Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Mеѓународни комуникации (2022/2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-MIC60C
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по меѓународни комуникации
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Програмата Меѓународни комуникации е дизајнирана да придонесе за современо специјалистичко образование и за развивање на научно-истражувачки капацитети. Притоа студентите ќе бидат подготвени да ги планираат, да ги раководат и да ги спроведуваат комуникациите на современи институции и организации во однос на европските и евроатлантските организации и поопшто во меѓународните односи и дипломатијата.

Програмата е дизајнирана според најсовремените трендови од областа на апликативните комуникации во меѓународен контекст и таа претставува надополнување и континуитет на додипломската програма Меѓународни комуникации понудена од Факултетот за јазици, култури и комуникација при УЈИЕ.

Целта на оваа програма е да се подготват студентите како идни научни истражувачи и/или експерти коишто ќе бидат способни да ги анализираат комуникациските феномени и процеси во меѓународен контекст, да ги проучуваат меѓународните медиуми, да ги анализираат и да ги интерпретираат политичките и социјалните процеси од аспектот на трендовите на меѓународните комуникации итн.

Со интеграцијата во Европската унија и во НАТО на земјите од регионот, владините и невладините институции во земјите-членки или во земјите-кандидати имаат потреба повеќе од кога и да било за експерти и специјалисти од областа на меѓународните комуникации кои ќе ги спроведуваат комуникациите меѓу соодветните единици и оддели на институциите со центрите во Брисел, со институциите на другите земји.

Целите на оваа програма се студентите:

  • Да стекнат знаења за менаџирање на процесот на комуницирање во меѓународен контекст.
  • Да планираат меѓународни комуникации со меѓународните организации и во рамките на меѓународните организации.
  • Да спроведуваат меѓународни комуникациски кампањи.
  • Да евалуираат резултати од меѓународните комуникации меѓу институциите во меѓународни односи.
  • Да вреднуваат дипломатски односи и функции меѓу земји и институции во однос на комуникациите.
  • Да стекнуваат знаења за различните теории за комуникациите, меѓукултурните комуникации и лидерството во меѓународните комуникации, за научно-методолошки прашања поврзани со комуницирањето во меѓународен контекст, како и аналитички и креативни вештини за преговарањето.
  • Да стекнуваат практично знаење за анализирање на меѓународните комуникации меѓу институциите, земјите и групите и разбирање за начинот на функционирање на меѓународните медиуми, практиките на меѓународниот менаџмент, лидерството, пораките во меѓународните комуникации, како и да ги развиваат ефективните вештини и комуникациските кампањи во процесот на меѓународна комуникација.

По завршување на магистерската програма по Меѓународни комуникации студентите може да работат како научни истражувачи или обучувачи од областа на меѓународните комуникации, како и да се вработат како менаџери, специјалисти, консултанти и советници за комуникации или/и меѓународни комуникации во:

  • меѓународни организации,
  • амбасади,
  • мултинационални корпорации,
  • медиуми,
  • агенции за односи со јавноста,
  • дипломатски мисии,
  • невладини меѓународни организации итн.
Знаење и разбирање
  • Стекнување знаење и разбирање на комуникацискиот процес воопшто и поседување продлабочени знаења за главните теории и пристапи од меѓународните комуникации.
  • Стекнување напредни познавања за: меѓународните комуникациски модели, видовите комуникациски кампањи и стратегии за односи со јавност, основните карактеристики на дипломатијата и начинот на функционирање на меѓународните организации.
  • Развивање аналитичко и критично мислење за меѓународните комуникациии за нивните стратегии и тактики.
  • Оригиналност во применување на автономни идеи за создавање комуникациска порака во меѓународни и дипломатски односи како и компетентно пишување и зборувањево јавност и во приватна атмосфера за прашања поврзани со меѓународните комуникации.
  • Утврдување стратегија за развивање на комуникацијата со (и во рамките на) меѓународните организации и особено објаснување и класифицирање комуникациски модели и алатки во развивањето и во примената на меѓународните комуникации.
  • Стекнување напредно практично искуство за меѓународна комуникација
Примена на знаењето и разбирањето
  • Да планираат и да водат преговори со меѓународните институции и да посредуваат во разрешувањето на конфликтите меѓу две или повеќе страни.
  • Да планираат, да раководат и да вреднуваат истражувачки проекти од областа на меѓународните комуникации и да бидат аналитични во областа на меѓународната комуникација.
  • Да имаат способност за одржување професионални и институционални комуникации со меѓународни учесници и институции и да развиваат односи за јавноста и комуникациски кампањи на национално и глобално ниво.
  • Да имаат способност да управуваат и да вреднуваат програми и позиции на разни меѓународни институции и да водат тренинзи и да даваат експертски совети за комуникациски вештини од национален и меѓународен аспект.
  • Детално да ја организираат и да ја структурираат содржината на комуникациската порака во нејзините главни сегменти во меѓународен контекст: информираност, свесност, убедување, повратна информација и транспарентност.
  • Да набљудуваат, да истражуваат и да анализираат одредени комуникациски ситуации при комуницирањето во меѓународните односи и дипломатијата за прашања поврзани со меѓународните медиуми, лидерството и комуницирањето, меѓукултурната комуникација, глобализацијата и новите медиуми.
Способност за проценка
  • Способност за процена и за избор на стратегии во меѓународните комуникации и поконкретно способност за процена и за избор на каналите и моделите за комуницирање со меѓународните институции и во нивни рамки.
  • Право на избор на формите на меѓународните комуникациски кампањи, работата со меѓународните медиуми и вреднување на најсоодветните нови медиуми за одредена комуникациска порака при процесот на меѓународното комуницирање.
  • Одлуки за селекција на аргументите и фактите за ефективна комуникациска порака во меѓународните односи, дипломатијата и во преговарањето.
  • Идентификација на силните и на слабите страни во менаџирањето на одредени комуникациски стратегии во меѓународниот контекст.
  • Способност да се вклучуваат на професионално ниво во медиумски и други јавни дебати и да ги аргументираат своите ставови, поткрепени со факти, за теми поврзани со комуникациите, новите медиуми, објективноста во меѓународните комуникации, креирањето на јавното мислење итн.
Комуникациски вештини
  • Да планираат, да спроведуваат и да вреднуваат презентации на нови идеи, концепти и стратегии од областа на меѓународната комуникација.
  • Да составуваат агенда за комуницирање на пораки, идеи и на одлуки на институциите и организациите во практикувањето на меѓународните комуникации.
  • Да имаат напредни познавања на странските јазици за меѓународната комуникација на академско ниво.
  • Да даваат јасна и кохерентна професионална презентација за некоја тема или задача поврзана со меѓународните комуникации употребувајќи референтни примери и решенија.
  • Да користат напредни извори за понатамошно усовршување и за имплементација на стекнатите знаења.
  • Професионално и елоквентно медиумски да се изразуваат, како и да стекнат вештини за јавно говорење за прашања и теми поврзани со меѓународните комуникации.
  • Да организираат, да водат и да развиваат професионални дебати и професионално/експертски да дебатираат на теми поврзани со меѓународните комуникации.
  • Специјалистите по меѓународни комуникации да креираат стратегии за комуницирање во меѓународна средина, да применуваат соодветни тактики и алатки за реализација на меѓународните комуникациски стратегии и планови, да олеснуваат и/или да посредуваат при преговори за разрешување некој конфликт од комуникациска природа во меѓународен контекст.
Вештини на учење
  • Да поседуваат професионална/експертска способност да прават анализи од областа на меѓународната комуникација и да користат научна литература и преглед од други автори.
  • Да ги продлабочуваат теоретските знаења преку проблематизирање на разновидни комуникациски ситуации во меѓународните односи, дипломатијата и преговорите
  • Да формулираат истражувачко прашање и да изработуваат прашалници како и други научни методи при научни истражувања од областа на меѓународните комуникации.
  • Да ја анализираат  публиката/јавноста.
  • Да преземаат иницијативи и одговорност за креирање глобални комуникациски политики во институциите.

Семестар 1

  • [MIC-101] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Предметот е фокусиран на проблемите на квантитативните и квалитативните методи и техники и на магистерската теза, нејзината структура и нејзините стандарди. Во рамките на предметов се опфаќа и селекцијата на прибраниот фактографски материјал, а неговата анализа и научна интерпретација претставуваат значајна компонента за испитувањето на причинско-последичните односи.
  • [MIC-102] [6 ЕКТС] Напредна комуникациска теорија
    Во рамките на предметот се истражуваат теориите на комуникација, нивната анализа во дискурсите и наративната анализа. Се анализира и човекот или личноста преку моделот на дискурсот, кој пред нас ги донесува едукативниот модел и културните карактеристики на автентичноста.
  • [CM172] [6 ЕКТС] Глобална и меѓународна комуникација
    Студентите ќе стекнат продлабочени знаења за современите теории на глобалната и меѓународната комуникација, ќе може да прават стратегија за ефективна глобална комуникација од аспект на примена на општествено-културолошките карактеристики на конструкција и организација на комуникациската порака како и од аспект на влијание врз глобалната публика, односно меѓународната јавност. Студентите ќе ги анализираат и современите културолошки феномени на глобалната комуникација како што се глобализацијата, мултикултурализмот, интеркултурализмот и културниот идентитет во конкретни комуникациски реалитети.
  • [CM173] [6 ЕКТС] Масовни медиуми, општество и јавно мислење
    Масовните медиуми играат важна улога со тоа што им даваат до знаење на поединците што мислат другите луѓе и им даваат на политичките лидери голема публика. На овој начин медиумите овозможуваат јавното мислење да опфати голем број поединци и широки географски области. Дискурзивното проучување на организациите за масовни медиуми, како тие функционираат и го вршат своето влијание врз поединците и општеството, овозможувајќи им на студентите да имаат познавања и да станат самокритични потрошувачи на содржини за масовни медиуми. Акцентот ќе биде ставен на оние медиуми кои се занимаваат со известување и коментирање вести и јавни работи, особено печатот, телевизијата и дигиталните медиуми. Овој предмет ги опфаќа функциите, принципите, теориите, концептуалните алатки и методите што се користат за разбирање на улогата на медиумите во општеството. Предметот има за цел да го заостри разбирањето на студентите за процесите и функциите на медиумите во политиката и владата, да ги разјасни теориите и ефектите на медиумите врз јавното мислење и политичките процеси, да развие разбирање за практиката и влијанието на политичката комуникација, зрело разбирање на факторите кои влијаат врз вестите, обезбедување, однапред разбирање на улогите што ги играат медиумите во различни политички и владини потфати и критичко оценување на медиумските перформанси во однос на политиката и општеството.
  • [6 ЕКТС] Изборен прдмет
    • [EM540] Нови медиуми и стратешка комуникација
    • [EM541] Современа политика, масовни медиуми и новинарство
    • [EM542] Медиуми и политика
    • [EM543] Комуникација и социјална интеракција
    • [EMIC-302] Меѓународен менаџмент: теорија и практика
    • [EMIC-306] Меѓународни комуникации и социјални мрежи
    • [EMIC-201] Меѓукултурна комуникација
    • [EM544] Дигитална медиумска писменост
    • [EM545] Меѓународни односи со јавноста и глобална комуникација
    • [ECM-606] Планирање на комуникациите

Семестар 2

  • [MIC-400] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавна одбрана на магистерската теза. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската теза. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подготвување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно – научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно – научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома – Магистер по меѓународни комуникации.
Google+