Програма: |
Зелена економија и одржлив развој (2021/2022) |
Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
Факултет: | Бизнис и економија |
Код на програмата: | GES-120 |
Академска година: | 2024 / 2025 |
Титула: | Магистер по економски науки - Насока: Зелена економија и одржлив развој |
ЕКТС: | 120 (2 години) Aкредитација |
Решение: | Решение за почеток со работа |
Целта на Зелената економија е да воспостави одржлива економија која ефикасно ги користи природните ресурси и има помало влијание врз животната средина, преку развој на нови, одржливи модели на производство и потрошувачка за да се обезбеди просперитет и висок квалитет на живот за следните генерации. Растечките закани за одржливоста ги водат и владите и деловните субјекти да истражуваат различни елементи на зелената економија, вклучувајќи обновлива енергија и зелена технологија. Транзицијата кон зелена економија вклучува премин кон зеленото производство и потрошувачка; намалување на исцрпување на природните ресурси и деградација на екосистемите предизвикани од економска активност и зголемување на снабдувањето со енергија со ,,чисти,, енергии со ниско ниво на јаглерод со придонес кон ублажување на климатските промени.
Енергијата, економијата и животната средина како комплексен концепт доаѓа до израз на сите политички, управувачки и претприемнички нивоа. Ваквиот концепт корелира и со целите на Зелениот договор на Европската Унија има јасна цел- климатски неутрална и поотпорна Европа до 2050 година. За постигнување на оваа цел, предложен е Европски Закон за клима кој правно побарува акции од сите економски сектори.
- Декарбонизација на енергетскиот сектор и обезбедување
- Ренергетски ефикасно градење на нови и реконструкција на постојни згради
- Иновативна индустрија (мобилизација на индустријата за циркуларна економија)
- Умен транспорт
- Чиста и нетоксична животна средина
Самиот Зелен Договор повикува на насоченост и кохерентност на европските политики кон одржливиот развој и т.н зелено финансирање. Ова, во наши услови, од аспект на намалување на климатските промени, би значело, приоретизација на политиките за кои веќе постојат научни проценки дека покрај економските имаат и позитивни ефекти врз животната средина и намалувањето на климатските промени или, дополнително, имаат и потенцијал за креирање на зелени работни места. Преку анализа на политиките и мерките кои водат до пониско-јаглероден и климатски поотпорен раст и одржлив развој се даваат насоки и за приоретизација на идните финансиски текови од различни извори-буџет, приватни и стрнски инвестиции итн. Со програмата ќе се креираат кадри кои ќе помогнат и во спроведувањето на инвестициската рамка на Зелената агенда за Западниот Балкан, потпишана во ноември 2020 како дел на Берлинскиот процес.
Со програмата ќе се креираат кадри кои ќе помогнат во спроведувањето на инвестициската рамка на Зелената агенда за Западниот Балкан, потпишана во ноември 2020 како дел на Берлинскиот процес. Со стратегијата Европа 2020 (Europe 2020 Strategy), како пакетот енергија и клима 2030 и долгорочните цели за климатска неутралност до 2050, Европската комисија го одреди правецот на Европската унија и даде акцент на паметниот, одржлив и инклузивен раст. Севкупната развојна програма во голема мера е заснована на принципите на одржливиот развој, односно на зелената економија од која се очекува создавање работни места и намалување на сиромаштијата, низ одржливо и одговорно управување со природните ресурси. Некои од поставените цели се: зголемување на процентот на обновлива енергија во финалната потрошувачка на енергија за 20%, зголемување на енергетската ефикасност за 20% итн. Според Европската комисија дополнителните мерки за зголемување на продуктивноста на користените ресурси за 30%, до 2030 година би можеле да го поттикнат БДП-то за 1%, при што би се создале 2 милиона дополнителни работни места. Според ова, дипломираните кандидати ќе имаат можности за вработување во енергетскиот, економскиот и еколошкиот сектор, сродни истражувачки институти, јавни органи и во компании и организации кои се занимаваат со активности за иновации во енергетика, економија и животната средина.
Знаење и разбирање
Да добијат цврстаоснова за концептите, теоријата и практиката за енергетика, економија и одржлив развоји разбирање на концептите и значењето за енергетика, економија и одржлив развој;
Способност за развој и за примена на оригинални и креативни идеи за да се обезбеди континуиран напредок на квалитетот и управувањето со енергија, економија и одржлив развој;
Способност за примена на знаењата и разбирањата и демонстрирање напредни вештини и надлежности за: системот за енергетска анализа, технологијата за обновливи извори на енергија, напредните Чисти технологии, одржливо производство и потрошувачка, управувањето со енергијата и подобрувањето на енергетската ефикасност итн.;
Да ги научат неопходните аналитички и практични вештини за работа на полето на локален, регионален и национален развој.
Примена на знаењето и разбирањето
Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми со оригиналност во нови или непознати средини без претходно искуство во индустријата;
Планирање, управување и процена на независно истражување во областа на енергија, економија и одржлив развој и нивните анализи, како и примена на соодветните алатки за тестирање, симулација и имплементирање;
Креативност и оригиналност во интерпретација на знаењето од науката за решавање на проблемите поврзани со целите на управување со енергија, економија и одржлив развој.
Да го интегрираат разбирањето за пазарот, државата и граѓанското општество и да сфатат како истите се позиционирани во теоријата и практиката на енергија, економија и одржлив развој.
Способност за проценка
Способност за креативно интегрирање и синтетизирање на знаењата од повеќе области на енергија, економија и животна средина и за процесите и системите за администрирање, користејќи ги ИТ-алатките дизајнирани и создадени за одредена цел, но и креирање на образовните процеси со користење компјутерски алатки и техники;
Способност за справување со сложени прашања поврзани со одредени процеси.
Способност за идентификување соодветни специјализирани случаи и способност за процена на случаите кога недостасуваат целосни информации или податоци врз основа на лични, социјални и на етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаење и разбирање.
Комуникациски вештини
Способност за размена на заклучоци и предлози со нивно аргументирање и со рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.
Способност за јасно и недвосмислено изведување стручни заклучоци, резултати, студии и сознанија со способност за прилагодување на стилот и формата на изразување.
Компетентност за критички, независни и креативно аргументирани истражувања, евалуација на методологии и предлагање и бранење нови хипотези.
Способност за иницирање, водење и за преземање одговорност за индивидуи и за групи во случаи во кои бизнис-компетенциите и информатичките компетенции се од суштинска важност.
Способност за презентирање на резултати од различни студии, пренесува деловни планови на работни групи и засегнати страни.
Вештини на учење
Способност за идентификување на индивидуалните потреби и насоки за индивидуално и автономно дообразование и негово изведување, самостојно и автономно во вообичаените информациски области и областа за обезбедување квалитет;
Способност за преземање одговорност за понатамошни истражувања во специјализирани области во рамките на современата економија, како што е енергија, економија и животна средина.
Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.
Семестар 1
-
[CM240]
[6 ЕКТС]
Животната средина, климатски промени и одржливиот развој - Вовед, меѓународен, европски и национален контекст
Предметот има за цел да им даде на студентите длабоко разбирање на опасностите со кои се соочуваат животната средина, климатските промени и одржливиот развој, и од физичката и од политиката гледна точка. Предавањата ќе ги опфатат физичките, хемиските и биолошките опасности поврзани со природните катастрофи. Овој модул има за цел да му даде на студентот детални информации за физичката, хемиската и биолошката природа на природните опасности користејќи голем број студии на случај и теоретска позадина. Покрај тоа, модулот има за цел да ги воведе алатките што се користат во индустријата и владата за креирање политики (на пример, нумеричко моделирање). Практичното и теренско истражување ќе ги примени теоретските знаења научени за време на предавањата, додека во пракса и ќе ги покажат тешките одлуки потребни при спроведување на политиката за ублажување на опасностите.
-
[CM241]
[3 ЕКТС]
Економија на одржлив развој
Целта на овој предмет е да обезбеди разбирање за примената на економската анализа на клучните теми во одржливоста на животната средина и економскиот развој и да ги опреми студентите со знаење и алатки потребни за анализа и критичко дискутирање на размените помеѓу економскиот раст, социјалната правичност и одржливоста на животната средина. Предметот ја проценува врската помеѓу макроекономските политики, сиромаштијата и животната средина; теоријата и мерењата на одржливоста над БДП; Поврзаност на население-сиромаштија- животната средина; ефектите од меѓународната трговија и економската глобализација врз животната средина и развојот; улогата на меѓународните договори за животна средина; и политиките за зелена економија и за климатски промени. Генерално, овој модул ќе им понуди на студентите заинтересирани за економија на животната средина и / или развојна економија сеопфатен вовед во овие области.
-
[CM242]
[3 ЕКТС]
Урбанистичко планирање I
Основна цел на предметот е доближување на студентите до знаењата кои се неопходни за објавување на работите на еден архитект-планер, потписник и носител на изработувањето на планска документација. Предметот обезбедува увид во инструменеите, стандардите и нормативите на урбанистичкото планирање и обликување, како и во видовите на плански одредби и нивното дејство во правниот и просторниот амбиент. Цел на предметот е и создавање на основи за една општа теорија за урбаната форма која ќе генерира правила на урбаната морфосинтакса со чијашто студентите ќе можат со аргументи да се впуштат во обликувањето на градскиот простор.
-
[CM235]
[6 ЕКТС]
Бизнис аналитика и моделирање
Бизнис аналитика ги учи основните концепти на модерната деловна анализа и обезбедува витални алатки за разбирање како работи анализата на податоците во денешните организации. Предметот има сеопфатен пристап, испитувајќи ја деловната анализа и од описна и од предвидлива перспектива. Студентите учат како да ги применат основните принципи, да комуницираат со професионалци за аналитика и ефикасно да користат и толкуваат аналитички модели за да донесат подобри деловни одлуки. Како алатки, меѓу друго ќе се користи и Excel, зајакнувајќи ги вештините на студентите во програмата и основното разбирање на основните концепти. Дополнително, ќе се користат и Analytic Solver како и комерцијални алатки за дата-мајнинг, така што студентите се подготвени да ги користат истите овие алатки кога ќе дипломираат.
-
[6 ЕКТС]
Напреден општ изборен предмет
- [CM198] Истражување на пазарот
- [EM619] Теорија на игри и бизнис стратегија
- [EM652] Финансиски извештаи и одлучување
- [EM621] Финасии на недвижен имот и анализа на инвестиции
- [EM618] Одржливо претпријатије
- [EM622] Лидерство, тимска работа и разновидност
- [EM623] Сметководствени информациони системи
- [EM639] Менаџмент на иновации
- [EM653] Наука за животната средина
- [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
Семестар 2
-
[CM187]
[6 ЕКТС]
Економетрија
Главнта цел на ова предметната програма е студентите да изучуват и да стекнуват потребните знаења за основните на економетрија. Овој предмет ќе ги подготви студентите на бизнис економија со економетриски методи како и текника, кој се неопходни за анализирање и истражување на сите општествени науки. Фокусот ќе биде во примената економетрија како алатка за решавањето на проблемите на реална економија. Во рамките на предметот економетрија студентите ќе ги изучуват економетриката методологија и нивната примена во бизнис и економија. Исто така во овој предмет ќе се изучуват различните економски модели кој се примнуват во анализата и одговорот на истражувачките прашањата, кој се поврзани со реалната економија. Предмет ќе им овозможи студентите да стекнуват знаење како да поставуват хипотези, и кој модели да ги применуват за нивното тестирање, и разликта помеѓу математичкиот и економтерскиот модел. Корелација и проста и проширена регресија и нивните претпоставки ќе бидат како основа за дизајнирање на економските модели во решавањето на проблемите на релната економија. Како еден од значајните цели на предметот ќе биде студентите да стекнуват знаење како да применуват соодветни текники при истражувањето во сите општествени науки.
-
[CM245]
[3 ЕКТС]
Урбанистичко планирање II
Содржината на предметот ги опфаќа претпоставките за една општа теорија на урбанистичкото планирање и нејзините морфосинтаксички деривации: Филозофското потекло на урбаните форми. Механицистичката научна парадигма и современата урбанистичка мисла. Проблеми на современата урбанистичка теорија и пракса. Термодинамичка парадигма и антиентрописка метафора за град. Интеграција и континуитет на структура. Основни структурални елементи на град: градска куќа и градски блок. Својства и типови на градска куќа. Морфосинтаксичка шема на градско ткаење: куќа, блок, улица, плоштад и двор. Емергенција и агрегација. Урбани инваријанти и универзалии. Основни начела на урбаната форма. Начела на универзалната аналогија. Морфосинтаксички граници на урбаната форма. Густина и интензитет на градење. Димензии и размери на елементите на урбаната форма. Диверзификација и типологија на градските елементи. Морфосинтакса и генеза на урбаната форма. Темпо и природа на менувањето на елементите на урбаната форма.
-
[CM244]
[3 ЕКТС]
Економска теорија и тарифни прашања
Целта на овој предмет е да ги припремува студентите за да можат на крајот на предметот: - да ги разберат економските теори како и тарифните прашања; - да ги разберат историските обрасци на развој во западниот свет, и како отстапил развојот на другите земји од тие патеки; - да се во можност да ги објаснат причините и импликациите на нееднаквоста во приходите; - да се во можност да ги користат класичните и модерните теории за раст и развој за да ги анализират економските проблеми; - да ги поврзат теориите на меѓународна трговија со растот во помалку развиените земји; - да ги анализират макроекономските политики насочени кон развојот и нивните импликации.
-
[CM243]
[6 ЕКТС]
Циркуларна економија, одржливо производство и потрошувачка
Предметот има за цел да им обезбеди на студентите богато разбирање за заслугите и предизвиците на транзицијата кон ресурс-ефикасна и циркуларна економија. Повлекувајќи од повеќе дисциплини, вклучувајќи инженерство, управување и науки за одржливост, студентите се здобиваат со знаење за основните принципи и визии, како и теорија и алатки кои поддржуваат формулирање и проценка на ресурс-ефикасни и циркуларни мерки. Истражувајќи примери од реалниот свет, студентите го синтетизираат и применуваат стекнатото знаење.
-
[6 ЕКТС]
Напреден општ изборен предмет
- [CM198] Истражување на пазарот
- [EM619] Теорија на игри и бизнис стратегија
- [EM652] Финансиски извештаи и одлучување
- [EM621] Финасии на недвижен имот и анализа на инвестиции
- [EM618] Одржливо претпријатије
- [EM622] Лидерство, тимска работа и разновидност
- [EM623] Сметководствени информациони системи
- [EM639] Менаџмент на иновации
- [EM653] Наука за животната средина
- [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
Семестар 3
-
[CMBA01]
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат различните научни теории и методологии. Во почетокот на студентите ќе им бидат објаснети основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, BIAS заклучоците, како и научни квалитативни и квантитативни методологии на истражување, но и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе изврши и практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно опишани; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и за анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање квантитативни и квалитативни податоци; да ја совладаат основната теоретска рамка врз која ќе се надградат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
-
[CMBA19]
[6 ЕКТС]
Менаџмент на проект
Целта на предметот е воведување на студентите во светот на современите проекти и нивно соочување со можностите и предизвиците на реалниот економски живот во креирање на соодветни потребни реални проекти. Специфични цели на предметот се: како да се утврди одреден проект (користејќи неколку фази) и да се истакне значајната улога на менаџерот на проектот (разбирање на потребата, областа на делувањето, активностите за реализација, комплексноста на модерниот проект и др.). Студентите треба да се обучат како да ги применуваат современите алатки и техники на современиот проектен менаџмент при трансформирање потреба или креативна идеја во соодветен реален и документиран проект кој ќе направи да бидат поинвентивни за себе и покомпетитивни на пазарот на трудот.
-
[CM150]
[6 ЕКТС]
Финансирање на енергија и институции
Цели на предметната програма: - Студентите да стекнат знаење за главните извори за финансирање на енергија и енергетски институции; - Студентита да стекнаат апликативно знаење за видовите на финансирање-од соопствените извори, мешовитите како и туѓите извори на финансирање на енергетски проекти и зафати; - Студентите да стекнат знаење за моделите за финансирање на енергија и енергетски проекти; - Да можаат да ги анализираат условите за финансирање како и финансиската оправданост на енергетски проекти и инститиуции; - Да можаат да дизајнираат и идентификуваат алтернативни извори на финансирање на енергетски проекти; - Да можаат да подготвуваат и оценка на финансискиот ризик на енергетските проекти како и избегнување или пак минимизирање на потенциалниот ризик при финансирање на енергетски проекти, институции и зафати.
-
[CM151]
[6 ЕКТС]
Животна средина, климатски промени и одржливиот развој - Алатки за проценка на одржливост
Целта на предметот е на студентите да им даде длабоко разбирање за опасностите со кои се соочуваат животната средина, климатските промени и одржливиот развој, од физичка и од политичка гледна точка. Предавањата ќе ги опфатат физичките, хемиските и биолошките опасности поврзани со природните катастрофи. На студентите ќе им се нудат детални информации за физичката, хемиската и биолошката природа на природните опасности користејќи голем број студии на случај и теоретска позадина. Покрај тоа, модулот има за цел да ги воведе алатките што се користат во индустријата и владата за креирање политики (на пример, нумеричко моделирање). Преку практичното и теренско истражување ќе ги примени теоретските знаења научени за време на предавањата во пракса и ќе ги покажат тешките одлуки потребни при спроведување на политиката за ублажување на опасностите.
- [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
Семестар 4
-
[BE-THESIS-120]
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.