Јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 октомври 2025 година.
Се повикуваат сите студенти кои ги исполнуваат следните услови да се пријават на јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран оброк
1. Кои се државјани на Република Северна Македонија;
2. Кои се редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во Републиката:
3. Кои немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година.
I. Начин на пријавување Кандидатите треба да се пријават електронски на следниот линк: https://e-uslugi.mon.gov.mk/. При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и потпишани да ги прикачат кон електронската апликација на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ преку која се пријавуваат за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк.
Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на посочениот линк. (https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina )
За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард и тоа на следниот контакт: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.
Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.