Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Германски студии (2022/2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-MDE120C
Академска година: 2024 / 2025
Титула: Магистер по германски студии
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

По завршување на оваа програма студентите стекнуваат титула магистер по германски студии. Оваа програма се фокусира главно на лингвистика, книжевност, култура, методологија на предавањето на германскиот јазик како странски јазик (DaF) на универзитетско ниво, како и на историјата на германското јазично подрачје. Во работата на Одделот се вклучени локални предавачи и предавачи од германско јазичните подрачја, а кои одлично се квалификувани за предавање според модерните методи. Нашиот Оддел игра важна улога не само на државно ниво, туку и на регионално ниво. Во оваа насока вреди да се споменат развојот и модерната апликација на наставните програми како и квалитетот во областа на подготовката на предавачите на германски јазик како странски јазик. 

Дипломираните на оваа студиска програма поседуваат знаења, вештини и компетенции, кои им овозможуваат продолжување на студиите од третиот циклус (докторски студии) или да започнат кариера на современ предавач на германскиот јазик на универзитетско ниво. Освен ова модулите од областа на лингвистиката, книжевноста, дидактиката и културата им овозможуваат да вршат и други дејности во: јавната администрација и маркетингот, дипломатската служба, јавни и приватни институции, или да работат како преведувачи и толкувачи, за зајакнување на македонско-германските односи, во областа на политиката, културата и културното посредување, дејности во областа на новинарството како и на издавачките куќи, во меѓународните претпријатија или пак во туризмот.

Знаење и разбирање
  • Да има знаење и разбирање во германските студии кои вообичаено се наоѓаат над нивото од додипломските студии.
  • Да демонстрира специјализирано знаење на германската лингвистика, литература, култура и цивилизација на земјите во кои се зборува германски.
  • Да има професионално знаење и разбирање на главните трендови во методологијата на поучување на германскиот јазик на основен, среден и висок степен.
  • Да стекнува академско знаење за независна академска работа.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Да ги спроведува своите академски вештини во академски и неакадемски средини што се поврзани со германските студии.
  • Да е во состојба да замисли, да дизајнира, да имплементира и да прилагодува значителни истражувачки проекти со научен интегритет.
  • Да користи академски писмен и говорен германски во различни контексти.
  • Да преведува текстови во областа на правото, економијата, политиката, книжевни текстови итн., од германски на албански или македонски и обратно.
  • Да дизајнира наставна програма и план на час, соодветен за конкретни наставни контексти, на пример, подучување на помладите ученици (под 12 години) или предавање бизнис германски јазик за возрасни.
Способност за проценка
  • Да ги разгледува различните јазични аспекти на германскиот јазик и нивното значење за наставниот процес на германски јазик за говорниците на други јазици.
  • Да направи сложени методолошки анализи во истражувањето и анализи во областа на германски студии.
  • Да донесува одлуки во врска со потенцијалните тешкотии на различните аспекти на германскиот јазик: образување  и време, определени / неопределени членови, идиоматски изрази, предлози и други граматички категории.
  • Да направи сложени методолошки оцени во истражувачки анализи и да направи разлика меѓу различни методи за собирање податоци и за анализа на податоци, поврзани со јазикот и лингвистиката.
Комуникациски вештини
  • Да го артикулираат јасно образовниот процес во контекст на германските јазични студии.
  • Да предаваат различни лингвистички концепти на учениците со различни способности.
  • Да комуницираат на соодветен начин, критички да размислуваат, да внимаваат на комуникацијата и на личниот развој на студентите.
  • Да покажуваат компетентност за комуникација  во училница во однос на управување на училница на основен, среден и висок степен. 
Вештини на учење
  • Да иницира и да извршува независно истражување на високи академски стандарди во областа на германските студии.
  • Да е во состојба сам да ги следи и да ги приспособи наставните методи во согласност со одредени ситуации.
  • Да стекнува сознанија во голема мера на автономен начин во германската лингвистика, литература, култура и цивилизација.

Семестар 1

  • [CM250] [6 ЕКТС] Рецептивна и продуктивна текстуална компетенција I
    Целта на овој предмет е студентите да развијат рецептивната и продуктивна компетентност во усмено и писмено изразување. Проширување и консолидација на морфолошка, синтаксичка, семантичка и стилска компетенција со цел развој на преведувачките вештини. Исто така цел на овој предмет е студентите да ги совладаат јазичните компетенции на ниво Ц1/1.
  • [CM199] [6 ЕКТС] Зборообразувањето на германскиот јазик
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со основните поими на германското зборообразување. Пред сѐ ќе се третираат следниве теми: поим, предмет, задачи и методи. Зборообразувачки теории: местото на зборообразувањето во граматиката, почетоците на зборообразувањето во германскиот јазик, зборообразувачки единици, процеси и видови. Зборообразувачки обрасци на комплексните германски именки, глаголи, придавки и прилози наспроти албанските и македонските; активни и неактивни обрасци, лексиконски и текстуални зборови (оказионализми).
  • [MCGR3010] [6 ЕКТС] Контрастивна лингвистика
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со најважните концепти на контрастивната лингвистика. Со контрастивната лингвистика се изучуваат сличностите и разликите меѓу различни јазици (интерлингвална перспектива) и во еден јазик (интралингвална перспектива; на пр.: аспекти на германскиот јазик во Германија, во Австрија и во Швајцарија). Принципиелно можат да се појават кои и да било јазични парови и карактеристики од сите области на јазичната структура (фонологија, морфологија, синтакса, прагматика, лексикон итн.). Предавањата вклучуваат преглед за различните фази и полиња за истражувањето на контрастивната лингвистика и ова ја поврзува со критичната рефлексија на нејзината улога во јазичната дидактика. Потоа за јазичните парови германски–албански и германски–македонски преку примери ќе се споредуваат најважните фонолошки, морфолошки, синтактички и прагматични структури. Покрај тоа ќе се дискутира за користењето на стекнатите знаења во општата лингвистика, теоријата на изучувањето на јазик и на дидактиката. Преку овој предмет се надополнуваат и се продлабочуваат основните знаења од оваа област.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [EM666] Вовед во методологија и техника на научното пишување
    • [EM667] Современа германска литература
    • [EM668] Изучување на германскиот како странски јазик
    • [EM669] Цивилизација на германското говорно подрачје
    • [EM670] Јазична политика во ЕУ
    • [EM671] Анализа на грешките
    • [MCGR3020] Прагматика
    • [MCGR2010] Социолингвистика
    • [MCGR3011] Теориите на изучувањето на јазиците
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [EM672] Практикум
    • [EM608] Швајцарска и австријска цивилизација
    • [EM571] Анализа на книжевните текстови
    • [EM673] Нова германска ортографија
    • [EM674] Креативно пишување

Семестар 2

  • [CM251] [6 ЕКТС] Рецептивна и продуктивна текстуална компетенција II
    Целта на овој предмете студентите да развијат рецептивната и продуктивна компетентност во усменото и писменото изразување. Проширување и консолидација на морфолошка, синтаксичка, семантичка и стилска компетенција со цел развој на преведувачките вештини. Исто така, цел на овој предмет е совладување на јазичните компетенции на ниво Ц1/2.
  • [CM213] [6 ЕКТС] Историја на германскиот јазик
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со основните поими и текови на Индогерманскиот и Германскиот јазик. Готскиот јазик како претставник на германскиот прајазик. Прво померување на консонантите. Акцент. Вернеров закон. Вокали. Аблаут. Конјугација на глаголите. Поделба на именките. Флексија на придавките. Старо-високо-немски. Одлики (второ померување на консонантите, хармонија на вокалите: примарен умлаут, премин на e во i;. премин на i во e и на u во o и др.). Обработка на песната за Хилдебранд. Средно-високо-немски. Одлики (слабеење на вокалите во ненагласен слог, секундарен умлаут, премин на sk во sch и др.). Обработка на песната за Нибелунзите. Рано-ново-високо- немски. Одлики (дифтонгизација, монофтонгизација, продолжување, скратување, лабијализација, делабијализација, спуштање, подигнување на вокалите итн.). Дејноста на Лутер.
  • [MCGR3012] [6 ЕКТС] Теорија и практика на предавање на германскиот како странски јазик
    Целта на предметот е студентите да се запознаат со најважните концепти и модели на методиката и дидактиката на германскиот како странски јазик на универзитетско ниво. Исто така, ќе се читаат и ќе се дискутираат најактуелните и најважните методолошко-дидактички дебати на денешницата. На крајот на семестарот студентите ќе можат: - Да покажат широко знаење и разбирање за развојот, тековите и за актуелните тенденции на методиката на наставата по германски како странски јазик, односно за корелација и интеграција на содржини од компатибилни наставни предмети: јазик, лингвистика, културологија, литература и други помалку компатибилни наставни содржини. - Да ги применуваат своите знаења и разбирања во нивната дејност или нивната професија како идни наставници по германски јазик и да ги разработат и да ги развијат решенијата на проблемите и аргументите во областа од методика на наставата по германски како странски јазик. - Да собираат, да оценуваат и да интерпретираат релевантни податоци и информации во рамките на оваа област. - Да дискутираат за информации, проблеми и решенија особено од оваа област. - Да ги развиваат вештините за учење кои им се потребни за понатамошно самостојно едуцирање.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [EM666] Вовед во методологија и техника на научното пишување
    • [EM667] Современа германска литература
    • [EM668] Изучување на германскиот како странски јазик
    • [EM669] Цивилизација на германското говорно подрачје
    • [EM670] Јазична политика во ЕУ
    • [EM671] Анализа на грешките
    • [MCGR3020] Прагматика
    • [MCGR2010] Социолингвистика
    • [MCGR3011] Теориите на изучувањето на јазиците
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [EM672] Практикум
    • [EM608] Швајцарска и австријска цивилизација
    • [EM571] Анализа на книжевните текстови
    • [EM673] Нова германска ортографија
    • [EM674] Креативно пишување

Семестар 3

  • [MCGR1011] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научна работа, кои на студентите почетници им создаваат многу тешкотии. Практичните вежби ќе им помогнат во тоа како треба де се однесуваат во библиотека, како да напишат писмена работа, реферати или слично. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување тема, библиографија, правила за цитирање, научни шифри, организирање на работата итн.
  • [MCGR1010] [6 ЕКТС] Теорија на валентност
    Во рамките на овој предмет студентите ќе се запознаат со структурата на германскиот јазик според теоријата на валентноста. Исто така ќе се дискутира за нејзините суштински прашања. Во првиот дел на овој предмет ќе се води разговор околу историјата на теоријата на валентност како и за нацртот за размислувањата околу валентноста опишани во работата на Тесниере и нејзините недостатоци и контрадикторности. Ќе се третираат и следниве теми: валентност, субјект - валентен и депедентен, основни прашања на теоријата на валентност и носителите на валентност. Во вториот дел ќе биде третирано прашањето по разликувањето на актантите и циркумстантите (Ergänzungen und Angaben bzw. Aktanten und Zirkumstanten). Долго време дискусијата околу валентноста се третираше одделно од прашањето, но и по барањето на конкретните критериуми за разграничување на овие два поима, при што постои стремеж, валентноста да не се разбере како дихотомен, туку како постепен феномен. Во третиот дел на предметот ќе се третира прашањето околу моделот на реченици и валентност на другите видови зборови (придавките и особено именките).
  • [MCGR1040] [6 ЕКТС] Класични автори и дела од германско-јазичната литература
    Се очекува широко знаење и разбирање на терминологијата на германската книжевност низ епохите почнувајќи од периодот од XV до XVII век. Се очекува студентите да ги применуваат своите литературни знаење и разбирање во нивната појавa, процеси и дела од периодот од XV до XVII век, да собираат, да оценуваат и да интерпретираат релевантни податоци и информации во рамките на германската книжевност за горенаведениот период. Се очекуваат дискусии за германската книжевност од овој период и работење со конкретни примери од избраните авторски дела, да ги развиваат вештините за учење кои им се релевантни и потребни за понатамошно самостојно едуцирање во областа на германската книжевност од горенаведената област. Овој предмет содржи: читање литература, книжевна анализа, подготвување писмени и усни тези на реферати и дискусија во врска со развојната научна литература за најеминентните автори (со избрани дела), на германската литература, почнувајќи од крајот на германската книжевност на средновековието, па до епохата на класиката на германската книжевност (среден век: Hartman von Auer, Volfram fon Eschenbach, Gottfried von Strassburg, од ренесанса до 18 век: Grifius, Grimmelshausen, Viland, Goethe, Schiller, Heine, Büchner, Kleist, Novalis, Tik, Hoffman, Aeichendorf, Arnim, Brentano, Hajne, Keller, Stifter, Meier, Hebel, Hauptmann; Fontane).
  • [MCGR2040] [6 ЕКТС] Развојни тенденции на современиот германски јазик
    Германскиот јазик е во прогресија. Доколку не би подлежел на промени, би бил мртов јазик. Овој предмет има за цел студентите да се запознаат со најновите тенденциите на германскиот јазик посматрани од различни аспекти. Во прилог по прашањата од областа на јазичните промени ќе се дискутира за стандардите на јазикот. Притоа ќе се дискутираат најбитните промени од областа на морфологијата, синтаксата и германскиот вокабулар. Внимание ќе се посвети исто така на некои избрани теми како на пр. позајмените зборови од англискиот јазик во современиот германски јазик како и актуелната употреба на јазикот во избрани комуникациски области (јазикот во рекламата, јазикот во медиумите). Теоретскиот вовед ќе биде практично демонстриран и потпомаган со реферати.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [EM666] Вовед во методологија и техника на научното пишување
    • [EM667] Современа германска литература
    • [EM668] Изучување на германскиот како странски јазик
    • [EM669] Цивилизација на германското говорно подрачје
    • [EM670] Јазична политика во ЕУ
    • [EM671] Анализа на грешките
    • [MCGR3020] Прагматика
    • [MCGR2010] Социолингвистика
    • [MCGR3011] Теориите на изучувањето на јазиците

Семестар 4

  • [MCGR4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+