Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Настава по англиски јазик (2022/2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-MEN120C
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер на настава по англиски јазик
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на програмата Настава по англиски јазик е студентите да стекнат солидни знаења во областа на теориите на методологија и потребни вештини за спроведување на стекнатите знаења здобиени од теориите и нив да ги употребуваат во наставната практика.

Изборот на индивидуалните предмети ги рефлектира најсовремените актуелни трендови во изучувањето на втор странски јазик, помагајќи во идентификувањето на локалните и регионалните потреби. Програмата е дизајнирана за дипломирани по англиски како странски јазик, односно за оние кои сакаат да се специјализираат и да ги развијат своите способности во педагогијата на настава по англиски јазик. Се вклучува и научноистражувачка компонента (заедно квалитативното и квантитативното), академското и модерното истражување.

Поголемиот број студенти би требало да бидат вработени во настава.  Предвидено е часовите  да се одржуваат за време на викендот.  Поголемиот број предмети обезбедуваат специјализирана обука: методологија за изучување на странски јазик, менаџирање на училница, педагошката граматика и пишување, изучување на јазикот со помош на компјутер и анализа на потребите. Ова е базирано на најсовремените принципи на обука на наставникот од англофонските земји, аплицирани во балкански контекст. Програма е дизајнирана на специфичен начин за потребите на наставниците по англиски јазик, а исто така е многу важни бидејќи студентите стекнуваат вештини за напредно академско истражување и за оние студент кои сакаат да работат како преведувачи, критичари, издавачи или писатели. Програмата опфаќа четири семестри настава, проследени со истражување и пишување на тезата.

Знаење и разбирање
  • Има напредна наставна методологија по англиски јазик.
  • Има знаење на теоријата на учење втор/странски јазик. 
  • Демонстрира познавање на англиската граматика и англискиот јазик.
  • Знае и го разбира употребувањето на учењето јазици со помош на компјутер и има активно учество во подобрувањето на неговата употреба.
  • Користи различни педагошки стратегии во предавањето.
  • Знае да напише истражувачки труд, презентација и слично.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Има теоретски сознанија и ефикасно ги пренесува на студентите. 
  • Применува принципи за стекнување на странски / втор јазик со користење соодветни методологии на учење.   
  • Дизајнира наставна план-програма за конкретни наставни контексти, на пример предавање на помладите ученици (под 12 години) или предавање деловен англиски јазик за возрасни. 
  • Користи, адаптира и создава автентични едукативни материјали за употреба во училница.
  • Ефективно ја користи технологијата и создава едноставни  мултимедиумски или веб-базирани јазични алатки за практична употреба во училница, на пример, игри на зборови со помош на компјутер.
Способност за проценка
  • Се изразуваат критички за изучуваниот материјал и искуствата на предавање/ учење во училница.
  • Ги идентификуваат потенцијалните тешкотии во однос на прашањата за споредување на мајчиниот јазик во училницата со англиски како странски јазик.
  • Избираат соодветни и релевантни материјали  во согласност со потребите на студентите .
  • Донесуваат одлуки во врска со потенцијалните тешкотии на различните аспекти на англискиот јазик:  глаголи и образување време, определени / неопределени членови, предлози, други граматички категории, идиоми, лексички колокации и формирање збор.
  • Прават сложени методолошки оцени во истражувачки дизајн и прават разлика меѓу различни методи за собирање податоци и за анализа на податоци, што е во врска со јазикот и лингвистиката.
Комуникациски вештини
  • Има одлично познавање на англиски изговор.
  • Создава добро структурирани и јасно напишани академски трудови.
  • Може да ги претстави и да ги елаборира заедничките проблеми што се вклучени во учењето и предавањето на англискиот како странски јазик.
  • Може да даде соодветни објаснувања на јазичните концепти на англиски јазик. 
  • Покажува комуникациска подготвеност  во однос на квалитет на настава, управување и организирање на училница.
Вештини на учење
  • Покажува иницијатива и самостојност во професионалната работа.
  • Сам да ги следи и ги приспособува наставните методи во согласност со одредени ситуации.
  • Се прилагодува на различните културни и меѓучовечки околности во училницата за англиски како странски јазик.
  • Иницира и завршува независна истражувачка работа со високи академски стандарди во рамките на дадениот временски период.
  • Демонстрира лидерство и способност за предавање за  ефективно пренесување на знаењето. 

Семестар 1

  • [MCEL3030] [6 ЕКТС] Области од посебен интерес во наставата по англиски јазик
    Преку предметот се нуди анализа на прашања кои се однесуваат на предавањето англиски јазик од лингвистичка и културна / социјална перспектива. Од лингвистички аспект се обработуваат темите што вклучуваат социјални, културни и структурни аспекти на јазикот и интерјазична и детална анализа на јазичниот во процесот на учење на странски јазици. Се зема предвид улогата на јазикот и дополнителните јазични фактори кои го регулираат внатрешниот развој на јазичните системи и која е и улогата на Ј1 (мајчиниот јазик на студентот) во процесот на развој на Ј2 (целниот јазик). Во однос на културно-социјалните аспекти се анализираат контроверзиите со кои се соочува образовниот систем денес. Во овој предмет се истражуваат актуелни теми за предавањето англиски јазик и студентите се охрабруваат да оценат како овие прашања се поврзуваат со педагошките норми и практики на јазичното образование. Оваа анализа ќе послужи да се нагласат предизвиците и пречките со кои се соочуваат наставниците по странски јазици и да се идентификуваат релевантните прашања за наставниците за когнитивните процеси, мултикултурно образование и критичката педагогија.
  • [CM247] [6 ЕКТС] Теории на усвојување на вториот јазик
    Преку овој предмет ќе се истражува процесот на учење и употреба на вториот јазик. Истражувањето на усвојување на вториот јазик е мултидисциплинарно по природа, што ја одразува сложената природа на учење и употребата на јазик за возрасни. Лингвистички, психолошки и социјални процеси кои се основата на учењето и употребата на јазикот и тековните наоди од истражувањето ќе се испитаат од перспектива и на професорот по настава по јазик и на истражувачот на оваа област. Студентите ќе добијат увид во сложеноста на процесот на усвојување на вториот јазик, обработката и употребата на јазикот. Тие ќе можат да развијат критички пристап кон теориите на усвојување на вториот јазик и мотивација за спроведување независно истражување во оваа област.
  • [MCEL1040] [6 ЕКТС] Културните аспекти во ЕЛТ
    Целта на предметот е да се подготват идните наставници да предаваат ефективно во мултикултурни училници и средини. Предметот е составен од пет теми: што е култура; улогата на јазикот во културата; култура на предавањето; интеркултурна комуникација и градење социолингвистички компетенции.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2657] Едукација и забава
    • [E2658] Литературен семинар: Шекспир
    • [MCEL1020] Педагошка граматика
    • [E2659] Интеркултурализам во ЕЛТ
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [E2660] Вариетети на англискиот јазик
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EMEL2030] Дискурсна анализа
    • [MCEL2010] Педагошко пишување
    • [EM548] Реторика и јавно говорење
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2657] Едукација и забава
    • [E2658] Литературен семинар: Шекспир
    • [MCEL1020] Педагошка граматика
    • [E2659] Интеркултурализам во ЕЛТ
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [E2660] Вариетети на англискиот јазик
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EMEL2030] Дискурсна анализа
    • [MCEL2010] Педагошко пишување
    • [EM548] Реторика и јавно говорење

Семестар 2

  • [CM248] [6 ЕКТС] Теорија и пракса на настава по англиски јазик
    Главната цел на овој предмет е да им помогне на студентите да го продлабочат своето знаење за предметот методологија за настава по странски јазици. Студентите ќе се запознаат со принципите и техниките на различни наставни методи што се користат за настава по англиски како странски јазик за млади и за возрасни ученици. Дискусиите во училница ќе бидат најважниот елемент на предметот и студентите ќе се поттикнат да ги извлечат своите искуства од контекстите на предавање и да истражуваат во врска со тековната теорија и пракса.
  • [MCEL2041] [6 ЕКТС] Изучување на јазик со помош на компјутер (КАЛЛ)
    Компјутерите стануваат сѐ повеќе и повеќе интегрирани во нашето секојдневие. Тоа е од витално значење за наставниците по странски јазик за да ја разбираат нивната улога во предавањата за изучување јазик. Без ова разбирање, тешко е да се донесат одлуки за тоа како да се интегрираат компјутерите во изучувањето на јазикот, со цел студентите да се чувствуваат поангажирани при изучување на јазикот на ефикасен и ефективен начин. Предметот ќе послужи како основа за наставници заинтересирани за примена на технологијата во изучување јазик. Преку предметот се воведуваат тековните теории и практики на КАЛЛ. Во рамките на предметот се вклучени: историја и принципи на КАЛЛ, софтвер за евалуација, дизајн и веб-базирани предмети за јазик, компјутерски посредувана комуникација, хипермедиуми и корпус за јазикот. Покрај тоа, ќе се воведе употребата на компјутерите во развојот на одредени јазични вештини: читањето, пишувањето, говорот, комуникацијата / изговорот. Исто така, во рамките на предметот се испитуваат тековните теории за изучување јазик со посебен акцент кон КАЛЛ апликациите.
  • [CM249] [6 ЕКТС] Дигитална писменост и хуманистички науки
    Областа на дигитална писменост опфаќа аспекти на образованието преку дигитален медиум. Дигиталната писменост има за цел да ги подготви студентите со вештини што им се потребни за живеење, учење и делување во услови во кои сите начини на комуникација се преку дигитални технологии.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2657] Едукација и забава
    • [E2658] Литературен семинар: Шекспир
    • [MCEL1020] Педагошка граматика
    • [E2659] Интеркултурализам во ЕЛТ
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [E2660] Вариетети на англискиот јазик
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EMEL2030] Дискурсна анализа
    • [MCEL2010] Педагошко пишување
    • [EM548] Реторика и јавно говорење
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2657] Едукација и забава
    • [E2658] Литературен семинар: Шекспир
    • [MCEL1020] Педагошка граматика
    • [E2659] Интеркултурализам во ЕЛТ
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [E2660] Вариетети на англискиот јазик
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EMEL2030] Дискурсна анализа
    • [MCEL2010] Педагошко пишување
    • [EM548] Реторика и јавно говорење

Семестар 3

  • [MCEL1030] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет опфаќа истражување, дизајн и методи, вклучувајќи и составување примерок на испитаници, формирање хипотеза, тестирање и експериментални истражувања. Посебно внимание ќе биде посветено на концептот, техниките и на практиката на квалитетна општествена методологија и научните истражувања. Преку овој предмет студентите ќе научат да развијат истражувачки вештини потребни за да се создаде, да се спроведе и успешно да се заврши истражувачки проект.
  • [CM178] [6 ЕКТС] Предавање на англиски за специфични цели
    Предметот има за цел студентите да се запознаат со англискиот јазик за специфични цели како еден сосема поинаков јазик кој се разликува од општиот англиски кој го зборуваат и изучуваат; историскиот развој и појавата на ваквиот јазик и неговата класификација, како и главните карактеристики кои го прават посебен, како што се на пример: различните жанрови, нивните поинакви одлики и публиката (луѓето за кои е наменет). Понатаму, предметот ќе разработува и ќе се фокусира на конкретен вокабулар и дискурс карактеристичен за главните видови на англиски за специфични цели како на пример: за бизнис, за право, за медицина, трговија, дизајн и слично. Оваа цел ќе се спроведе преку работа на автентични материјали за да можат студентите да ги осознаат спецификите на јазикот на различните професии со кои ќе имаат контакт во иднина, било како предавачи или преведувачи/толкувачи.
  • [CM179] [6 ЕКТС] Напредно предавање на вокабулар
    Преку овој предмет студентите ќе добијат нови информации поврзани со предавање и учење на напреден вокабулар во училница за англиски како странски јазик. Предметот вклучува опис на тоа како се усвојува вокабуларот, како се употребува во говор и пишување. Неколку часови ќе се посветат на дискусија за најдобрите практики за предавање вокабулар.
  • [EMEL1020] [6 ЕКТС] Литература во предавање на англиски јазик
    Во рамките на предметот се истражуваат целта и местото на англиската книжевност во наставната програма по предавањето англиски јазик. Притоа се оценува односот меѓу наставата по јазик и литература, и како литературата може да помогне во остварувањето на целите при изучување јазик. Преку предметот студентите ќе бидат насочени кон оценување различни теории на литература во предавањето англиски јазик, исто така ќе се фокусираат на поширокото прашање за тоа зошто литературата треба да се изучува на еден универзитет, за студентите Ј1 или Ј2.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [E2657] Едукација и забава
    • [E2658] Литературен семинар: Шекспир
    • [MCEL1020] Педагошка граматика
    • [E2659] Интеркултурализам во ЕЛТ
    • [CEL-402] Лексикологија
    • [E2660] Вариетети на англискиот јазик
    • [EEL-305] Пишување на англиски јазик и истражување
    • [EMEL2030] Дискурсна анализа
    • [MCEL2010] Педагошко пишување
    • [EM548] Реторика и јавно говорење

Семестар 4

  • [MCEL4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето на испитите, студентот може да ја започне постапката за поднесување, подготвување и за јавна одбрана на магистерската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на факултетот. По подготвување на конечната верзија на магистерскиот труд, наставно-научниот совет на факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од наставно-научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по настава на англиски јазик.
Google+