Оваа платформа е значаен чекор кон дигиталната трансформација и интеграцијата на вештачката интелигенција во високото образование, со што се потврдува посветеноста на УЈИЕ кон иновациите и технолошкиот развој.
Платформата AI@SEEU е уникатно решение за вештачка интелигенција, развиено од самиот Универзитет на Југоисточна Европа. Со овој иновативен проект, УЈИЕ станува првиот универзитет во државата и во регионот кој промовира и имплементира сопствена платформа за вештачка интелигенција за академска и за административна употреба.
На отворањето на настанот беше истакната важноста од користењето на вештачката интелигенција во академските и во административните процеси, како и потребата од создавање современи решенија што придонесуваат за унапредување на квалитетот на високото образование.
Раководителката на работната група и советничка за академско планирање и дигитализација на УЈИЕ, проф. д-р Флорије Исмаили, зборуваше за институционалната визија во областа на дигитализацијата и за стратешкото значење на платформата AI@SEEU.
Во продолжение, работниот тим ги презентираше главните функционалности на платформата, начинот на користење и потенцијалот за нејзина интеграција во наставните и во административните процеси, како и плановите за нејзин понатамошен развој.
Посебна благодарност беше упатена до студентите Рон Исмаили, Артир Дауди, Али Салихи, Фехми Хавзиу и Нарди Етеми за нивниот придонес и ангажман во развојот и во презентацијата на платформата.
Со овој проект, УЈИЕ го потврдува својот статус на иновативен универзитет и лидер во регионов во областа на дигиталната трансформација.
