- Право за апликација за програмата „Работи и студирај“ имаат сите студенти кои во академската 2011/12 година се на редовни студии, но приоритет ќе им се даде на студентите кои ќе докажат дека имаат потреба за финансиска поддршка и ќе демонстрираат вештини за работното место.
- Студентите на кои им се доделени стипендии или финансиска помош од кој и да било фонд во минатата и во оваа академска година немаат право да аплицираат за програмата „Работи и студирај“.
Студентите можат да аплицираат за следниве работни места:
- Библиотека 7. Оддел за ИТ
- Центар за кариера * ИТ-демонстратор
- Бизнис-центар *ИТ-поддршка
- Институт за животна средина * Лаборатории - СНТ
-
Одржување * Дизајнер/Развивач на веб
- Хигиена 8. Алумни на УЈИЕ
- Зеленило 9. Јазичен центар
- Техничко одржување 10. Административен асистент нафакултетите
- Озвучување 11. Административен асистент- Скопје
6. Студентска служба 12.Телефонски оператор
· Ангажманот во оваа програма ќе се изврши според следниве критериуми:
1. Потребата за финансиска помош
2. Способностите за работното место
* Првиот критериум(Потребата за финансиска помош) ќе се утврди од документите кои треба да се достават.
* Вториот критериум (Способноста за работното место) ќе се утврди на интервјуто што ќе се одржи со група пријавени кандидати одделно, после преквалификацијата според првиот критериум.
* Списокотна термините за интервју, за секое работно место ќе се објават по 15 септемвриво административна зграда 802. 02, во Канцеларијата за финансиска помош.
- Формуларите за апликација може да се земат ТУКА, во Универзитетскиот кампус во Скопје и во Канцеларијатаза финансиска помош, административна зграда 802.02 - Тетово каде што треба и да се достават во наведениот рок.
Новите студенти можат да аплицираат од 5.9.2011– 13.9.2011 година
Студентите ќе почнат со работа од 01. 10. 2011година