Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Германски студии (2022/2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-MDE60C
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по германски студии
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

По завршување на оваа програма студентите стекнуваат титула магистер по германски студии. Оваа програма се фокусира главно на лингвистика, книжевност, култура, методологија на предавањето на германскиот јазик како странски јазик (DaF) на универзитетско ниво, како и на историја на германското јазично подрачје. Во работата на Одделот се вклучени локални предавачи и предавачи од германско јазичните подрачја, а кои одлично се квалификувани за предавање според модерните методи. Нашиот Оддел игра важна улога не само на државно ниво, туку и на регионално ниво. Во оваа насока вреди да се споменат развојот и модерната апликација на наставните програми како и квалитетот во областа на подготовката на предавачите на германски јазик како странски јазик. 

Дипломираните на оваа студиска програма поседуваат знаења, вештини и компетенции, кои им овозможуваат продолжување на студиите од третиот циклус (докторски студии) или да започнат кариера на современ предавач на германскиот јазик на универзитетско ниво. Освен ова модулите од областа на лингвистиката, книжевноста, дидактиката и културата им овозможуваат да вршат и други дејности во: јавната администрација и маркетингот, дипломатската служба, јавни и приватни институции, или да работат како преведувачи и толкувачи, за зајакнување на македонско-германските односи, во областа на политиката, културата и културното посредување, дејности во областа на новинарството како и на издавачките куќи, во меѓународните претпријатија или пак во туризмот.

Знаење и разбирање
  • Да има знаење и разбирање во германските студии кои вообичаено се наоѓаат над нивото од додипломските студии.
  • Да демонстрира специјализирано знаење на германската лингвистика, литература, култура и цивилизација на земјите во кои се зборува германски.
  • Да има професионално знаење и разбирање на главните трендови во методологијата на поучување на германскиот јазик на основен, среден и висок степен.
  • Да стекнува академско знаење за независна академска работа.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Да ги спроведува своите академски вештини во академски и неакадемски средини што се поврзани со германските студии.
  • Да е во состојба да замисли, да дизајнира, да имплементира и да прилагодува значителни истражувачки проекти со научен интегритет.
  • Да користи академски писмен и говорен германски во различни контексти.
  • Да преведува текстови во областа на правото, економијата, политиката, книжевни текстови итн., од германски на албански или македонски и обратно.
  • Да дизајнира наставна програма и план на час, соодветен за конкретни наставни контексти, на пример, подучување на помладите ученици (под 12 години) или предавање бизнис германски јазик за возрасни.
Способност за проценка
  • Да ги разгледува различните јазични аспекти на германскиот јазик и нивното значење за наставниот процес на германски јазик за говорниците на други јазици.
  • Да направи сложени методолошки анализи во истражувањето и анализи во областа на германски студии.
  • Да донесува одлуки во врска со потенцијалните тешкотии на различните аспекти на германскиот јазик: образување  и време, определени / неопределени членови, идиоматски изрази, предлози и други граматички категории.
  • Да направи сложени методолошки оцени во истражувачки анализи и да направи разлика меѓу различни методи за собирање податоци и за анализа на податоци, поврзани со јазикот и лингвистиката.
Комуникациски вештини
  • Да го артикулираат јасно образовниот процес во контекст на германските јазични студии.
  • Да предаваат различни лингвистички концепти на учениците со различни способности.
  • Да комуницираат на соодветен начин, критички да размислуваат, да внимаваат на комуникацијата и на личниот развој на студентите.
  • Да покажуваат компетентност за комуникација  во училница во однос на управување на училница на основен, среден и висок степен.
Вештини на учење
  • Да иницира и да извршува независно истражување на високи академски стандарди во областа на германските студии.
  • Да е во состојба сам да ги следи и да ги приспособи наставните методи во согласност со одредени ситуации.
  • Да стекнува сознанија во голема мера на автономен начин во германската лингвистика, литература, култура и цивилизација.

Семестар 1

  • [MCGR1011] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научна работа, кои на студентите почетници им создаваат многу тешкотии. Практичните вежби ќе им помогнат во тоа како треба де се однесуваат во библиотека, како да напишат писмена работа, реферати или слично. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување тема, библиографија, правила за цитирање, научни шифри, организирање на работата итн.
  • [MCGR1010] [6 ЕКТС] Теорија на валентност
    Во рамките на овој предмет студентите ќе се запознаат со структурата на германскиот јазик според теоријата на валентноста. Исто така ќе се дискутира за нејзините суштински прашања. Во првиот дел на овој предмет ќе се води разговор околу историјата на теоријата на валентност како и за нацртот за размислувањата околу валентноста опишани во работата на Тесниере и нејзините недостатоци и контрадикторности. Ќе се третираат и следниве теми: валентност, субјект - валентен и депедентен, основни прашања на теоријата на валентност и носителите на валентност. Во вториот дел ќе биде третирано прашањето по разликувањето на актантите и циркумстантите (Ergänzungen und Angaben bzw. Aktanten und Zirkumstanten). Долго време дискусијата околу валентноста се третираше одделно од прашањето, но и по барањето на конкретните критериуми за разграничување на овие два поима, при што постои стремеж, валентноста да не се разбере како дихотомен, туку како постепен феномен. Во третиот дел на предметот ќе се третира прашањето околу моделот на реченици и валентност на другите видови зборови (придавките и особено именките).
  • [MCGR1040] [6 ЕКТС] Класични автори и дела од германско-јазичната литература
    Се очекува широко знаење и разбирање на терминологијата на германската книжевност низ епохите почнувајќи од периодот од XV до XVII век. Се очекува студентите да ги применуваат своите литературни знаење и разбирање во нивната појавa, процеси и дела од периодот од XV до XVII век, да собираат, да оценуваат и да интерпретираат релевантни податоци и информации во рамките на германската книжевност за горенаведениот период. Се очекуваат дискусии за германската книжевност од овој период и работење со конкретни примери од избраните авторски дела, да ги развиваат вештините за учење кои им се релевантни и потребни за понатамошно самостојно едуцирање во областа на германската книжевност од горенаведената област. Овој предмет содржи: читање литература, книжевна анализа, подготвување писмени и усни тези на реферати и дискусија во врска со развојната научна литература за најеминентните автори (со избрани дела), на германската литература, почнувајќи од крајот на германската книжевност на средновековието, па до епохата на класиката на германската книжевност (среден век: Hartman von Auer, Volfram fon Eschenbach, Gottfried von Strassburg, од ренесанса до 18 век: Grifius, Grimmelshausen, Viland, Goethe, Schiller, Heine, Büchner, Kleist, Novalis, Tik, Hoffman, Aeichendorf, Arnim, Brentano, Hajne, Keller, Stifter, Meier, Hebel, Hauptmann; Fontane).
  • [MCGR2040] [6 ЕКТС] Развојни тенденции на современиот германски јазик
    Германскиот јазик е во прогресија. Доколку не би подлежел на промени, би бил мртов јазик. Овој предмет има за цел студентите да се запознаат со најновите тенденциите на германскиот јазик посматрани од различни аспекти. Во прилог по прашањата од областа на јазичните промени ќе се дискутира за стандардите на јазикот. Притоа ќе се дискутираат најбитните промени од областа на морфологијата, синтаксата и германскиот вокабулар. Внимание ќе се посвети исто така на некои избрани теми како на пр. позајмените зборови од англискиот јазик во современиот германски јазик како и актуелната употреба на јазикот во избрани комуникациски области (јазикот во рекламата, јазикот во медиумите). Теоретскиот вовед ќе биде практично демонстриран и потпомаган со реферати.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен
    • [EGL-505] Вовед во методологија и техника на научното пишување
    • [EGL-503] Современа германска литература
    • [EGL-506] Изучување на германскиот како странски јазик
    • [CGL-403] Цивилизација на германското говорно подрачје
    • [EGL-405] Јазична политика во ЕУ
    • [EGL-602] Анализа на грешките
    • [MCGR3020] Прагматика
    • [MCGR3011] Теориите на изучувањето на јазиците
    • [MCGR2010] Социолингвистика

Семестар 2

  • [MCGR4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+