Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Конечните резултати за мериторните СТИПЕНДИИ

Врз основа на огласот за стипендии за академската година 2011/2012, Комисијата ја објавува конечната листа на добитниците на мериторна СТИПЕНДИЈА НА УЈИЕ.

Врз основа на огласот за стипендии за академската година 2011/2012, Комисијата ја објавува конечната листа на добитниците на мериторна СТИПЕНДИЈА НА УЈИЕ.

Разгледување на жалбите од тестирањето за стипендии

На 5ти септември 2011, Комисијата за стипендии ги разгледаше жалбите/барањата од тестирањето за стипендии, поднесени во одредениот рок за жалби (5 септември 2011, 12.00 часот). Повратна информација кандидатите може да најдат во нивните лични емаил адреси.

Конечните резултати за мериторните СТИПЕНДИИ (SEEU MBS), 6 септември 2011

Распределба на мериторните стипендии

Рангирањето на кандидатите е извршено според предходно одредените услови за мериторни стипении на УЈИЕ:

1) Успехот од средно образование, оценките од четрите години 20%

2) Резултатите од тестирањето за стипендија 80%

Во конкуренција за мериторна стипендија се влезени кандидатите кои од двете горенаведени компоненти постигнале минимум 70 од можните 100 поени.

Распределбата на стипендиите е направено врз основа на објавениот конкурс за академската 2011/12 година. Висината на годишната стипендија според Студиската програма е одредена од освоените поени.

На датум 7 септември и 12 септември, студентите добитници на мериторна стипендија треба да го потврдат стипендијата во Канцеларијата за финансиска помош, зграда 802.

Студентите кои нема да се јават во одредените денови (7 и 12 септември, 2011) ќе се сметат дека се откажуват од мериторната стипендија.

Забелешка Студентите, добитници на мериторна стипендија на УЈИЕ, за упис треба да ја уплатат разликата за првиот семестар.

За дополнителни информации, кандидатите може да се обратат во Канцеларијата за финансиска помош.

Известување за кандидатите, апликанти на стипендија според финансиска потреба, фонд на HESP:

- Примените студенти треба да го запишат првиот семестар во одредениот рок, со уплата на 50% од износот предвиден за првиот семестар.

- Апликантите на овој фонд на стипендии писмено ќе бидат известени за исходот на нивните апликации најдоцна до 30 септември 2011, по одржување на состанокот на Комисијата за стипендии со представници на донаторите од HESP.

За дополнителни информации обратете се во Канцеларијата за финансиска помош, зграда 802.

Е-маил: financialaid@seeu.edu.mk

Тел.: +389 44 356 044

Google+