Се известуваат апсолвентите на УЈИЕ, кои завршиле со предавања и на кои им останале не повеќе од два неположени испити до дипломирање дека можат да продолжат со магистерските студии според следниве услови:
1. Да пополнат он-лајн апликација(http://apply.seeu.edu.mk/?type=sao02);
2. Да достават документација во Канцеларијата за прием (без уверение за дипломирање);
3. Да ги пријават неположените испити кај советникот за студентите на соодветниот факултет;
4. Да извршат уплата за првиот семестар во износ од 55,350 ден на жиро - сметката на Универзитетот: 200-0008775390-10
Рокот за пријавување е до 26 септември, 2011 година.
Дополнителната испитна сесија за студентите кои ќе се пријават за магистерски студии ќе биде организирана во текот на последната недела на септември.
Напомена
· Доколку студентот не ги положи испитите, уплатениот износ (55,350 ден) целосно ќе им биде вратен;
· Доколку студентот ги положи испитите уплатениот износ се пренесува за плаќање на првиот семестар,без право на враќање;
· По извршената апликација за магистерските студии, студентот со уплатениот износ од 55,350 ден треба да се обрати до советникот на соодветниот факултет за пријавување на неположените испити од додипломските студии.