Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Албанолошки студии (2023-2024)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-MALBST120C
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по албанолошки студии
ЕКТС: 120 (2 години)
Решение:

Преку постдипломската програма по албанолошки студии студентите стекнуваат знаења кои ги доближуваат до професиите кои се тесно поврзани со сферата на јазикот, културата, литературата и образованието, како и вештини и компетенции, кои би биле применливи во повисоките нивоа во јавниот и во приватниот сектор.

Дипломираните студенти ќе може да се вработат во различни полиња  од професионалниот и од општествениот живот:

Настава: во јазичните школи, во гимназии,  во основните и средните  училишта, универзитети итн.

Вработување: јазичар, новинар, во разните установи како лектор, преведувач, толкувач на албанскиот јазик во министерства и други владини институции, преведувач/толкувач во судови и други слични институции, преведувач/толкувач во стручни и професионални организации, преведувач/толкувач во општествениот и во приватниот сектор, преведувач/ толкувач во меѓународните организации.

Знаење и разбирање

Преку оваа програма кандидатот се стекнува со разни знаења од повеќе јазични и литературни полиња, како едно дисциплинарни така и  интердисциплинарни. Со ова тој се стекнува со понови и значајни современи познавања, кои ќе му служат да биде покреативен и попрофесионален во решавањето на јазичните  и литературните проблеми.

Примена на знаењето и разбирањето

Корпусот на знаења овозможува различни вработувања кои опфаќаат голем број и разни сектори на општествениот и на професионалниот живот. Знаењата може да се употребуваат во образовниот систем, работејќи како професор во средни училишта, а исто така и како асистент во соодветните факултети или институти. Тие може да работат како истражувачи во полето на лингвистиката и фолклорот низ разните албанолошки институти. Може да работат како новинари, уредници и лектори, но и како јазични критичари низ разни електронски или пишани медиуми, каде што може да придонесат за прашањето за примената на литературната норма. Може да работат како преведувачи и толкувачи на албанскиот јазик во двојазичните општини, министерствата и другите владини институции, во судови и други слични институции, во професионални организации, во социјалниот и приватниот сектор, во меѓународни организации и др.

Способност за проценка

Студентите ќе можат да составуваат и оценуваат наставни планови и програми од областа на јазикот и литературата во основни и средни училишта како и во високото образование.  Тие исто така ќе имаат способност да оценат и да споредат преводи од еден јазик на друг. Ќе можат да оценат редактирање и лекторирање на различни јазични текстови и публикации, оценувајќи го високото ниво на лекторирање и пронаоѓајќи евентуални граматички грешки. Едно дело може да го процени и содржински и од композициски аспект, како и да ги истакне јазичните и литературните вредности. Тие ќе имаат способност да бидат членови во некое професионално жири од областа на јазикот и литературата за да ги проценат најдобрите  јазични и литературни студии.  Тие ќе имаат способност да се вклучат во истражувачки тимови, да состават литературни и публицистички текстови, лексички и различни други  речници.   

Комуникациски вештини

Студентите ќе стекнат професионална вештина за одржување часовипо литература и граматика на мајчиниот јазик, во согласностсо план-програмите за основните и  средните  училишта и за универзитетите. Може да држи курсеви за учење на албанскиот јазик и литература.  Тие  ќе можат да преведуваат научно-лингвистички и литературни дела.  Ќе може да учествуваат на локални и на меѓународни симпозиуми и семинари и преку свои општења ќе можат да презентираат свои оригинални резултати постигнати во различни литературни и јазични дисциплини. Ќе можат да напишат рецензии за издадени дела од областа на литературата и јазикот, рецензии за издавање литературни студии и граматики како и за наставни текстови. Ќе можат да  реализираат независни истражувања и да преземат одговорност за резултатите. Ќе може да издаваат научни трудови и дела од областа на литературата и јазикот.

Вештини на учење

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учениците да се претставуваат како идни лидери и да иницираат промени во училиштата и/или другите институции. За да постигнат подобри резултати, може да презентираат нови знаења, може да ги обучуваат другите одржувајќи курсеви од определени области како: правопис, лекторирање литературен текст, употреба на нови методи и техники во настава и др.; Тие ќе можат да одржат обуки  за подготвување проект,  за пишување научен труд и др.  Ќе можат да предложат новини кои недостасуваат во некоја институција како што се  отворање на различни литературни и јазични секции, отворање библиотека, промоција на некое литературно и јазично дело и др. Може да предложат методи за учење на албанскиот јазик според нивоа кај странците. 

Семестар 1

  • [AS0103] [6 ЕКТС] Албанска цивилизација
    Преку овој предмет ќе се откриваат најрелевантните аспекти на културата на националната цивилизација на современото албанско општество. Предметот нуди основни знаења низ неколку клучни области, анализирајќи ги на сестран начин литературата и културата во една европска перспектива.
  • [AS0107] [6 ЕКТС] Етнолингвистика
    Во рамките на овој предмет се опфаќаат односите помеѓу јазиците и народите и меѓусебните влијанија на јазичните и етничките фактори во развитокот на јазикот како и разните особености на стереотипи. Етнолингвистиката има влијание во јазикот, културата, ономастиката, литературата и др.
  • [AS0102] [6 ЕКТС] Балканска димензија на албанскиот фолклор
    Станува збор за многу богата материја сконцентрирана во албанскиот и балканскиот фолклор, преку која се одликуваат високите вредности на душевната култура, наследени од народниот гениј, вредности кои сведочат за убавината на поетскиот дух на анонимните творци, за нивните творечки умешности во областа на уметноста, кои го претставуваат мошне јасно и убаво историското минато на албанскиот народ и на народите на Балканот.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [AS0104] Дијалектологија - микросистем во контакт
    • [EAS0115] Јазиците во контакт
    • [AS0112] Стилистика и прагматика
    • [EAS0116] Вовед во општа лингвистика
    • [EAS0117] Ономастика
    • [EM561] Теорија на интертекстуалност
    • [EM562] Зборообразување во албанскиот јазик
    • [EM563] Семантика
    • [EM565] Студии на современата албанска проза
    • [EM566] Студии на современата албанска поезија
    • [EM567] Компаративна книжевност
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [AS0104] Дијалектологија - микросистем во контакт
    • [EAS0115] Јазиците во контакт
    • [AS0112] Стилистика и прагматика
    • [EAS0116] Вовед во општа лингвистика
    • [EAS0117] Ономастика
    • [EM561] Теорија на интертекстуалност
    • [EM562] Зборообразување во албанскиот јазик
    • [EM563] Семантика
    • [EM565] Студии на современата албанска проза
    • [EM566] Студии на современата албанска поезија
    • [EM567] Компаративна книжевност

Семестар 2

  • [AS0108] [6 ЕКТС] Експериментална фонетика
    Предметот ја опфаќа историјата на фонетиката, експерименталната фонетика, фонолошките компоненти, фонемите, нивното формирање и начинот на одвојување по групи и подгрупи, улогата на фонолошките елементи, разликата меѓу стариот албански јазик и денешниот стандарден албански јазик.
  • [AS0106] [6 ЕКТС] Анализа на литературниот текст
    Детално се презентираат литературните текстови и нивните претставници, од анализа на различни теми и мотиви, прашања од стилистиката и начините на толкување на книжевниот текст.
  • [AS0105] [6 ЕКТС] Албанска модерна книжевност
    Главните карактеристики на албанскиот модернизам се позитивните тенденции на модернистите, нивните барања во книжевноста, социјално-политичката и книжевната состојба, доминантните мотиви и субјектот во нивните дела, универзалната идеја, животната филозофија, предвидувањата на тешкотиите, големиот животен оптимизам, темите зa историските настани.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [AS0104] Дијалектологија - микросистем во контакт
    • [EAS0115] Јазиците во контакт
    • [AS0112] Стилистика и прагматика
    • [EAS0116] Вовед во општа лингвистика
    • [EAS0117] Ономастика
    • [EM561] Теорија на интертекстуалност
    • [EM562] Зборообразување во албанскиот јазик
    • [EM563] Семантика
    • [EM565] Студии на современата албанска проза
    • [EM566] Студии на современата албанска поезија
    • [EM567] Компаративна книжевност
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [AS0104] Дијалектологија - микросистем во контакт
    • [EAS0115] Јазиците во контакт
    • [AS0112] Стилистика и прагматика
    • [EAS0116] Вовед во општа лингвистика
    • [EAS0117] Ономастика
    • [EM561] Теорија на интертекстуалност
    • [EM562] Зборообразување во албанскиот јазик
    • [EM563] Семантика
    • [EM565] Студии на современата албанска проза
    • [EM566] Студии на современата албанска поезија
    • [EM567] Компаративна книжевност

Семестар 3

  • [AS0101] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Материјата во рамките на овој предмет се однесува на најновите форми и методи на современата методологија за изучување на предметот Албански јазик и литература. Во суштина тука се опфатени методите, формите, техниките, организирањето на индивидуалната научно - истражувачка работа со своите специфични карактеристики.
  • [AS0109] [6 ЕКТС] Албанска социолингвистика
    Предметот го опфаќа теоретскиот и практичниот дел и ги има за цел основните концепти кои се однесуваат на односот на јазикот и општеството, односно со начинот на кој јазикот го користиме на различни општествени контексти, како и за основните причини на јазичните варијации. Функцијата на јазикот во општеството, односот меѓу јазикот и културата, хоризонталната и вертикалната стратификација на јазикот, социолекталната диференцијација, јазичната политика и нормирањето на стандардизацијата.
  • [CM252] [6 ЕКТС] Современи албански студии
    Цели на предметот се студентите: •Да добијат општи познавања од современата албанска литература; •Да се здобијат со знаења од уметничките литературни вредности; •Се здобиваaт со знаење за подетален пристап кон анализи и интерпретации на избрани романи од најважните романсиери од 20. век; •Да добијат познавања од областа на албанската современа литература, методологијата и проучувањето на високите вредности од доменот на книжевноста; •Да се подготват за сопствен научен труд во кој ќе ги применат теоретските знаења врз конкретни дела од овој книжевен период; •Да се запознаат со предизвиците на пристапувањето кон херметичкиот текст.
  • [EM564] [6 ЕКТС] Историска компаративна лингвистика
    Цели на предметот: Компаративната историска лингвистика е научно проучување на јазичните промени со текот на времето. Главните цели на историската лингвистика вклучуваат: -опис и пресметка за промените забележани во одредени јазици; -реконструкција на праисторијата на јазиците и утврдување на нивниот однос, нивно групирање во јазични семејства (компаративна лингвистика); -развивање општи теории за тоа како и зошто се менува јазикот; -опишувајќи ја историјата на говорните заедници; -проучување на историјата на зборовите, односно етимологијата.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [AS0104] Дијалектологија - микросистем во контакт
    • [EAS0115] Јазиците во контакт
    • [AS0112] Стилистика и прагматика
    • [EAS0116] Вовед во општа лингвистика
    • [EAS0117] Ономастика
    • [EM561] Теорија на интертекстуалност
    • [EM562] Зборообразување во албанскиот јазик
    • [EM563] Семантика
    • [EM565] Студии на современата албанска проза
    • [EM566] Студии на современата албанска поезија
    • [EM567] Компаративна книжевност

Семестар 4

  • [MCAS4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Студентите се воведуваат во студиската програма и се фокусираат во изборот на студиските проблеми за тезата. Собираат материјал за тезата, вршат избор, интерпретација на теориските и емпириските материјали преку квалитативните и квантитативните напредни методи.
Google+