно право како на национално така и на европско рамниште. - Во рамките на план-програмата ќе се обработува уставната материја од споредбен и од национален аспект, поради тоа што во услови на глобализација, уставното право не може да се разбере ако се разгледува исклучиво во национални рамки. - План-програмата ги опфаќа и: новиот Деловник на Собранието на РСМ кој има клучна улога за развојот на парламентарната демократија во РСМ, новите закони со кои се уредува уставна материја, како што се: законите од областа на: судството, локалната самоуправа, изборниот систем, цивилното општество, одбраната, надворешната политика итн. - Покрај оваа нормативна компонента, план-програмата се обработува и практиката на централните органи на државната власт во РСМ, и тоа; Собранието, Владата, Уставниот суд, Врховниот суд, која има голема улога за уставното право како наука. - Ќе бидат опфатени уставните амандмани од 2001 година кои имаат големо влијание врз мнозинската демократија во РСМ како и врз темелните вредности на уставниот поредок на РСМ како и уставните амандмани од 2005 година во врска со судските реформи во РМ. - На крајот на предметот, студентите ќе бидат во можност да ги направат основните и супстанцијалните разлики меѓу уставните институции, нивната меѓусебна поврзаност и нивното практично функционирање. - Да ги направат потребните теориски и практични разлики на поимите, појавите и на институтите на уставното право.
  • [CLE-204] [6 ЕКТС] Граѓанско право – општ дел
    Целта на наставниот предмет Граѓанско право - општ дел е студентите да стекнат основни знаења од оваа област. По завршувањето на семестарот од студентите се очекува да имаат стекнато теоретски познавања за главните поими и институти на граѓанското право, како што се: принципите на граѓанското право, изворите на граѓанското право, граѓанско-правните субјекти и нивната правна, деловна способност, граѓанско-правните односи, правните дела итн. Студентите ќе бидат обучени да ги направат неопходните теоретски и практични разлики во поимите и појавите со граѓанско-правен карактер во правниот систем на РСМ, да ги разликуваат нивните основни и суштински карактеристики и да ја забележат нивната важност и функција во практика.
  • [CLE1020] [6 ЕКТС] Римско право
    Цели на предметот: - Да им бидат претставени на студентите податоци за процесот на создавањето, развојот и промените на институциите и нормите на римското право под влијанието на разни историски околности. - Да се запознаат студентите со улогата на римското право како обединувачка сила во европската правна традиција. - Да им се даде можност на студентите да ги совладаат основите од римската правна терминологија. - Да се прикаже историјата на римската правна мисла од нејзините почетоци во републиканскиот период во Рим. - Да се објасни историската важност на перципирањето на римското право во континентална Европа.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Mакедонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2

Семестар 3

  • [CLE2030] [6 ЕКТС] Управно право
    Во рамките на предметот се изучуваат административно материјалното и процесното право. Предмет на изучување се принципите на организација, работа и делокруг на административните органи, основните дејности што ја сочинуваат управната функција, актите на административните органи и односот меѓу граѓаните и администрацијата. Целите на предметот се студентите: -Да ги дефинираат и да ги разберат поимите администрација и административна функција. -Да ја препознаат и да ја анализираат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РСМ. -Да ги согледаат основните дејности на административната функција. -Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти. -Да ги изучат видовите административен надзор. -Да ги спознаат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги. -Да стекнат способности и вештини за идно вработување во органите на администрацијата на РСМ, невладините организации, установите и сите институции во кои се решаваат предмети од административно-правна природа.
  • [CLE025] [6 ЕКТС] Стварно право
    Целта на наставниот предмет Стварно право е студентите да стекнат основни знаења од оваа област. По завршувањето на семестарот од студентите се очекува да имаат стекнато познавања во однос на поимот и предметот на стварното право, за субјектите, за начелата на стварното право, за владението, за правото на сопственост, правото на службеност, правото на залог, за реалните товари, за јавните книги итн. Се очекува кај студентите да се развива совеста во врска со овие институти и вештините за критички пристап кон законот и законската аргументација во областа на стварното право.
  • [CLE-404] [6 ЕКТС] Меѓународно јавно право
    Цел на предметот e студентите да се запознаат со основните поими на меѓународното јавно право, со формирањето на оваа научна дисциплина, нејзиниот развој и клучните аспекти.
  • [CLE024] [6 ЕКТС] Семејно право
    Со изучување на предметот Семејно право се очекува студентите да стекнат знаење за правното уредување на односите кои настануваат меѓу членовите на семејството врз основа на бракот и сродството. Посебен акцент се посветува на основните институции на семејното право: бракот, родителството, посвојувањето, старателството, семејните односи, како тие со личен карактер така и оние со имотен карактер, семејните односи со лично-имотен карактер, вонбрачната заедница.
  • [C2069] [3 ЕКТС] Усна комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да развиваат вештини за вербална комуникација. - Да се во можност да се вклучат активно во дискусија за одредена тема. - Да ги совладаат техниките за успешна комуникација. - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2

Семестар 4

  • [C2070] [3 ЕКТС] Писмена комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да стекнат сознанија за процесот на пишувањето (фази при креирање текст). - Да ги усвојат стандардните јазични норми. - Да постигнат академско ниво за писмено изразување на албански, на македонски или на англиски јазик со што ќе се применуваат претходно стекнатите знаења за стандардниот јазик. - Да се мотивираат за писмено изразување независно од видовите и формите на текстот. - Да ги усвојат критериумите на текстуалноста, кои се клучни за еден текст. - Да стекнат вештини за пребарување материјали (библиотечни и онлајн-ресурси).
  • [CLE5010] [6 ЕКТС] Наследно право
    Основната цел на предметот Наследно право е студентите да се запознаат со основните принципи на наследувањето во Република Северна Македонија, како и да стекнат знаења за основните наследно-правни институти со кои се уредува наследувањето во Република Северна Македонија. Преку овој предмет, во делот на компаративното право, студентите ќе се информираат за наследно-правните институти во современите наследно-правни системи, особено основните разлики меѓу континенталниот систем и системот Common Law (англосаксонски систем).
  • [CLE-403] [6 ЕКТС] Право на ЕУ
    По завршувањето на овој предмет се очекува студентите да ги познаваат суштината и опсегот на правото на ЕУ, да имаат целосен увид во организациско-правната структура на ЕУ согласно со промените наведени во Лисабонскиот договор; да умеат да вршат правилно толкување и примена на одредбите од актите на ЕУ што самото по себе би му овозможило понатамошно продлабочено изучување на поспецијализираните правни дисциплини кои го третираат правото на Унијата.
  • [CLE-405] [6 ЕКТС] Кривично право - општ дел
    Предметот Кривично право (општ дел) е задолжителен. Преку овој предмет студентите ќе стекнат основни знаења за казнено-правниот систем на РСМ. Посебно внимание ќе му се посветува на проучувањето на главните начела на казненото право, изворите на казненото право, казненото дело и неговите елементи, спојувањето на казнените дела, учеството на повеќемина лица во извршувањето на казненото дело, системот на казнено-правните санкции и др.
  • [CLE-402] [6 ЕКТС] Облигационо право
    Цели на предметот: Преку овој предмет студентите ќе стекнат сознанија за основите на облигационото право и за посебните видови облигациони односи и знаења што им се потребни во однос на субјективните граѓански права. Во областа на општото учење за облигационите односи студентите треба да стекнат вештини на примена на општите институти на облигационото право кај посебните видови облигациони односи. Студентите би требало да стекнат вештини за преговарање, склучување и за реализирање на посебните видови облигациони договори и знаења за механизмите на решавање на споровите околу исполнувањето на обврските на должникот. Студентите треба да стекнат знаења во поглед на установување штета и нејзино спроведување. Студентите ќе стекнат сознанија и за другите видови облигациони односи (стекнување без основ и еднострани изјави на волја).
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2

Семестар 5

  • [CLE-302] [6 ЕКТС] Трговско право
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат основни знаења од областа на трговското право. Во таа насока студентите се запознаваат со правните правила за: извршување некоја деловна дејност, начинот на организирање на деловните субјекти, условите за основање и упис на деловните субјекти и на трговецот поединец како и за начините на престанување на деловните субјекти; начините за основање некој деловно-правен однос, условите за настанување на тие односи, ефектите и последиците; работата со хартиите од вредност: начините за заштитување на правата на индустриска сопственост, начините на заштитување на деловните субјекти од нелојална конкуренција: начините на заштитување на потрошувачите и др.
  • [C2458] [6 ЕКТС] Кривично право - посебен дел
    Посебниот дел на кривичното право е систем на законски одредби за кривичните дела и санкциите за тие дела. Предмет на посебниот дел е одредување на тоа кои поведенија на човекот ќе бидат констатирани како кривични дела и какви ќе бидат обликот и обемот на казнено-правната реакција за нивното вршење спротивно на поставените забрани.
  • [CLE4030] [6 ЕКТС] Трудово и право на социјално осигурување
    Изучувањето на предметот Трудово и право на социјално осигурување на студентите ќе им овозможи: - Да се запознаат со прашања и проблеми кои се составен дел на трудовото право, тргнувајќи од фундаменталната премиса дека секој од нас еден ден ќе заснова работен однос и токму поради тоа познавањата на правата за работниот однос претставуваат и прашања на борба за поквалитетен живот. - Да се запознаат со различните аспекти на остварувањето на правата, обврските и одговорностите од работниот однос како и со правните институции од областа на трудот. - Да ги проучуваат работните односи во практиката преку постапката на вработување, склучување на договор за вработување, остварување и заштита на правата за работен однос кај работодавецот и надлежните органи, постапката за одговорност на вработените, престанување на работниот однос, односно престанување на важноста на договорот за вработување. - Да изработат конкретни акти во врска со сите институти кои се опфатени со позитивната законска регулатива од областа на работните односи во Република Северна Македонија. - Да се овозможат разни форми и облици на партиципација на студентите и да се инкорпорира можност за освојување на што е можно поголем број од поените предвидени за активност.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од други единици
    • [CPA-101 ] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [E2843] Трудово и право на социјално осигурување
    • [E2843] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108 ] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [E2841] Медиумска и информациска писменост
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Ethics in Public Institutions
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [CCR-403] Виктимологија
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [ECR-401] Полициско право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECR-601] Економски криминалитет
    • [ELE-605] Локална самоуправа
    • [E2844] Новите репродуктивни технологии и правото
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-704] Конституционализмот и човековите права
    • [E2845] Современи правни системи
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-707] Меѓународно право за заштита на животната средина
    • [ELE-609] Алтернативно решaвање спорови
    • [CLE-803] Филозофија на право
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [E2848] Меѓународни организации

Семестар 6

  • [CLE-503] [6 ЕКТС] Казнено процесно право
    Целта на предметот Казнено процесно право е студентите да се запознаат со кривично-процесните одредби со кои законски се регулира активноста на процедуралните органи и на другите процедурални учесници и да се оспособат за нивна правна апликација во практиката.
  • [CLE5020] [6 ЕКТС] Управно процесно право
    Цели на предметот: Административното процесно право вклучува две посебни области (делови): управната постапка и управниот спор, што го претставуваат основниот предмет на проучување на формалниот (процедуралниот) дел на управното право. Разработката на предметот им овозможува на студентите стекнување знаења преку кои полесно се разбираат, се објаснуваат и се анализираат прашањата поврзани со поимите и институтите на административното процесно право. Во првиот дел се објаснува процедурата (дејствувањето) на органите на јавната и државната администрација во применувањето на материјалните правни норми, кога при директна примена на правните одредби во конкретни случаи одлучуваат за правата, обврските или правните интереси на поединци, правни лица или од другите странки. Во вториот дел се објаснува судската контрола на законитоста на конечните административни акти - контролата на вршењето на административната активност и јавните услуги.
  • [CLE-802] [6 ЕКТС] Финансиско право
    Целта на предметот е да им се овозможи на студентите да стекнат основни знаења од областа на финансиското право, односно од финансиско-правните односи (од содржински и од формално правен аспект).
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од други единици
    • [CPA-101 ] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [E2843] Трудово и право на социјално осигурување
    • [E2843] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108 ] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [E2841] Медиумска и информациска писменост
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Ethics in Public Institutions
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [CCR-403] Виктимологија
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [ECR-401] Полициско право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECR-601] Економски криминалитет
    • [ELE-605] Локална самоуправа
    • [E2844] Новите репродуктивни технологии и правото
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-704] Конституционализмот и човековите права
    • [E2845] Современи правни системи
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-707] Меѓународно право за заштита на животната средина
    • [ELE-609] Алтернативно решaвање спорови
    • [CLE-803] Филозофија на право
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [E2848] Меѓународни организации

Семестар 7

  • [CLE-704] [6 ЕКТС] Граѓанско процесно право (Парнично право)
    Цели на предметот: • Студентите ќе добијат знаења за поимите, појавите и институтите на граѓанското процесно право како основа за остварување на секое субјективно граѓанско право; • Студентите ќе се стекнат со конкретни знаења за правото на парничната постапка како наука и како гранка на правото, вклучувајќи ги и компаративната анализа, перспективите и главните трендови на развојот на различните институти на правото на парнична постапка; • Преку овој модул студентите треба да се оспособат за теоретските и конкретните знаења за развојот на парничната постапка, на различни нивоа во Република Северна Македонија, како и особено за можноста за развој на парничната, вонпарничната и на извршната постапка; • Студентите ќе развијат аналитичко и критичко размислување во однос на проблемите поврзани со остварувањето на субјективните граѓански права со кои денес се соочуваат многу луѓе во Република Северна Македонија; На крајот на предметот, студентите ќе бидат во можност:  Да ги направат основните дистинкции на главните институти за граѓанско-процесно право;  Да направат соодветни теоретски и практични дистинкции на основните поими на парничната постапка, вклучувајќи ги парничните, вонпарничните и извршните постапки;  Да ги објаснат и анализираат процесните дејствија на странките и судот, вклучително и други процесни институти како што се судско помирување, прелиминарни прашања, правна помош итн.
  • [CCR-303] [6 ЕКТС] Криминологија
    Целта на овој предмет е да се проучува феноменологијата и етиологијата на криминалитетот. Во рамки на овој предмет ќе се проучуваат формите на појавување на криминалитетот, динамиката, структурата како и причините кои влијаат врз појавувањето на истиот. Ќе се проучуваат надворешните, микро-групите и внатрешните фактори на криминалитетот.
  • [CLE6010] [6 ЕКТС] Меѓународно приватно право
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат основни познавања за: - именувањето на предметот (зошто се именува меѓународно право, а зашто приватно право); разграничувањето на граѓанско-правните односи од граѓанско- правните со странски елемент; - изворите на правото кои треба да се применат за регулирање на граѓанско-правните односи со странски елемент (национални и меѓународни); - начинот на уредување на граѓанско-правните односи со странски елемент (директниот и индиректниот (колизиониот) начин на уредување кој е карактеристичен само за МПП); - општите и заедничките елементи на формирање и примена на МПП, фактите преку кои се појавува странскиот елемент (фактите на идентификување), точките на врзување како и институти преку кои се избегнува примената на обично меродавно право во МПП.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [CCR-403] Виктимологија
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [ECR-401] Полициско право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECR-601] Економски криминалитет
    • [ELE-605] Локална самоуправа
    • [E2844] Новите репродуктивни технологии и правото
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-704] Конституционализмот и човековите права
    • [E2845] Современи правни системи
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-707] Меѓународно право за заштита на животната средина
    • [ELE-609] Алтернативно решaвање спорови
    • [CLE-803] Филозофија на право
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [E2848] Меѓународни организации
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [ELE-504] Уставно судство
    • [E2847] Родителско право и права на детето
    • [E2846] Запишување права на недвижности
    • [ELE-502] Криминална политика
    • [ELE111] Стечајно право
    • [ELE006] Меѓународно хуманитарно право
    • [E2849] Посебни управни постапки
    • [ELE-608] Нотарско право
    • [ELE087] Право на осигурување
    • [ELE-406] Меѓународно економско право

Семестар 8

  • [CCR-602] [6 ЕКТС] Пенологија
    Целта на овој предмет е да ги запознае студентите со пенологијата како наука за извршување на кривичните санкции. Посебен проблем во справувањето со криминалитетот е нејзината политика за превенција и контрола. Овој предмет особено ќе ги третира видовите на кривичните санкции и начинот на нивно извршување, организирањето на затворите и другите институции за рехабилитација на затворениците и методите за нивна реинтеграција во заедницата.
  • [CLE-805] [6 ЕКТС] Граѓанско процесно право (Вонпарнично и извршно право)
    Цели на предметот се студентите: • Да стекнат продлабочени знаења од Извршното и вонпарничното право и да развиваат специфични вештини за нивно спроведување во пракса; • Да стекнат теоретски знаења за поимите и институциите на Извршното и вонпарнично право, како што се: поимот за судска постапка воопшто, видови на судски постапки и нивните односи, принципи на извршното и вонпаричнтоо право, субјекти на постапката за извршување и вонпарничната постапка, процесни дејствија и рокови за нивно извршување, одлуки во постапката за извршување и во вонпарничната постапка, средствата за побивање на одлуките итн. • Да се информираат со корпусот на прашања и проблеми поврзани со концептот на извршното и вонпарничното право, како и со патот на историскиот развој на нивните институции; • Да се оспособат студентите да ги препознаат и анализираат клучните институции на извршното и вонпарничното право за спроведување во контекст на законските и на теоретските референци во споредба со европските и пошироките законски и теоретски референци; • Да се поттикнат за аналитичко и критичко размислување кај студентите за проблемите со кои се соочува денес Извршното и вонпарничното право во Република Северна Македонија; • Да се оспособат да направат теоретски и практични разлики во поимите и појавите на Извршното и вонпарничното право во правниот систем на Република Северна Македонија, да ги разликуваат нивните основни и суштински карактеристики и да ја истакнат нивната важност и функционирање во практика.
  • [C2454] [6 ЕКТС] Правна практика
    Правната практика како научна-правна применета дисциплина се фокусира на институционалниот аспект на правдата, поточно на правосудството, која има за цел студентите по право да се стекнат со теоретски и практични научно-професионални правни знаења поврзани со: • правните норми за организацијата, функциите и надлежностите на судот и другите јавни органи и институции кои учествуваат во судската постапка на примена на правото; • судската заштита на човековите права и слободи и остварување на правдата како основни и универзални правни вредности; • правните норми за судските постапки; и • материјално-правните норми кои ги применува судот во судската постапка.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [CCR-403] Виктимологија
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [ECR-401] Полициско право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECR-601] Економски криминалитет
    • [ELE-605] Локална самоуправа
    • [E2844] Новите репродуктивни технологии и правото
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-704] Конституционализмот и човековите права
    • [E2845] Современи правни системи
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-707] Меѓународно право за заштита на животната средина
    • [ELE-609] Алтернативно решaвање спорови
    • [CLE-803] Филозофија на право
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [E2848] Меѓународни организации
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [ELE-504] Уставно судство
    • [E2847] Родителско право и права на детето
    • [E2846] Запишување права на недвижности
    • [ELE-502] Криминална политика
    • [ELE111] Стечајно право
    • [ELE006] Меѓународно хуманитарно право
    • [E2849] Посебни управни постапки
    • [ELE-608] Нотарско право
    • [ELE087] Право на осигурување
    • [ELE-406] Меѓународно економско право
Google+