Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Енергија, економија и животна средина (2021/2022)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: EEE-180
Академска година: 2024 / 2025
Титула: Дипломиран економист - Насока: Eнергија, економија и животна средина
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на Зелената економија е да воспостави одржлива економија која ефикасно ги користи природните ресурси и има помало влијание врз животната средина, преку развој на нови, одржливи модели на производство и потрошувачка за да се обезбеди просперитет и висок квалитет на живот за следните генерации. Растечките закани за одржливоста ги водат и владите и деловните субјекти да истражуваат различни елементи на зелената економија, вклучувајќи обновлива енергија и зелена технологија. Транзицијата кон зелена економија вклучува премин кон зеленото производство и потрошувачка; намалување на исцрпување на природните ресурси и деградација на екосистемите предизвикани од економска активност и зголемување на снабдувањето со енергија со ,,чисти,, енергии со ниско ниво на јаглерод со придонес кон ублажување на климатските промени.

Енергијата, економијата и животната средина како комплексен концепт доаѓа до израз на сите политички, управувачки и претприемнички нивоа. Ваквиот концепт корелира и со целите на Зелениот договор на Европската Унија има јасна цел- климатски неутрална и поотпорна Европа до 2050 година. За постигнување на оваа цел, предложен е Европски Закон за клима кој правно побарува акции од сите економски сектори.

  • Декарбонизација на енергетскиот сектор и обезбедување
  • Ренергетски ефикасно градење на нови и реконструкција на постојни згради
  • Иновативна индустрија (мобилизација на индустријата за циркуларна економија)
  • Умен транспорт
  • Чиста и нетоксична животна средина

Самиот Зелен Договор повикува на насоченост и кохерентност на европските политики кон одржливиот развој и т.н зелено финансирање. Ова, во наши услови, од аспект на намалување на климатските промени, би значело, приоретизација на политиките за кои веќе постојат научни проценки дека покрај економските имаат и позитивни ефекти врз животната средина и намалувањето на климатските промени или, дополнително, имаат и потенцијал за креирање на зелени работни места. Преку анализа на политиките и мерките кои водат до пониско-јаглероден и климатски поотпорен раст и одржлив развој  се даваат насоки и за приоретизација на идните финансиски текови од различни извори-буџет, приватни и стрнски инвестиции итн. Со програмата ќе се креираат кадри кои ќе помогнат и во спроведувањето на инвестициската рамка на Зелената агенда за Западниот Балкан, потпишана во ноември 2020 како дел на Берлинскиот процес.

Со програмата ќе се креираат кадри кои ќе помогнат во спроведувањето на инвестициската рамка на Зелената агенда за Западниот Балкан, потпишана во ноември 2020 како дел на Берлинскиот процес. Со стратегијата Европа 2020 (Europe 2020 Strategy), како пакетот енергија и клима 2030 и долгорочните цели за климатска неутралност до 2050,  Европската комисија го одреди правецот на Европската унија и даде акцент на паметниот, одржлив и инклузивен раст. Севкупната развојна програма во голема мера е заснована на принципите на одржливиот развој, односно на зелената економија од која се очекува создавање работни места и намалување на сиромаштијата, низ одржливо и одговорно управување со природните ресурси. Некои од поставените цели се: зголемување на процентот на обновлива енергија во финалната потрошувачка на енергија за 20%,  зголемување на енергетската ефикасност за 20% итн. Според Европската комисија дополнителните мерки за зголемување на продуктивноста на користените ресурси за 30%, до 2030 година би можеле да го поттикнат БДП-то за 1%, при што би се создале 2 милиона дополнителни работни места. Според ова, дипломираните кандидати ќе имаат можности за вработување во енергетскиот, економскиот и еколошкиот сектор, сродни истражувачки институти, јавни органи и во компании и организации кои се занимаваат со активности за иновации во енергетика, економија и животната средина.

Знаење и разбирање

Да добијат цврстаоснова за концептите, теоријата и практиката за енергетика, економија и одржлив развоји разбирање на концептите и значењето за енергетика, економија и одржлив развој;

Способност за развој и за примена на оригинални и креативни идеи за да се обезбеди континуиран напредок на квалитетот и управувањето со енергија, економија и одржлив развој;

Способност за примена на знаењата и разбирањата и демонстрирање напредни вештини и надлежности за: системот за енергетска анализа, технологијата за обновливи извори на енергија, напредните Чисти технологии, одржливо производство и потрошувачка, управувањето со енергијата и подобрувањето на енергетската ефикасност итн.;

Да ги научат неопходните аналитички и практични вештини за работа на полето на локален, регионален и национален  развој.

Примена на знаењето и разбирањето

Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми со оригиналност во нови или непознати средини без претходно искуство во индустријата;

Планирање, управување и процена на независно истражување во областа на енергија, економија и одржлив развој и нивните анализи, како и примена на соодветните алатки за тестирање, симулација и имплементирање;

Креативност и оригиналност во интерпретација на знаењето од науката за решавање на проблемите поврзани со целите на управување со енергија, економија и одржлив развој.

Да го интегрираат разбирањето за пазарот, државата и граѓанското општество и да сфатат како истите се позиционирани во теоријата и практиката на енергија, економија и одржлив развој.

Способност за проценка

Способност за креативно интегрирање и синтетизирање на знаењата од повеќе области на енергија, економија и животна средина и за процесите и системите за администрирање, користејќи ги ИТ-алатките дизајнирани и создадени за одредена цел, но и креирање на образовните процеси со користење компјутерски алатки и техники;

Способност за справување со сложени прашања поврзани со одредени процеси.

Способност за идентификување соодветни специјализирани случаи и способност за процена на случаите кога недостасуваат целосни информации или податоци врз основа на лични, социјални и на етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаење и разбирање.

Комуникациски вештини

Способност за размена на заклучоци и предлози со нивно аргументирање и со рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.

Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.

Способност за јасно и недвосмислено изведување стручни заклучоци, резултати, студии и  сознанија  со способност за прилагодување на стилот и формата на изразување.

Компетентност за критички, независни и креативно аргументирани истражувања, евалуација на методологии и предлагање и бранење нови хипотези.

Способност за иницирање, водење и за преземање одговорност за индивидуи и за групи во случаи во кои бизнис-компетенциите и информатичките компетенции се од суштинска важност.

Способност за презентирање на резултати од различни студии, пренесува деловни планови на работни групи и засегнати страни. 

Вештини на учење

Способност за идентификување на индивидуалните потреби и насоки за индивидуално и автономно дообразование и негово изведување, самостојно и автономно во вообичаените информациски области и областа за обезбедување квалитет;

Способност за преземање одговорност за понатамошни истражувања во специјализирани области во рамките на современата економија, како што е енергија, економија и животна средина.

Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.

Семестар 1

  • [C2118] [6 ЕКТС] Mатематика
    Целта на предметот е запознавање со основните и напредни поими од елементарна алгебра, елементи од линеарна алгебра и примена во бизнис и економија, низи, лимес на низи, бројни редови, примена на геометриски редови во бизнис и економија, и финанциска математика. Оспособеност за користење на методите во линеарна алгебра, низи и бројни редови, и финансиската математика. Да ги разберат потребите од примена на основните и напредните математички методи при решавањето на бројни проблеми од бизнис и економија. Да развијат квантитативно аналитичка способност, за понатамошно учество во практични истражувања од областа бизнис и економија.
  • [C2146] [6 ЕКТС] Вовед во животна средина, климатски промени, одржлив развој
    За време на предметот студентите ќе имаат можност: - Да се подготвуваат за анализа на одлуките во областа на управувањето со животната средина и со одржливиот развој; - Да се оспособуваат за донесување на одлуки во областа на екологијата; - Да ги развиваат своите способности за анализа на еколошките ризици; - Да се оспособат за анализа на еколошката регулатива; - Да ги развиваат и применуваат своите способности за примената на екологија во останатите области; - Практично да го осознаат еколошкото менаџирањето, преку посета на компанија.
  • [C2117] [6 ЕКТС] Основи на економија за бизнис
    Примарната цел на предметот е да се развие основно разбирање на главните економски концепти и теории кои се користат во анализа на економските прашања. Овој предмет е дизајниран на начин да им овозможи на студентите да се здобијат со знаење за основните принципи, концепти и техники во економија како наука и во економски анализи. На крајот на предметот студентите треба да бидат во можност да "размислуваат како економисти". Овој предмет обезбедува истражување на принципите на микро и макроекономијата, со фокус на примена на знаењето во донесување одлуки во глобален амбиент. По завршување на предметот, студентите треба за се оспособат за да: го користат моделот на понудата и побарувачката и да го утврдат влијанието на промените во побарувачката или понудата врз цената и количината; го дефинираат БДП и калкулираат мерењето, употребата и ограничувањата на БДП како мерка на економска благосостојба; ја дефинираат инфлацијата и калкулираат, да се запознаваат со последиците, и како да се прилагодат за тоа; какои и да ги опишат улогите и алатките на централната банка.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [BEEN-01] Деловен англиски јазик 1
    • [BEEN-02] Деловен англиски јазик 2
  • [6 ЕКТС] Изборни - Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација

Семестар 2

  • [CLE-101] [6 ЕКТС] Вовед во право
    Цели на предметот: - Стекнување основни сознанија за државата и правото. - Оспособување на студентите за теоретското вообличување на разните облици на државата. - Критички осврт за правото како општествена појава. - Поттикнување на аналитичкиот осврт кај студентите за проблемите со кои денес се соочува државата и правото во услови на глобализација и во рамките на евроатлантските интеграции. - На крајот од предметот студентите ќе бидат во можност да ги разликуваат основните облици на државата и правото. - Да ги објаснуваат основните поими за државата и правото и нивно поврзување со практичниот живот.
  • [CBE-203] [6 ЕКТС] Микроекономија
    Основна цел на овoј предмет е студентитите да стекнуват потребните знаења за основните принципи и концепти на микроекономија. Овој предмет ќе ги обезбеди и подготви студентите на бизнис економија со аналитички инструменти за неопходно анализирање и решавање на релевантните микроекономски прашањa. Всушност, економската наука како општествена научна диспилина го изучува ефикасното алоцирање на ресурсите преку основните и пазарните механизми за да се постигне максимално задоволување на потребите на општеството. Во рамките на микроекономија студентите ќе ги изучуват основите на пазарните механизми и улогата на пазарот во алокација на ресурсите во економија. Преку понудата и побарувачката и пазарна рамонтежа како базични инструменти во економската анализа, студентите ќе го изучуват начинот на кој купувачите и продавачите ги остварат своите цели т.е, како се постигнува пазарна ефикасност. Исто така, во предметот микроекономија студентите ќе се стекнат со знаења за пазарните структури и државната регулација и потребата на државата за интервенција на одделни пазари. Како еден од значајните цели на предметот ќе биде да ги обезбеди студентите со можноста да употребуваат соодветни текники за да ги анализират и применуват проблемите поврзани со микроекономијата.
  • [C2292] [6 ЕКТС] Калкулус
    Целта на предметната програма: - Cтудентите да стекнуват способности за да ги применуваат своите знаења од функциите со реална променлива за решавање на различни проблеми во бизнис и економија; - Студентите да применуваат диференцијално пресметање за решавање на различни проблеми во бизнис и економија; - Студентите да применуваат интегрално пресметање за решавање на различни проблеми во бизнис и економија.
  • [6 ЕКТС] Изборни - Дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [E2609] Гугл апликации за едукација
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [BEEN-01] Деловен англиски јазик 1
    • [BEEN-02] Деловен англиски јазик 2
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2

Семестар 3

  • [C2147] [6 ЕКТС] Право на животната средина и политика
    Еколошкото право, како посебна гранка на правото, е збир на правни норми со кои се регулира и се насочува влијанието на поединецот на неговото природно опкружување со цел заштита на здравјето на луѓето и на животната средина, рамномерна распределба на еколошкиот ризик и постигнување на одржлив развој. - стекнување на знаења и разбирање на процесот на настанување, развојот и промените во еколошкото право; - изучување на основните поими и принципи на еколошото право; - запознавање со меѓународните и националните извори на еколошкото право и воедно со правните акти на Европската Унија во областа на еколошкото право; - запознавање со процесот на хармонизација на правниот систем на РСМ со правото на Европската Унија во областа на еколошкото право; - стекнување на општи знаења за еколошката политика; - стекнување и развивање на способности на користење на меѓународните нормативни акти во областа на еколошкото право; - развивање на еколошката свест и на способноста за разбирање на личната улога на поединецот во заштитата на животната средина.
  • [C2148] [3 ЕКТС] Зелена и одржлива енергија
    Целите на изучувањето на предметот се: Подобрување на разбирањето на студентите за одржливоста на животната средина; Креирање на свеста кај студентите за општествената одговорност на компаниите; Разбирањето на улогата на зелените извори на енергија и технологии во ублажувањето на влијанието на стакленичките гасови како резултат на глобалното затоплување; Студентите ќе бидат спремни како да ги пресметаат перформансите на ниво на системот, вкупната ефикасност, трошоците и проценката на влијанието врз животната средина на интегрираните системи за зелена енергија.
  • [C2121] [3 ЕКТС] Бизнис, влада и општество
    Овој предмет е наменет да ги освести студентите за начините на кои непазарното опкружување, особено владината политика, влијае на бизнисот и како деловните субјекти и другите групи со посебни интереси создаваат и ги менуваат правилата на играта под која тие функционираат. Во денешната економија, успешната деловна стратегија подразбира повеќе од надминување на ривалските компании; менаџерите исто така мора да смислат стратегии за да се справат со глобалните, непазарни сили кои се спротивставуваат на бизнисите и другите форми на организација. Менаџерите треба да разберат како се прави јавната политика и како посебните интересни групи, вклучително и нивниот сопствен бизнис, можат да влијаат на процесот на политиката.
  • [CBE-303] [6 ЕКТС] Макроекономија
    Студентите ќе стекнат знаења за: - макроекономските поими и категории, кои се предуслов за функционирање на една национална економија која е дел на еден поширок глобален економски систем; - значењето на најглавните макроекономски индикатори како што се: бруто -национален производ, национален доход, економски раст, економски циклус, инвестиции и јавна потрошувачка, инфлација, невработеноста, пари и банки, буџет, биланс на плаќање и др.; - основните инструменти на макроекономска анализа (агрегатна понуда и побарувачка) и макроекономски политики (монетарна и фискална политика) и др.; - ефикасното функционирање на една национална економија, споредувајќи ја со современите пазарни економии, означувајќи во таа насока разлики, сличности и можности за иден развој на соодветната кономија; - знаења од областа на макроекономијата, кои ќе му овозможат поедноставен пристап кон другите напредни макроекономски предмети.
  • [CBE-301] [6 ЕКТС] Статистика
    Предметот овозможува разбирање на основите на дескриптивната и статистичката анализа. Тој има за задача да ги оспособи студентите да ги користат основните статистички методи при решавањето на бизнис проблемите. Со аплицирање на статистичката методологија студентите мошне успешно ќе ги спознаваат, откриваат и експлицираат законитостите и односите помеѓу економските појави и феномени.
  • [C2069] [3 ЕКТС] Усна комуникација
    Цели на предметната програма: - Да развиваат вештини за вербална комуникација. - Да се во можност да се вклучаат активно во дискусија за одредена тема. - Да ги совладаат техниките за успешна комуниција. - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [BEEN-01] Деловен англиски јазик 1
    • [BEEN-02] Деловен англиски јазик 2

Семестар 4

  • [CBE-401] [6 ЕКТС] Оперативен менаџмент
    Проучувањето на наставната материја по предметот им овозможува на студентите да се запознаат со сложената проблематика на управување со производството сфатено како процес на планирање и организирање на производството, но и како контрола на функционирањето на производството како систем, за да се остварат целите на производството на најефективен и најефикасен начин. Во тие рамки, особено внимание се посветува на следните аспекти на производствениот менаџмент: производството како систем, планирање на системот на производството, производ- дизајн на производот, производ - квалитет на производот, производ - производствена програма, локација на производството, производствен капацитет, производствена опрема, фабрички згради, планирање на фабричкиот простор, производствени процеси, планирање и следeње на производството во време, контрола на залихите, системот на складирање и внатрешен транспорт, одржување на опремата и градежните објекти и обезбедување на производството со енергија, контрола на трошоците и организациона структура на производството.
  • [C2070] [3 ЕКТС] Писмена комуникација
    Цели на предметната програма: - Да стекнат сознанија за процесот на пишувањето (фази при создавање текст). - Да ги усвојат стандарднојазичните норми. - Да постигнат академско ниво за писмено изразување на албански, македонски или англиски јазик со што ќе се применуваат претходностекнатите знаења за стандардниот јазик. - Да се поттикне мотивацијата на студентите за писмено изразување независно од видовите и формите на текстот. - Да ги усвојат критериумите на текстуалноста, кои се клучни за еден текст. - Да стекнат вештини за пребарување материјали (библиотечни и онлајн-ресурси)
  • [CPS5020] [6 ЕКТС] Јавни политики
    Целта на предметот е да им се овозможи на студентите полесно да ја разберат и да ја совладаат јавната политика како нова научна дисциплина и односот со другите општествени науки. Исто така преку овој предмет студентите ќе се запознаат со основните принципи на јавната политика, креирање на конкретна политика, нејзината анализа, имплементација и евалуација. Преку практичната настава студентите ќе се запознаваат со различните видови на јавни политики како и со нивните носители или креатори во практиката, така што ќе бидат во можност да се уверат во улогата и значајот на партиципацијата на граѓаните во процесот на одлучување за најбитните општествени прашања.
  • [C2124] [6 ЕКТС] Бизнис информациски системи
    Предметот се занимава со употребата на информациските системи во потфатите во бизнисот. Во овој предмет ќе се обратиме и на основите на информатичката технологија и прашањата: каде, зошто и како на оние кои работат во компанијата им е важно со компјутерски базирани системи да ги поддржуваат бизнис стратегиите и основните процеси. Студентите треба да стекнат разбирање и почит за користење на информатички системи за да се добие организациска ефикасност, зголемување на ефикасноста на индивидуалните и/или стекната конкурентска предност. Во денешната глобална економија, соодветна улога има употребата на информатичката технологија која треба да внимателно да се разгледува во рамките на претпријатието. Информациони системи се користат за да се обликуваат производите и услугите, компаниите, па дури и индустриите и земјите. Технолошката промена, вклучувајќи ги и информациите системи, може да биде една од повеќето познати работи во трансформирањето на правилата на конкуренција, за одредување колку една организација работи и дали е успешна.
  • [C2149] [3 ЕКТС] Право за енергетика
    Цел на предметот е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења за правната регулација на различните видови енергија (производство, пренос, дистрибуција, снабдување) и енергетски услуги. Посебни задачи на оваа програма се: - студентите да ги разберат основните концептуални, терминолошки и етимолошки поими во сферата на енергетското право. - студентите да бидат во состојба да ги разликуваат и разберат основните видови енергија, начинот на нејзиното производство, пренос и дистрибуција, како и развојот на пазарите за одделните видови енергија. - студентите да бидат во состојба да ги знаат целите на енергетската политика и начинот на нејзината реализација, енергетските дејности и начинот на регулирањето на енергетските дејности, како и основните правила на Регулаторната комисија за енергетика. - студентите да бидат во состојба да ги знаат условите за снабдување со електричната енергија, формуларните или стандардните договори (општите услови), енергетските согласности и начинот на нивното издавање. - За остварување на овие цели и задачи предметната програма по Енергетско право ќе ги обработи теоретските аспекти на енергетското право, а потоа ќе се фокусира на практичната примена на правните правила со кои се регулира производството, преносот, дистрибуцијата и снабдувањето со енергија.
  • [C2120] [3 ЕКТС] Принципи на сметководство
    Целта на предметната програма е да се помогне на студентите да ја разберат суштината на сметководството; да ги научат основите на сметководство, концептите и принципите на сметководството. Поспецифично, целта е студентите да стекнат знаење и разбирање на финансиските извештаи, нивните компоненти, основните правила на книжење на сметководствените податоци, општо прифатените сметководствени принципи, и слични.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2533] Англиски јазик 3
    • [E2534] Англиски јазик 4
    • [E2535] Англиски јазик 5
    • [BEEN-01] Деловен англиски јазик 1
    • [BEEN-02] Деловен англиски јазик 2

Семестар 5

  • [C2150] [6 ЕКТС] Географски информациски системи (GIS)
    Географските информациони системи (ГИС) се алатки за управување, опишување, анализа и презентирање на информации за односите помеѓу карактеристиките (локација, големина и форма). Бидејќи овие техники дозволуваат претставување на социјалните и еколошките податоци како мапа, ГИС стана важна алатка во различни области, вклучувајќи планирање, архитектура, инженерство, јавно здравство, наука за животна средина, епидемиологија и бизнис. Исто така, ГИС стана важен политички инструмент што им овозможува на заедниците и регионите графички да ги раскажуваат своите приказни. Предметот има за цел да ги запознае студентите со оваа моќна алатка и неговата примена на многу полиња за истражување.
  • [CBEF-602] [6 ЕКТС] Јавни финансии
    Цели на предметната програма: - Студентите да стекнат знаење за јавните финансии, како едно од главните средства на макроекономските политики и како еден од фундаменталните инструменти за функционирањето на една национална економија како целина и како подсистем на еден економски систем на земјата. - Студентите да стекнат знаење за јавните добрини и расходните екстерналии, распределбата на општествените приходи, алокација и реалокација на приходите, споредбените аспекти на јавните финансии во развиените земји и оние во транзиција, спецификите на фискалните системи на Северна Република Македонија, нивните трендови и предизвици, фискалната децентрализација итн. - Студентите да стекнат знаење за буџетот и вонбуџетските фондови како главни инструменти на фискалната политика, процедурите околу подготовка, изработка, составување, одобрување, спроведување и контрола на буџетот, како и техниките на буџетот како на локално, така и на централно ниво. - Кај студентите да се создаде јасна слика за функционирањето на еден фискален систем, од аспект на различните фискални теории со кои ќе можат да извршат компаративна разлика и да ги најдат заедничките точки на функционирање на овие системи во различните земји. - Студентите да се запознаат со главните индикатори на фискалната политика во РСМ, со креирањето на реална база на податоци во поглед на долгорочните фискални трендови на РСМ, стимулирајќи ги студентите да работат независни семинарски работи и есеи од областа на фискалната политика.
  • [C2151] [3 ЕКТС] Clean Technologies, Sustainable Production and Consumption
    Програмата има за цел генерирање на знаења за значењето на терминот „климатски технологии“, јаглероден отпечаток, што е тоа одржлив производ, како да се постигне одржливо производство, кои се алатките да се пресмета одржливоста итн. Во моментот, најголемите инвестиции на светско ниво се во следните три технолошки области: инфoрматички технологии, биотехнологии и климатски или чисти технологии. Генерално, климатските технологии се развиваат во две насоки: • Климатски технологии за ублажување или митигација (Clean Tech); • Климатски технологии за прилагодување или адаптација (Climate Tech). Климатските чисти технологии (Clean Tech) (чиста енергија, ефикасност, складирање на енергија, транспорт, чиста индустрија, воздух и животна средина, вода и земјоделство) претставуваат различни производи, услуги и процеси, кои што имаат за цел да го намалат или елиминираат негативното влијание врз животната средина и да ја подобрат одговорната употреба на природните ресурси.
  • [EBEE-604] [3 ЕКТС] Економија на животната средина
    Предмет на програмата е да ги запознае студентите со областа на економијата на животната средина. Прво ќе се анализира како пазарите, без интервенција на политиката, не успеваат да ги зафатат надворешните влијанија на животната средина. Ќе се продолжи со анализа на можните регулаторни мерки и инструментите на политиките што се на располагање за да се поправат ваквите неуспеси на пазарот, што може да биде социјално оптимално ниво на загадување. Потоа, ќе се воведат разни техники за проценка на животната средина кои помагаат во идентификување на трошоците и придобивките од контролирање на надворешните влијанија на животната средина.
  • [6 ЕКТС] Изборни од други единици
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARLT-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Mултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
  • [6 ЕКТС] Oпшт изборен предмет
    • [EBA050] Економија на европски интеграции
    • [EBEF-701] Локални финансии
    • [EBEF-704] Пазар на трудот
    • [EBEF-801] Финансиско моделирање
    • [EBEF-802] Фискален и монетарен систем на ЕУ
    • [EBEE-604] Економија на животната средина
    • [EBEE-605] Економија на јавни фондови
    • [EBA034] Локален економски развој
    • [EBEE-702] Глобална економија
    • [EBEE-801] Економија на осигурување
    • [EBE-802] Економски и политички системи
    • [EBEE-803] Економско однeсување
    • [EBE-402] Портфолио менаџмент
    • [EFB-03] Лични финансии
    • [E2612] Принципи на банки и финансии

Семестар 6

  • [C2128] [6 ЕКТС] Стратегија и организација
    Предметот е конципиран на начин да им овозможи на студентите оценка и примена на клучните елементи на стратегиската анализа, избор на вистинска стратегија во рамките на флексибилен план, како и да го поттикне размислувањето за проблемите кои се поврзани со спроведување на формулираната стратегија на организацијата. Целта на наставата по предметот е студентите да се научат да размислуваат критички за прашањата и проблемите кои се поврзани со изборот на стратегијата во турбулентно и динамично окружување и да разберат дека не постои еден единствен вистински пат да се развие стратегијата. По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни: -да ги разберат теориите и концептите за стратегија и организација; -да го совладаат речникот сврзан со стратегискиот менаџмент; -да ги интегрираат добиените знаења од одделните функциски менаџменти; -да развијат аналитички и комуникациски способности, како и способности за тимска работа.
  • [CBM-502] [6 ЕКТС] Финансии на корпорации
    Овој предмет обезбедува вовед во основите на финансиите, нагласувајќи ја нивната примена во широк спектар на реални ситуации кои опфаќаат лични финансии, корпоративно одлучување и финансиско посредување. Клучните концепти и апликации вклучуваат: временска вредност на парите, размена на ризик-поврат, цена на капитал, каматни стапки, заштеди во пензија, финансирање на хипотека, буџетирање на капитал, проценка на средства, анализа на дисконтиран проток на готовина (DCF), нето сегашна вредност, внатрешна стапка на поврат, период на отплата, итн.
  • [C2152] [3 ЕКТС] Теренски проект- Еенергија, економија и животна средина
    Цели на предметната програма: - Студентите да стекнат основно знаење за економија како наука-со посебен осврт врз ефективна и ефикасна алокација на ресурсите; - Студентита да стекнат занење за економски развој со посебен осврт врз одржливиот развој од факторите до политиките за одржливиот економски развој; - Студентите да стекнат знаење за моделите на одржлив економски развој со фокус врз секторот на енергетика и екологија; - Да можат да ја разберат енергетиката како економски сектор-од важноста, преку влијанието врз одржливиот економски раст па се до факторите на енергетска и еколошка поврзаност со еконосмкиот развој; - Да можат да ги анализираат енергетските ресурси и начинот на нивна утилизација па до оптимизација врз одржливиот економски раст; - Да можат ја анализираат и причинско-последичната врска помеѓу економскиот раст и развој и енергетскиот сектор и еколошката средина врз него.
  • [C2153] [3 ЕКТС] Меѓународно право за животната средина
    Овој предмет ќе им овозможи на студентите да се стекнат со најважните знаења за меѓународното еколошко право. Особено, стекнување знаење во врска со меѓународната рамка на еколошките законски регулативи и правните стандарди кои мора да се почитуваат во оваа област. Така, законот за животна средина ќе се изучува како академска дисциплина и перспективи или пристапи, потоа се изучуваат идејните и теоретските проблеми во неговата студија: Поимот, целите и содржината на меѓународното право за животна средина; Извори на правото за животна средина; Улогата на меѓународните организации во оваа област; Меѓународни стандарди за законот за животна средина, итн. Целта е да се здобијат со напредно знаење за законот за животна средина и да им се помогне на студентите да го развијат своето знаење во оваа област. Истражувачкиот труд е задолжителен дел од академското барање на овој предмет.
  • [6 ЕКТС] Изборни од други единици
    • [CPA-101] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EARLT-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Mултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
  • [6 ЕКТС] Oпшт изборен предмет
    • [EBA050] Економија на европски интеграции
    • [EBEF-701] Локални финансии
    • [EBEF-704] Пазар на трудот
    • [EBEF-801] Финансиско моделирање
    • [EBEF-802] Фискален и монетарен систем на ЕУ
    • [EBEE-604] Економија на животната средина
    • [EBEE-605] Економија на јавни фондови
    • [EBA034] Локален економски развој
    • [EBEE-702] Глобална економија
    • [EBEE-801] Економија на осигурување
    • [EBE-802] Економски и политички системи
    • [EBEE-803] Економско однeсување
    • [EBE-402] Портфолио менаџмент
    • [EFB-03] Лични финансии
    • [E2612] Принципи на банки и финансии
Google+