Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Медиуми и комуникација (2022/2023)

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: PhD-MC
Академска година: 2024 / 2025
Титула: Доктор на науки по медиуми и комункиација
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение:

Студиската програма од трет циклус по медиуми и комуникација понудена од Одделот за Комуникациски науки на Факултетот за јазици, култури и комуникација при УЈИЕ е една од трите посебни патеки за истражување и практика на медиумите и комуникацијата. Во голема мера црпејќи се од современата културна и критичка теорија, докторските студии по медиуми и комуникација се фокусирани на интеракции меѓу главните компоненти на современата комуникација - медиумски институции, нивна содржина и препораки, како и нивната публика или јавност - посебно како процес со кој се генерира културното значење. Студиската програма од трет циклус го испитува тој процес на интердисциплинарна основа преку социјални, економски, политички, историски, правни,  регулаторни и меѓународни перспективи, со силен акцент на прашања што вклучуваат нова комуникациска технологија и политика. Дипломираните студенти ќе работат во средина што е посветена на критичка педагогија, интелектуален и креативен ангажман со компаративен осврт на традиционалните форми на интелектуално испитување и другите подеднакво длабоки модели и мапи на патиштата за потрага по знаење.

Студиската програма од трет циклус има за цел да им овозможи на студентите компетенции и алатки потребни за развој на истражувачки проекти кои вклучуваат највисоки научни стандарди и напредни нивоа на етичко значење. Покрај совладувањето на различните теоретски трендови и методолошки алатки, студентите на докторски, исто така ги продлабочуваат своите капацитети за анализа и критичко толкување на различните комуникациски појави. Наставната програма  е дизајнирана да ги задоволи сегашните и идните потреби на пазарот на трудот во одредени полиња на сферата на медиумите и комуникација, во креирање на политиките на национално и на меѓународно ниво и корпоративниот развој на полето на медиумите, дигитална и интерактивна комуникација, интернет-компании, развој на портали, новинарство, корпоративна и организациска комуникација и односи со јавноста, итн. Студиската програма е усогласена со современите светски  и европски трендови  и е споредлива со сличните програми на странските високообразовни институции, особено во рамките на европскиот високообразовен простор. Студиската програма на студентите им нуди најнови применети научни и стручни знаења од областа на медиумите и комуникацијата и усогласеност со најмалку три акредитирани програми на странски високообразовни установи.

Дипломираните студенти од оваа докторска студиска програма се подготвени за академски кариери на универзитети и за вработување како медиумски аналитичари во применети истражувања, како и за високи позиции во областа на политиката и комуникациите во владините и во непрофитните сектори.

Знаење и разбирање

Стекнување знаење и разбирање на комуникацискиот процес воопшто и поседување продлабочени знаења за главните теории и пристапи од медиумите и комуникацијата.

Стекнување напредни познавања за: медиумите и комуникацијата, видовите комуникациски кампањи и стратегии за односи со медиуми.

Развивање аналитичко и критично мислење за медиумите и комуникацијата и за нивните стратегии и тактики.

Оригиналност во применување на самостојни идеи за создавање комуникациска порака во медиумите и комуникацијата како и компетентно пишување и зборување во медиуми.

Стекнување напредно практично искуство за медиумите и комуникацијата.

Примена на знаењето и разбирањето

Да посредуваат во разрешувањето на конфликтите меѓу две или повеќе страни.

Да планираат управување со проекти (изготвување на научни истражувања, организација на имплементација на истражувања, навремено откривање на потенцијални проблеми, утврдување на потребни средства, управување со истражувачки тим).

Да применуваат статистички пакети заради спроведување статистичка анализа на податоците (можност за извлекување заклучоци врз основа на квалитативни и квантитативни податоци)

Да применуваат научни методи (научни методологии) на истражување во независна истражувачка работа.

Да дизајнираат и спроведуваат нови теоретски парадигми засновани на научни достигнувања во областа на истражувањето.

Да ги применуваат академските вештини за пишување и известување (вештини за зборување и слушање, можност за презентирање на податоци и наоѓање пред нестручна публика)

Да ги применуваат знаењата  засновани на современите трендови во размислувањето на информатичките и комуникациските науки.

Способност за проценка

Способност за процена и за избор на стратегии во медиумите и комуникацијата и поконкретно способност за процена и за избор на каналите и моделите за комуницирање.

Право на избор на формите на медиумите и комуникацијата, работата и вреднување на најсоодветните нови медиуми за одредена комуникациска порака при процесот на  комуницирање.

Одлуки за селекција на аргументите и фактите за ефективна комуникациска порака во медиумите и комуникацијата.

Идентификација на силните и на слабите страни во менаџирањето на одредени комуникациски стратегии во медиумите и комуникацијата.

Способност да се вклучуваат на професионално ниво во медиумски и јавни дебати и да ги аргументираат своите ставови, поткрепени со факти, за теми поврзани со комуникациите, новите медиуми,  креирањето на јавното мислење итн.

Критичко собирање информации (пребарување литература, критичко читање и откривање на пристрасност, вештини за интервјуирање).

Комуникациски вештини

Да планираат, да спроведуваат и да вреднуваат презентации на нови идеи, концепти и стратегии од областа на медиумите и комуникацијата.

Да составуваат агенда за комуницирање на пораки, идеи и на одлуки на институциите и организациите во практикувањето на медиумите и  комуникацијата.

Да даваат јасна и кохерентна професионална презентација за некоја тема или задача поврзана со медиумите и комуникацијата употребувајќи референтни примери и решенија.

Да користат напредни извори за понатамошно усовршување и за имплементација на стекнатите знаења.

Професионално и елоквентно медиумски да се изразуваат, како и да стекнат вештини за јавно говорење за прашања и теми поврзани со општеството и масовната  комуникација.

Да креираат стратегии за комуницирање со јавноста и да применуваат соодветни тактики и алатки за реализација на комуникациски стратегии и планови. 

Вештини на учење

Да поседуваат професионална/експертска способност за истражувања во областа на медиумите и комуникацијата, потпомогнати од напредокот на информатичката технологија.

Да прават анализи од областа на медиумите и комуникацијата во теоретска и во методолошка смисла и да користат научна литература и преглед од други автори.

Да ги продлабочуваат теоретските знаења преку проблематизирање на разновидни комуникациски ситуации во медиумите и комуникацијата.

Да формулираат истражувачко прашање и да изработуваат прашалници како и други научни методи при научни истражувања од областа на медиумите и комуникацијата.

Да преземаат иницијативи и одговорност за креирање глобални комуникациски политики во институциите. 

Семестар 1

  • [C2347] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научна работа, кои на студентите им создаваат многу тешкотии. Практичните вежби ќе им помогнат во тоа како треба де се однесуваат во библиотека, како да напишат писмена работа, реферати, семинарска работа или слично. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување тема, библиографија, правила за цитирање, научни шифри, организирање на работата итн.
  • [C2215] [10 ЕКТС] Теорија за комуникација и медиуми
    Цели на предметот: Добивање на специјалистички сознанија за теоријата на комуникација и медиумите.
  • [C2348] [10 ЕКТС] Пишување на докторската дисертација
    Преку овој предмет студентите се оспособуваат да извршуваат самостојно научно истражување, односно да го пишуваат докторскиот труд. Преку предметот студентите ќе ги стекнат потребното знаење, способност и доверба за успешно истражување. Поради тоа, има повеќе соработка и дискусии отколку кај предметите кои се базирани на предавањa. Од студентите се очекува да учествуваат активно во дискусиите.

Семестар 2

  • [DLCC0104] [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање методологија за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2662] Компаративни медиумски системи
    • [E2663] Масовна комуникација и општество
    • [E2664] Напредни студии во нови медиуми и општество
    • [E2665] Стратешко пишување и односи со медиумите
    • [E2666] Новинарство и дигитални комуникации
    • [E2667] Процеси и ефекти на посредуваната комуникација
    • [E2668] Студија за комуникација: комуникација и култура
    • [E2669] Јавен говор: Говор и критика во демократско општество
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2662] Компаративни медиумски системи
    • [E2663] Масовна комуникација и општество
    • [E2664] Напредни студии во нови медиуми и општество
    • [E2665] Стратешко пишување и односи со медиумите
    • [E2666] Новинарство и дигитални комуникации
    • [E2667] Процеси и ефекти на посредуваната комуникација
    • [E2668] Студија за комуникација: комуникација и култура
    • [E2669] Јавен говор: Говор и критика во демократско општество

Семестар 3/4

  • [PHD-S3-S4-01] [40 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научно-истражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет на Факултетот.

  • [PHD-S3-S4-02] [15 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според табелата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
  • [C2019] [5 ЕКТС] Студентска мобилност
    Целта на мобилноста на докторантите е да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од другите европски земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација.

Семестар 5

  • [DLCC0105] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот од петтиот семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето кандидатот ќе ги презентира јавно.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според табелата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [C2299] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за одбрана.
Google+