Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Кривично право (2022/2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-MLAWCL60C
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по правни науки / Насока: Kривично право
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на студиската програма Кривично право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на кривично-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на кривичното право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на кривичното право во РСМ како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.

Дипломата на Правниот факултет е призната од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РСМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судство и јавно обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии). 

Знаење и разбирање
  • Има напредни теоретски, емпириски и компаративни знаења за казнено-правните науки како и напредни знаења за законодавството и за судската практика во областа на спречување на криминалитетот.
  • Има длабоко разбирање за проблемите поврзани со криминалот и казнените санкции особено во полето на компаративно казнено право и на казнено процесно право, теоретска и применета криминологија и пенологија, организиран криминал и форензични науки (судска медицина, психијатрија и психологија).
  • Има специфични знаења за напредни техники и методи на истражување во областа на казненото право и казнената постапка.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Идентификува и анализира комплексни проблеми во областа на казненото право и казнената постапка, така што може да игра активна улога во сите стадиуми на казнената постапка а може да толкува напредни прашања од казненото законодавство (вклучувајќи работење како судија, јавен обвинител или адвокат, откако ќе ги стекне потребните квалификации според законодавство на РМ).
  • Го применува знаењето добиено преку истражување во процесот на решавање проблеми преку споредба на практики и решенија во областа на спречување на криминалот.
Способност за проценка
  • Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
  • Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.
Комуникациски вештини
  • Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на казнено-правните науки.
  • Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во предкривичната и судската постапка.
  • Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
  • Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
  • Развива правилник за истражна работа кој се употребува во неговата професија.
  • Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.

Семестар 1

  • [CM157] [6 ЕКТС] Кривично право (применета програма)
    Со изучување на предметот кривично право студентот ќе се запознае со казнените институти и норми, со принципите врз кои се темели казненото право. Предметот на кривично право, како гранка на позитивното право, претставува систем од норми со кои определени човекови поведенија се прогласуваат за казнени дела, за тие дела се пропишуват казни и други присилни санкции од страна на државата и се утврдуваат условите и начините за нивна примена.
  • [MCCR2030] [6 ЕКТС] Меѓународно кривично право
    По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни сознанија во однос на: поимите и предметот на оваа дисциплина, нормите во МКП, репресивната власт и јуриздикцијата на државите, екстрадицијата, азилот, трансферот на казнената постапка, казнено-правната помош и соработка, меѓународниот корпус на човекови права и јуриздикцијата на меѓународните казнени инстанци.
  • [MCCR2010] [6 ЕКТС] Пенологија
    Цел на овој предмет е да се проучи начинот на кој се извршува кривичното право, односно нашинот на кој се извршуваат кривичните санкции. Предметот ја изучува постапката за спроведување на казната затвор, како и извршувањето на другите не-затворски санкции преку проучување на Законот за извршување на санкциите и Законот за пробација.
  • [MCCR2040] [6 ЕКТС] Криминалистика
    Специјализација во оваа област е потребна посебно за тие кадри кои ќе работат во органите на правосудство - судови, јавни обвинителства и судска полиција. Криминалистиката како своја основа ги има кривичното законодавство, кривичното процесно законодавство и подзаконските прописи кои произлегуваат од нивното применување. Секое законско битие на кривичното дело вклучува утврдување на целината на фактите и околностите кои се релевантни за сестрано и правично решавање на кривичниот случај.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [MCCR1040] Криминологија
    • [CM159] Малолетна деликвенција
    • [MCCR3030] Прекршно право
    • [MCCR3010] Виктимологија
    • [MCCR3050] Судска медицина
    • [MCCR3020] Организиран криминал
    • [EMCL1011] Семејно насилство
    • [EMCR3021] Трговија со луѓе
    • [EM511] Криминална политика
    • [EMSS3030] Компјутерски криминалитет
    • [EM513] Економски криминалитет
    • [MCCR3060] Судска психологија
    • [EM514] Медицинско казнено право
    • [MCCR3040] Споредно кривично право
    • [EM512] Европско кривично право

Семестар 2

  • [CM158] [6 ЕКТС] Кривично процесно право (применета програма)
    Казненото процесно право е научна дисциплина која ги проучува правните норми со кои се уредува положбата и овластувањата на процесните странки и другите субјекти кои учествуваат во кривичната постапка, видот, формата и условите за преземање на процесните дејствија. Предмет на изучување на оваа научна дисциплина е и системот на правните лекови – редовни и вонредни, како и посебните постапки.
  • [EMSET-304] [6 ЕКТС] Пишување на магистерски труд
    Цели на предметот: - Oспособување за постојано трагање по објективната вистина, посебно во користењето на истражувачките методи, техники и инструменти; - Oспособување за критичко следење и интерпретирање на резултатите од истражување и нивната применливост во специфични ситуации; - Примена на основните методи на истражување, постапките за собирање на податоци и нивната статистичка обработка; - Оспособување за примена на основните методолошки правила при пишување на стручни и научни трудови.
  • [CM189] [18 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Се што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+