Според објавениот конкурс за запишување на студенти во прва година, на факултетите на ЈИЕУ, во академската 2012/2013 година и Одлуката на Советот на Ректорот, одржан на 12.09.2012, Централната комисија за запишување на студенти ја објавува листата на примени студенти во вториот уписен рок по факултети:
Листа на примени кандидати во вториот уписен рок
Поднесување на приговори
Кандидатите кои се пријавени во вториот уписен рок, може да поднесат приговор во рок од 24 часа од денот на објавување на резултатите, до 16:00 часот, 14.09.2012, преку е-маил адресата admissions@seeu.edu.mk.
Забелешка:
а. Кадидатите кои не доставиле целосна документација, тоа може да го направат до 28 септември 2012.
-
Доколку заклучно со 28 септември 2012, во одредени студиски групи не ќе се пријават доволен број студенти, како е предвидено со огласот за нови студенти, тогаш на тие студенти ќе им се овозможи да се префрлат во сличните студиски програми.
-
Советот на Ректорот на УЈИЕ одлучи, студентите кои завршиле средно образование надвор од Република Македонија да бидат примени во овој уписен рок, под услов до 28 септември 2012 да достават конфирмација од Министерството за Образование и Наука на РМ за започната постапка за нострификација на средното образование.
Регистрација на примените кандидати до 14.09.2012.
За повеќе информации контактирајте со Кацеларијата за Прием, зграда 801.
Е-маил: admission@seeu.edu.mk
Тел +389 44 356 091 и +389 44 356 081
Информации за условите и начинот на регистрација
Се информираат сите студенти кои се примени во овој уписен рок на додипломски студии во Универзитетот на ЈИЕ, дека регистрацијата на првата година на студии ќе се изврши до 14.09.2012.
За регистрација, студентите треба да достават уплатница за уплатена школарина за првиот семестар во износ, зависно од студиската програма, според следната шема:
За редовни студии:
Факултет за Бизнис и економија
- Бизнис администрација 55 300 ДЕН
- Бизнис администрација (на англиски) 61 500 ДЕН
- Информациски системи и менаџмент 30 750 ДЕН
Факултет за Современи науки и технологии
- Компјутерски науки 55 300 ДЕН
- Компјутерско инженерство 55 300 ДЕН
- Бизнис информатика 61 500 ДЕН
Правен Факултет 40 000 ДЕН
Факултет за Јавна администрација и политички 40 000 ДЕН
Факултет за Јазици, култури и комуникација 40 000ДЕН
За вонредни студии
- Бизнис и економија 40 000 ДЕН
- Современи науки и технологии 40 000 ДЕН
- Правни студии 27 700 ДЕН
- Јавна администрација и полички науки 27 700 ДЕН
- Јазици, култури и комуникација 27 700 ДЕН
Уплата на семестар
Уплатата на семестар, преку жиро-сметка на Универзитет на ЈИЕ:
Уплата на школарина за прв семестар:
до 14ти сеп. 2012
Уплата во денари:
Примач: Универзитет на ЈИЕ
Банка депонент: Стопанска банка А.Д. Скопје
Бр. на жиро-сметка: 200-0008775390-10
Цел на уплата: школарина за 2012/13
Уплата од страство (во Евра):
Institution name: SEEU Tetovo
Address: Ilindenska bb, 1200 Tetovo/Macedonia
Bank Name: STOPANSKA BANKA
Acc. number (EUR): 0009009090
IBAN: MK07200000900909026
Напомена: Во уплатницата, задолжително внесете го матичниот број!
За дополнителни информации за начинот на плаќање на семестар, (за плаќање на рати или претплата) ве молиме обратете се во Канцеларијата на бурсар, зграда 802.
Е-маил: bursary@seeu.edu.mk
Тел: +389 44 356 049