Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Правни студии - Царинско право и осигурување (2024/2025)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-CLI
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Дипломиран по право - Царинско право и осигурување
ЕКТС: 240 (4 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Студиската програма има за цел низ едукација студентите да се оспособат за идни правници од царинско-осигурителната дејност.Најнапред студентите треба да се запознаат со правно економскиот систем на Република Северна Македонија, основите на домашното позитивно право и правото на Европската унија. Тргнувајќи од основниот сегмент дека меѓународната трговија и меѓународните комуникации воопшто се основ за постоење на царината, студентите треба да ги стекнат знаењата од оваа област. Наставната програма ги оспособува студентите за работа во царинските служби, но и за работа во осигурителните и шпедитерските компании. Современиот свет кој функционира низ процесот на глобализација наметнува потреба од непрекинато одвивање на меѓународната трговија како со земјите со исто или слично ниво на развој, така и со оние кои се поразвиени. Во таа насока, студентите во оваа наставна програма ќе ги совладаат правните и економските ефекти од меѓународната размена, процесите на ценовна и квалитативна конкуренција, финансиските ефекти од меѓународната размена, фискалните ефекти од меѓународниот проток на стоки и услуги, како и социјалните и заштитните ефекти на царината. Сите стопански субјекти на директен или индиректен начин на страната на понудата (на стоки и услуги) или на страната на побарувачката (на суровини, репроматеријали, трговски стоки и сл.) се упатени на меѓународна размена поради компаративните предности кои одделни економии ги имаат за производство на некои специфични стоки и услуги. Оттаму и потребата за изучување на овие процеси и специјализација на кадри кои професионално ќе се ангажираат во стопанските субјекти од која било дејност. Натаму, исто така студентите ќе се здобијат со знаења за местото и улогата на царината и осигурувањето како нејзин сегмент во правниот систем на Република Северна Македонија заедно со европските и со меѓународните правила и стандарди кои го условуваат нивното идно работење. Низ севкупната едукација особено ќе се обрне внимание во нивното практично и стручно усовршување низ мноштвото на предмети од областа на царинското право и осигурување, проследено со задолжителна практика во текот на студиите во Царинската управа на Република Северна Македонија и во осигурителните и шпедитерските компании. Со тоа студентите се оспособуваат да се вклопат во Европските и светските трендови и стандарди за царинско работење, со што се покажува дека Република Северна Македонија има современ метод за оспособување на кадри од овој вид.

Низ севкупната едукација особено ќе се обрне внимание во нивното практично и стручно усовршување низ серија на предмети од областа на царинското право и осигурување, проследено со задолжителна практика во текот на студиите во Царинската управа на Република Северна Македонија и во осигурителните и шпедитерските компании. Со тоа студентите се оспособуваат да се вклопат во Европските и светските трендови и стандарди за царинско работење, со што се покажува дека Република Северна Македонија има современ метод за оспособување на кадри од овој вид.

Знаење и разбирање
  • Во рамките на оваа студиска програма, насока Царинско право и осигурување, студентите ќе ги продлабочат знаењата од областа на царинското право и правото на осигурување и нивната примена во правото, преку унапредување на знаењата за напредните концепти од оваа правна област. Покрај тоа, тие ќе бидат во можност и да се стекнат со споредбени познавања од оваа правна област на земјите во регионовкако и во Европската унија. Посебно внимание ќе биде посветено на поврзување, пренесување и развивање на знаењата од областа на царинското право, царините, посебните царински постапки, правото на осигурување, транспортното право, како и менаџментот во царината, шпедицијата и осигурувањето.
  • Опишува и расправа за клучни аспекти и концепти во областа на царинското право и осигурување;
  • Следи тековни истражувања и развој, како и истражување во поширок мултидисциплинарен и интердисциплинарен контекст на царината и шпедицијата.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Врз основа на интерактивните предавања и активното учество на студентите во презентирањето на предметниот материјал, студентите ќе имаат можност да развиваат системи во доменот на правото како и да ги применат стекнатите знаења и концепти во рамките на разните правни анализи на царинското право, царините, посебните царински постапки, правото на осигурување, транспортното право, како и менаџментот во царината, шпедицијата и осигурувањето, како и солидна основа за споредување на правната регулатива од домашното, европското и меѓународното право од овие области, со цел подобрување и приближување на домашното законодавство кон европското законодавство.
  • Одредува и анализира процеси, методи и резултати во областа на царинското право и осигурување;
  • Лоцира, формулира и решава основни проблеми во областа на царината и шпедицијата, користејќи веќе воспоставени методи.
Способност за проценка
  • Идентификува, толкува, анализира и решава правни проблеми од областа на царинското право и осигурување;
  • Го толкува и синтетизира значењето на правните норми како дел од правниот систем и го применува во бројни ситуации кои може да се појавуваат во царинското право и осигурување;
  • Анализира, планира, развива и ажурира информатички системи како и компјутеризација на разните правни, царински, трговски, банкарски и деловни процеси.
Комуникациски вештини
  • Комуницира ефективно усно и писмено со јавни и приватни субјекти;
  • Пишува и редактира на основно ниво документи со правен и електронски карактер;
  • Ја распознава специфичната правна терминологија за оваа предметна област за опишување и објаснување на поимите и институтите на оваа студиска програма;
  • Презема иницијатива и одговорност за индивидуални и групни активности преку кои се спроведува ефективно учество во правничката професија.
Вештини на учење
  • Презема иницијатива и одговорност за да ги идентификува и спроведува потребите на учење во најважните гранки на правото поврзани со царинското право и осигурување;
  • Развива систем на учење кој вклучува идентификување, класифицирање, синтетизирање и користи различни професионални извори;
  • Има вештини да ја користи библиотеката за да се здобие со правни знаења;
  • Ги користи напредните компјутерските вештини за да се здобие со правни знаења;

Семестар 1

  • [CLE-101] [6 ЕКТС] Вовед во правото
    - Стекнување основни сознанија за државата и правото. - Оспособување на студентите за теоретското вообличување на разните облици на државата. - Критички осврт за правото како општествена појава. - Поттикнување на аналитичкиот осврт кај студентите за проблемите со кои денес се соочува државата и правото во услови на глобализација и во рамките на евроатлантските интеграции. - На крајот од предметот студентите ќе бидат во можност да ги разликуваат основните облици на државата и правото. - Да ги објаснуваат основните поими за државата и правото и нивно поврзување со практичниот живот. - Да ги стекнат основните, воведните и општите спознанија за државата и правото кои ќе им бидат неопходни за натамошните студии во рамките на правните науки.
  • [CBE-101] [6 ЕКТС] Вовед во економија
    Примарната цел на овој предмет е да се развие основно разбирање на главните економски концепти и теории кои се користат во анализа на економските прашања. Овој предмет е дизајниран на начин да им овозможи на студентите да се здобијат со знаење за основните принципи, концепти и техники во економијата како наука и во економските анализи. На крајот на предметот студентите треба да бидат во можност да „размислуваат како економисти“. Овој предмет обезбедува истражување на принципите на микро и на макроекономијата, со фокус на примена на знаењето во донесување одлуки во глобална средина. По завршување на предметот, студентите треба за се оспособат за да: го користат моделот на понудата и побарувачката и да го утврдат влијанието на промените во побарувачката или понудата врз цената и количината; го дефинираат БДП и да го опишат мерењето, употребата и ограничувањата на БДП како мерка на економска благосостојба; ја дефинираат инфлацијата и калкулираат, да се запознаваат со последиците и како да се прилагодат за тоа; како и да ги опишат улогите и алатките на централната банка.
  • [CLE-104] [6 ЕКТС] Историја на правото
    Овој предмет има за цел студентите: - Да се запознаат со историскиот развој на правото и на државата, како и со главните правно-општествени институции. - Да стекнат знаења во врска со историскиот развиток на правното мислење на начинот на кој студентите можат да го разберат правното мислење во минатото и сега. - Да бидат во состојба да ги разликуваат општествено-правните формации во минатото и да ја разберат нивната еволуција. - Да се запознаат со историскиот развој на посебните делови на позитивното право (граѓанско, кривично, управно, семејно и наследно право итн.) - Да бидат во состојба да ги разберат логиката на функционирањето на државата и правото кај античките цивилизации и во средниот век, но и да креираат идеи поврзувајќи ги со современото време.
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [EDMD-02] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер IT
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност

Семестар 2

  • [CLE1020] [6 ЕКТС] Римско право
    Цели на предметот: - Да им бидат претставени на студентите податоци за процесот на создавањето, развојот и промените на институциите и нормите на римското право под влијанието на разни историски околности. - Да се запознаат студентите со улогата на римското право како обединувачка сила во европската правна традиција. - Да им се даде можност на студентите да ги совладаат основите од римската правна терминологија. - Да се прикаже историјата на римската правна мисла од нејзините почетоци во републиканскиот период во Рим. - Да се објасни историската важност на перципирањето на римското право во континентална Европа.
  • [CLE-204] [6 ЕКТС] Граѓанско право – општ дел
    Целта на наставниот предмет Граѓанско право - општ дел е студентите да стекнат основни знаења од оваа област. По завршувањето на семестарот од студентите се очекува да имаат стекнато теоретски познавања за главните поими и институти на граѓанското право, како што се: принципите на граѓанското право, изворите на граѓанското право, граѓанско-правните субјекти и нивната правна, деловна способност, граѓанско-правните односи, правните дела итн. Студентите ќе бидат обучени да ги направат неопходните теоретски и практични разлики во поимите и појавите со граѓанско-правен карактер во правниот систем на РСМ, да ги разликуваат нивните основни и суштински карактеристики и да ја забележат нивната важност и функција во практика.
  • [CLE-201] [6 ЕКТС] Уставно право
    Цели на предметот: - Стекнување сознанија за поимите, појавите и за институтите на уставното право како и за државните институции во Република Северна Македонија (РСМ), вклучувајќи ги тука и разните теоретски ставови за нив. - Стекнување конкретни сознанија за уставното право како наука и правна гранка, вклучувајќи ги тука и споредбената анализа на состојбата и перспективите во регионални и европски рамки. - Преку овој модул студентите ќе се оспособат за основните теоретски и практични сознанија за организацијата на државната власт во РСМ како и за слободите и правата на човекот и граѓанинот. - Поттикнување критичко мислење кај студентите за основните проблеми на уставното уредување во РСМ и во рамките на ЕУ, при што ќе се води сметка за профилот на европскиот правник кој во иднина како стручњак ќе треба да го толкува и да го применува европското уставно право како на национално така и на европско рамниште. - Во рамките на план-програмата ќе се обработува уставната материја од споредбен и од национален аспект, поради тоа што во услови на глобализација, уставното право не може да се разбере ако се разгледува исклучиво во национални рамки. - План-програмата ги опфаќа и: новиот Деловник на Собранието на РСМ кој има клучна улога за развојот на парламентарната демократија во РСМ, новите закони со кои се уредува уставна материја, како што се: законите од областа на: судството, локалната самоуправа, изборниот систем, цивилното општество, одбраната, надворешната политика итн. - Покрај оваа нормативна компонента, план-програмата се обработува и практиката на централните органи на државната власт во РСМ, и тоа; Собранието, Владата, Уставниот суд, Врховниот суд, која има голема улога за уставното право како наука. - Ќе бидат опфатени уставните амандмани од 2001 година кои имаат големо влијание врз мнозинската демократија во РСМ како и врз темелните вредности на уставниот поредок на РСМ како и уставните амандмани од 2005 година во врска со судските реформи во РМ. - На крајот на предметот, студентите ќе бидат во можност да ги направат основните и супстанцијалните разлики меѓу уставните институции, нивната меѓусебна поврзаност и нивното практично функционирање. - Да ги направат потребните теориски и практични разлики на поимите, појавите и на институтите на уставното право.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од дигитални компетенции
    • [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [E2694] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [EWC-01] Креирање веб-страници
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [EDMD-02] Гугл апликации за едукација
    • [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер IT
    • [E2742] Вовед во сајбер безбедност
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2
  • [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2

Семестар 3

  • [CLE2030] [6 ЕКТС] Управно право
    Во рамките на предметот се изучуваат административно материјалното и процесното право. Предмет на изучување се принципите на организација, работа и делокруг на административните органи, основните дејности што ја сочинуваат управната функција, актите на административните органи и односот меѓу граѓаните и администрацијата. Целите на предметот се студентите: -Да ги дефинираат и да ги разберат поимите администрација и административна функција. -Да ја препознаат и да ја анализираат правната регулатива со која се уредуваат организацијата и функционирањето на јавната администрација во РСМ. -Да ги согледаат основните дејности на административната функција. -Да направат разграничување меѓу видовите акти на администрацијата и да ги совладаат првите чекори на создавање такви акти. -Да ги изучат видовите административен надзор. -Да ги спознаат механизмите на контрола над администрацијата и нејзината одговорност пред другите државни органи, но и пред своите клиенти-корисници на нејзините услуги. -Да стекнат способности и вештини за идно вработување во органите на администрацијата на РСМ, невладините организации, установите и сите институции во кои се решаваат предмети од административно-правна природа.
  • [CLE025] [6 ЕКТС] Стварно право
    Целта на наставниот предмет Стварно право е студентите да стекнат основни знаења од оваа област. По завршувањето на семестарот од студентите се очекува да имаат стекнато познавања во однос на поимот и предметот на стварното право, за субјектите, за начелата на стварното право, за владението, за правото на сопственост, правото на службеност, правото на залог, за реалните товари, за јавните книги итн. Се очекува кај студентите да се развива совеста во врска со овие институти и вештините за критички пристап кон законот и законската аргументација во областа на стварното право.
  • [CLE-404] [6 ЕКТС] Меѓународно јавно право
    Qëllimi i lëndës është që studentët të njoftohen me kuptimet themelore të së drejtës ndërkombëtare publike, paraqitjen e kësaj discipline shkencore, zhvillimin e saj si dhe aspektet kryesore.
  • [CLE024] [6 ЕКТС] Семејно право
    Со изучување на предметот Семејно право се очекува студентите да стекнат знаење за правното уредување на односите кои настануваат меѓу членовите на семејството врз основа на бракот и сродството. Посебен акцент се посветува на основните институции на семејното право: бракот, родителството, посвојувањето, старателството, семејните односи, како тие со личен карактер така и оние со имотен карактер, семејните односи со лично-имотен карактер, вонбрачната заедница.
  • [C2069] [3 ЕКТС] Усна комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да развиваат вештини за вербална комуникација. - Да се во можност да се вклучат активно во дискусија за одредена тема. - Да ги совладаат техниките за успешна комуникација. - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2

Семестар 4

  • [CLE5010] [6 ЕКТС] Наследно право
    Основната цел на предметот Наследно право е студентите да се запознаат со основните принципи на наследувањето во Република Северна Македонија, како и да стекнат знаења за основните наследно-правни институти со кои се уредува наследувањето во Република Северна Македонија. Преку овој предмет, во делот на компаративното право, студентите ќе се информираат за наследно-правните институти во современите наследно-правни системи, особено основните разлики меѓу континенталниот систем и системот Common Law (англосаксонски систем).
  • [C2070] [3 ЕКТС] Писмена комуникација
    Цели на предметот се студентите: - Да стекнат сознанија за процесот на пишувањето (фази при креирање текст). - Да ги усвојат стандардните јазични норми. - Да постигнат академско ниво за писмено изразување на албански, на македонски или на англиски јазик со што ќе се применуваат претходно стекнатите знаења за стандардниот јазик. - Да се мотивираат за писмено изразување независно од видовите и формите на текстот. - Да ги усвојат критериумите на текстуалноста, кои се клучни за еден текст. - Да стекнат вештини за пребарување материјали (библиотечни и онлајн-ресурси).
  • [CLE-402] [6 ЕКТС] Облигационо право
    Цели на предметот: Преку овој предмет студентите ќе стекнат сознанија за основите на облигационото право и за посебните видови облигациони односи и знаења што им се потребни во однос на субјективните граѓански права. Во областа на општото учење за облигационите односи студентите треба да стекнат вештини на примена на општите институти на облигационото право кај посебните видови облигациони односи. Студентите би требало да стекнат вештини за преговарање, склучување и за реализирање на посебните видови облигациони договори и знаења за механизмите на решавање на споровите околу исполнувањето на обврските на должникот. Студентите треба да стекнат знаења во поглед на установување штета и нејзино спроведување. Студентите ќе стекнат сознанија и за другите видови облигациони односи (стекнување без основ и еднострани изјави на волја).
  • [CLE-405] [6 ЕКТС] Кривично право - општ дел
    Предметот Кривично право (општ дел) е задолжителен. Преку овој предмет студентите ќе стекнат основни знаења за казнено-правниот систем на РСМ. Посебно внимание ќе му се посветува на проучувањето на главните начела на казненото право, изворите на казненото право, казненото дело и неговите елементи, спојувањето на казнените дела, учеството на повеќемина лица во извршувањето на казненото дело, системот на казнено-правните санкции и др.
  • [CLE-403] [6 ЕКТС] Право на ЕУ
    По завршувањето на овој предмет се очекува студентите да ги познаваат суштината и опсегот на правото на ЕУ, да имаат целосен увид во организациско-правната структура на ЕУ согласно со промените наведени во Лисабонскиот договор; да умеат да вршат правилно толкување и примена на одредбите од актите на ЕУ што самото по себе би му овозможило понатамошно продлабочено изучување на поспецијализираните правни дисциплини кои го третираат правото на Унијата.
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [E2532] Англиски јазик 1
    • [E2533] Англиски јазик 2
    • [E2534] Англиски јазик 3
    • [E2535] Англиски јазик 4
    • [E2536] Англиски јазик 5
    • [LE-01] Англиски јазик за право 1
    • [LE-02] Англиски јазик за право 2

Семестар 5

  • [CLE-302] [6 ЕКТС] Трговско право
    Целта на наставниот предмет е студентите да стекнат основни знаења од областа на трговското право. Во таа насока студентите се запознаваат со правните правила за: извршување некоја деловна дејност, начинот на организирање на деловните субјекти, условите за основање и упис на деловните субјекти и на трговецот поединец како и за начините на престанување на деловните субјекти; начините за основање некој деловно-правен однос, условите за настанување на тие односи, ефектите и последиците; работата со хартиите од вредност: начините за заштитување на правата на индустриска сопственост, начините на заштитување на деловните субјекти од нелојална конкуренција: начините на заштитување на потрошувачите и др.
  • [C2458] [6 ЕКТС] Кривично право - посебен дел
    Посебниот дел на кривичното право е систем на законски одредби за кривичните дела и санкциите за тие дела. Предмет на посебниот дел е одредување на тоа кои поведенија на човекот ќе бидат констатирани како кривични дела и какви ќе бидат обликот и обемот на казнено-правната реакција за нивното вршење спротивно на поставените забрани.
  • [CLE4030] [6 ЕКТС] Трудово и право на социјално осигурување
    Изучувањето на предметот Трудово и право на социјално осигурување на студентите ќе им овозможи: - Да се запознаат со прашања и проблеми кои се составен дел на трудовото право, тргнувајќи од фундаменталната премиса дека секој од нас еден ден ќе заснова работен однос и токму поради тоа познавањата на правата за работниот однос претставуваат и прашања на борба за поквалитетен живот. - Да се запознаат со различните аспекти на остварувањето на правата, обврските и одговорностите од работниот однос како и со правните институции од областа на трудот. - Да ги проучуваат работните односи во практиката преку постапката на вработување, склучување на договор за вработување, остварување и заштита на правата за работен однос кај работодавецот и надлежните органи, постапката за одговорност на вработените, престанување на работниот однос, односно престанување на важноста на договорот за вработување. - Да изработат конкретни акти во врска со сите институти кои се опфатени со позитивната законска регулатива од областа на работните односи во Република Северна Македонија. - Да се овозможат разни форми и облици на партиципација на студентите и да се инкорпорира можност за освојување на што е можно поголем број од поените предвидени за активност.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од други единици
    • [CPA-101 ] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [E2843] Трудово и право на социјално осигурување
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108 ] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [E2841] Медиумска и информациска писменост
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [CCR-403] Виктимологија
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [ECR-401] Полициско право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECR-601] Економски криминалитет
    • [ELE-605] Локална самоуправа
    • [E2844] Новите репродуктивни технологии и правото
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-704] Конституционализмот и човековите права
    • [E2845] Современи правни системи
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-707] Меѓународно право за заштита на животната средина
    • [ELE-609] Алтернативно решaвање спорови
    • [CLE-803] Филозофија на право
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [E2848] Меѓународни организации

Семестар 6

  • [CLE-802] [6 ЕКТС] Финансиско право
    Целта на предметот е да им се овозможи на студентите да стекнат основни знаења од областа на финансиското право, односно од финансиско-правните односи (од содржински и од формално правен аспект).
  • [CLE-503] [6 ЕКТС] Казнено процесно право
    Целта на предметот Казнено процесно право е студентите да се запознаат со кривично-процесните одредби со кои законски се регулира активноста на процедуралните органи и на другите процедурални учесници и да се оспособат за нивна правна апликација во практиката.
  • [CLE5020] [6 ЕКТС] Управно процесно право
    Цели на предметот: Административното процесно право вклучува две посебни области (делови): управната постапка и управниот спор, што го претставуваат основниот предмет на проучување на формалниот (процедуралниот) дел на управното право. Разработката на предметот им овозможува на студентите стекнување знаења преку кои полесно се разбираат, се објаснуваат и се анализираат прашањата поврзани со поимите и институтите на административното процесно право. Во првиот дел се објаснува процедурата (дејствувањето) на органите на јавната и државната администрација во применувањето на материјалните правни норми, кога при директна примена на правните одредби во конкретни случаи одлучуваат за правата, обврските или правните интереси на поединци, правни лица или од другите странки. Во вториот дел се објаснува судската контрола на законитоста на конечните административни акти - контролата на вршењето на административната активност и јавните услуги.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет од други единици
    • [CPA-101 ] Вовед во јавна администрација
    • [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
    • [CPA-302] Вовед во јавни политики
    • [CLE-101] Вовед во право
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [E2843] Трудово и право на социјално осигурување
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
    • [CCS-102] Интернет технологии
    • [CCS-402] Применета веројатност и статистика
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
    • [EFE-105] Германски јазик 1-4
    • [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
    • [EFE-108 ] Меѓукултурни студии
    • [E2539] Критичко резонирање и размислување
    • [E2841] Медиумска и информациска писменост
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
    • [ECM-602] Медиуми и општество
    • [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
    • [CBE-103] Принципи на менаџмент
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [EBE-408] Менаџмент на проект
    • [EBE-403] Бизнис-план
    • [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
    • [EF999] Француски јазик 1-2-3
    • [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
    • [E2530] Белетристика и забава
    • [E2531] Англиска литература и филм
    • [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
    • [E2739] Етика во јавни институции
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [CCR-403] Виктимологија
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [ECR-401] Полициско право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECR-601] Економски криминалитет
    • [ELE-605] Локална самоуправа
    • [E2844] Новите репродуктивни технологии и правото
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-704] Конституционализмот и човековите права
    • [E2845] Современи правни системи
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-707] Меѓународно право за заштита на животната средина
    • [ELE-609] Алтернативно решaвање спорови
    • [CLE-803] Филозофија на право
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [E2848] Меѓународни организации

Семестар 7

  • [C2466] [6 ЕКТС] Транспортно право
    Основна цел на овој предмет е проучување на правните односи кои настануваат при превозот на стоки или патници, правата и обврските на странките, видовите превоз, карактеристиките на превозот во патникот, воздушниот, железничкиот и водениот сообраќај, превозот на патници, шпедицијата итн.
  • [C2465] [6 ЕКТС] Царинско право
    Основна цел на предметот е да ги проучува царинско правните односи кои се создаваат помеѓу државата и царинските обврзници, каде државата секогаш ја има улогата на царински доверител и секогаш се јавува како активен субјект во однос на царинските обврзници кои се јавуваат како пасивни субјекти.
  • [CLE-704] [6 ЕКТС] Граѓанско процесно право (Парнично право)
    Цели на предметот: • Студентите ќе добијат знаења за поимите, појавите и институтите на граѓанското процесно право како основа за остварување на секое субјективно граѓанско право; • Студентите ќе се стекнат со конкретни знаења за правото на парничната постапка како наука и како гранка на правото, вклучувајќи ги и компаративната анализа, перспективите и главните трендови на развојот на различните институти на правото на парнична постапка; • Преку овој модул студентите треба да се оспособат за теоретските и конкретните знаења за развојот на парничната постапка, на различни нивоа во Република Северна Македонија, како и особено за можноста за развој на парничната, вонпарничната и на извршната постапка; • Студентите ќе развијат аналитичко и критичко размислување во однос на проблемите поврзани со остварувањето на субјективните граѓански права со кои денес се соочуваат многу луѓе во Република Северна Македонија; На крајот на предметот, студентите ќе бидат во можност:  Да ги направат основните дистинкции на главните институти за граѓанско-процесно право;  Да направат соодветни теоретски и практични дистинкции на основните поими на парничната постапка, вклучувајќи ги парничните, вонпарничните и извршните постапки;  Да ги објаснат и анализираат процесните дејствија на странките и судот, вклучително и други процесни институти како што се судско помирување, прелиминарни прашања, правна помош итн.
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [ELE-613] Туристичко право
    • [E2853] Даночно право
    • [E2854] Право на царинска информатичка технологија
    • [E2855] Менаџмент во царина и шпедиција
    • [ELE-502] Криминална политика
    • [ELE111] Стечајно право
    • [E2849] Посебни управни постапки
    • [ELE-608] Нотарско право
    • [ELE-406] Меѓународно економско право
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [CCR-403] Виктимологија
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [ECR-401] Полициско право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECR-601] Економски криминалитет
    • [ELE-605] Локална самоуправа
    • [E2844] Новите репродуктивни технологии и правото
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-704] Конституционализмот и човековите права
    • [E2845] Современи правни системи
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-707] Меѓународно право за заштита на животната средина
    • [ELE-609] Алтернативно решaвање спорови
    • [CLE-803] Филозофија на право
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право

Семестар 8

  • [C2467] [6 ЕКТС] Царински системи и царинска политика
    Основна цел на предметот е да се проучат царинско-правните односи кои се создаваат помеѓу државата и царинските обврзници, каде државата секогаш ја има улогата на царински доверител и секогаш се јавува како активен субјект во однос на царинските обврзници кои се претставени како пасивни субјекти. Исто така, во рамките на предметот ќе се проучуваат основните царински системи и царинската политика на Република Северна Македонија.
  • [C2468] [6 ЕКТС] Менаџмент во осигурување
    Главна цел на предметот Менаџмент во осигурување е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот во осигурување и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели во рамките на предметот се обработуваат теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена. Република Северна Македонија, како земја во развој, бележи континуиран раст и зголемување на значајноста на осигурувањето во финансискиот сектор на државата. Со постепениот развој на финансискиот сектор се намалува неговата традиционална банкоцентричност, при што осигурителните друштва доаѓаат до особен израз. Тоа создава потреба од воведување на предметот Менаџмент во осигурување, кој ќе понуди соодветни знаења, способности и вештини од овие области во рамките на организациските науки и управувањето. Паралелно се јавува и потреба за научно-стручна и независна анализа и евалуација на спроведените политики и реформи во осигурувањето, со цел предлагање мерки за нивно поефикасно и поефективно спроведување. Финансиската криза покажа дека осигурителниот сектор не е имун на турбуленции, па неговото внимателно менаџирање и супервизија се појавува како клучно прашање. Растечката финансиска интеграција во економиите нужно го наметнува прашањето на реформи, солвентност и управување со ризиците, за што овој предмет нуди соодветен одговор. Предметот Менаџмент во осигурување е внимателно структуриран и дизајниран да одговори на образовните и реалните проблеми во областа на осигурувањето и менаџирањето на осигурителните друштва. Тој е соодветен за сите кандидати кои имаат интерес да се ангажираат и унапредуваат како дел од врвниот менаџмент на осигурителните компании, вработени во осигурителни компании или пак како осигурителни брокери. Дополнително, предметот Менаџмент во осигурување отвора можности за профилирање на студентите во доменот на животното и неживотното осигурување, актуарството, управувањето со ризиците во осигурителните компании, финансиска анализа и процена, управување со општото и посебното окружување кај осигурителните друштва, креирање и имплементација на стратегии и стратешки приоритети, корпоративното управување, бизнис-етиката, бизнис-аналитиката и електронските бизнис модели кои се применуваат во осигурителната дејност. Специфичните задачи на предметот се: оспособување на менаџерите за донесување на одлуки во осигурителната индустрија; креирање лидерство, интегритет и ефикасни аналитички способности на менаџерите за управување со ризикот и апликација на механизмот на осигурување во преземање и трансфер на ризикот; зголемување на капацитетот на менаџерите во осигурителната индустрија, како и во друштвата за пензиско осигурување, системот за здравствено осигурување и институциите на пазарот на осигурување во носењето на конкурентни и одржливи одлуки, преку анализа на напредните елементи на интерното и екстерното окружување во осигурителната индустрија, финансискиот систем на национално и меѓународно ниво; и креирање на холистичка рамка на напредни знаења и способности во функција на мултитаскинг и мултидисциплинарен пристап во решавање на проблемите и предизвиците.
  • [ELE087] [6 ЕКТС] Право на осигурување
    Осигурувањето е еден од многу важните економски и правни институции кое постоело и се развивало во сите општествено-економски системи. Во рамките на овој предмет студентите ќе се информираат и ќе стекнат знаења за институтот на осигурувањето.
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [ELE-613] Туристичко право
    • [E2853] Даночно право
    • [E2854] Право на царинска информатичка технологија
    • [E2855] Менаџмент во царина и шпедиција
    • [ELE-502] Криминална политика
    • [ELE111] Стечајно право
    • [E2849] Посебни управни постапки
    • [ELE-608] Нотарско право
    • [ELE-406] Меѓународно економско право
    • [ELE-607] Право на интелектуална сопственост
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [ELE-708] Вовед во криминалистика
    • [ELE-401] Малолетничка деликвенција
    • [CCR-403] Виктимологија
    • [CCR6010] Меѓународно кривично право
    • [ECR-401] Полициско право
    • [ELE-604] Организиран криминал
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECR-601] Економски криминалитет
    • [ELE-605] Локална самоуправа
    • [E2844] Новите репродуктивни технологии и правото
    • [ELE-602] Политичките партии и изборните системи
    • [ELE-704] Конституционализмот и човековите права
    • [E2845] Современи правни системи
    • [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
    • [ELE-707] Меѓународно право за заштита на животната средина
    • [ELE-609] Алтернативно решaвање спорови
    • [CLE-803] Филозофија на право
    • [ELE-503] Дипломатско и конзуларно право
    • [E2848] Меѓународни организации
Google+